Јован Ранковиќ, (Белград, 12. VII 1902- 3.XI 1992) е еден од позначајните македонски градители, кој заедно со Драган Томовски, Славко Брезовски, Душан Пецовски, Љубомир Томиќ, Ристо Шеќерински, Славко Леви, Александар Жупан, како и некои други, е претставник на втората градителска етапа на територијата на Македонија, која го опфаќа периодот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година со кој ќе се соочи главниот град.

Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград во 1927 година.

По дипломирањето се вработил во Министерството за градежништво во Белград, каде што работел сѐ до 1947 година, а потоа преминал во Сојузниот завод за проектирање како раководител на одделот за архитектура.

Додека работел во министерството за градежништво, ги проектирал следниве објекти:

Пред почетокот на Втората светска војна, во периодот меѓу 1930 и 1937 година, активно учествувал на 6 архитектонски конкурси на кои освоил први и втори награди, а по ослободувањето во 1948/49 година ги освоил првите награди на три конкурси. Во 1952 година се преселил во Скопје, каде што бил избран за вонреден професор на предметот Проектирање на станбени и угостителски објекти на Архитектонскиот отсек при техничкиот факултет, каде што како редовен професор, работниот стаж му завршил во 1975 година. По пензионирањето се преселил во Белград. Како пензионер бил ангажиран во наставата, како хонорарен наставник на градежниот факултет во Ниш. По доаѓањето во Скопје покрај својата наставно- образовна дејност, активно работел и на проектирање. Учествувал во комисии за ревизија на проекти и оценување на конкурсни трудови. Повеќе години бил член на испитната комисија за полагање на државни испити, како и член на Советот за урбанизам на Скопје.

На научно поле ја проучувал историјата на Скопје од архитектонски аспект. За таа цел собрал голем број фотографии од старо Скопје со исклучителна историска вредност.

Публикувал 2 научни теми:

  • 1966: Изградба на Скопје во XX век, I дел од 1900 до 1920 година;
  • 1967: Скопје- од турскиот театар до универзалната сала.

Негови позначајни објекти се:

Негови печатени трудови се:

  • 1965: Скопскиот народен театар во Зборникот на Архитектонско- градежниот факултет;
  • 1969: Станбени згради (учебник);
  • 1973 Станбени кули (книга).

За своите архитектонски дела добил повеќе признанија.[1]

Наводи

уреди
  1. Константиновски, Георги (2001). Градителите во Македонија XVIII-XX век. Скопје: Табернакул. стр. 194–195.