Методи Ризов
Методи Ризов (роден во Плоски, Пиринска Македонија, Бугарија — ?) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Методи Ризов | ||
Роден | Плоски, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Животопис
уредиВерен јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров и секретар на месната партиска организација. За време на блокадата Ризов, како „верен“ на власта, заедно со милицијата заминува да определат каде да се постават полициските пунктови. Тој своевремено ги предупредил браќата Руичеви, од каде можат да побегнат. Бидејќи им помогнал во нивното бегство тој бил осуден на петнаесет години строг темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене), тој одлежал повеќе од осум и пол години. [1]