Јозеф Вроњски
Јозеф Хоене-Вроњски (полски: Józef Hoene-Wroński; Волштин, 23 август 1778 — Неја на Сена, 9 август 1853) бил полски филозоф, математичар, физичар, правник и економист. Во математиката е познат по детерминанта наречем Вроњскијан.
Детство и младост
уредиРоден е како Јосеф Хоене на 23 август во Волштин во Полска. Неговите родители водат потекло од Чешка, а потоа тие се преселиле во Полска. Татко му бил градски архитект во Познањ. Јозеф се образувал во Познањ и Варшава. Во текот на 1794 година учествувал во востанието на Кошчушков како артилериски офицер. По заробувањето служел во руската војска до 1797 година, кога го ослободиле од служба.
Во текот на воената служба бил унапреден како потполковник. До тогаш татко му умрел и му оставил доволно пари за да студира Филозофија во Германија до 1800 година на бројни универзитети. Во текот на 1800 година тој станал француски државјанин, кога стапил во полската легија во Марсеј.
Научни истражувања
уредиВо Франција почнал да се занимава со научна работа учествувајќи во работата на Опсерваторијата во Марсеј. Почнал да се занимава со теоријата за постанување на вселената. Во текот на 1810 година се преселил во Париз, каде почнал да го користи презимето Вроњски. За време на својот живот објавил преку 100 дела, а уште повеќе оставил во ракопис, необјавени. Тој си поставил многу високи цели во науката. Направил целосни реформи во филозофијата, математиката, астрономијата, историјата, правото, музиката, психологијата и педагогијата.
Контроверзнa теоријa
уредиДодека бил во Марсеј, тој се занимавал со сложената теорија за потеклото на универзумот. Во тоа време тој се допишувал со сите научници и математичари во тоа време. Во текот на 1810 ги објавил резултатите од свето истражување во едена исклучително дебела книга, во која се залагал за нови основи на науката и математиката. Неговите теории биле особено за Питагора, односно се во вселената се нишало на броеви и нивните својства. Меѓутоа неговите идеи биле слабо прифатени од неговите современици, отфрлајќи ги неговите теории за вселената. Меѓутоа, бидејќи тој одвреме-навреме се допишувал со најважните математичари, неговата теорија добиле многу повеќе внимание од вообичаеното. Луј Лагранж се занимава со анализата на неговата теорија, која потоа ја критикувал. Поради сите овие контроверзи, Вроњски бил принуден да ја напушти опсерваторијата.
Неуспешно истражување
уредиПо напуштањето на опсерваторијата почнал да ја применува филозофијата во математиката. Во текот на 1812 година објавил работа за да докаже дека секоја равенка има алгебарско решение, кое било спротивно од резултатот, до кое во тоа време дошол Паоло Руфини. Покажал дека Руфин бил во право. Потоа се посветил на разни главно неуспешни истражувања. Го развил фантастичниот дизаин на возилата, со намера да го замени железничкиот транспорт. Меѓутоа никогаш не не успеал да ги увери дека тоа е вредна инвестиција. Во текот на 1819 година отишол во Англија каде неуспешно се обидела да добие пари потрбни за изградба на уред за одредување на географската должина. Тој неколку години останал во Англија.
Питагорови идеи и влијание врз окултизмот
уредиВо Лондон во 1821 година ја објавил книгата по математика, која му ја поправила финансиската положба. Враќајќи се во Франција продолжил да се занимава со комбинирање на математиката и фантастичните идеи. Според питагоровата опсесија многу време бил посветен на работата на неколку залудни настојувања, настојувајќи да изгради мобилни перпетум, да го реши квадратот на кругот или да ја предвиди иднината. Во текот на 1852 година окултистот Елифас Леви го сретнал Вроњски. Леви бил воодушевен од идеите на Вроњски, кои имале големо вријание на неговата работа. Вроњски умрел во 1853 година во Неи Сир Сен во предградието на Париз.
Математички успеси
уредиИако во текот на целиот живот целата негова работа била отфрлана како бесмислена, подоцна било забележано дека некои од неговите дела имаа смисла. Неговата најважна работа била во редовите. Ја критикувал Лангражовата работа за бесконечните редови. Иако главно неговата критика за ландражовата работа била неоснована сепак тој работел на својте внесувања на кофициентите, кои станале познати. Развил функција во редовите на Вроњски, а коефициентите во редовите што ги развил Вроњски се познати по неговата смрт. Станува збор за детерминанти денес познати како Вроњани.