Љубомир Томиќ, (Скопје, 7. II 1922- Скопје, 30. VI 2015) е еден од водечките македонски архитекти. Дипломирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Загреб, во 1951 година, на тема Фабрика за медицински учила кај професорот Стјепан Гомбош.

По дипломирањето (1952), бил избран за асистент по предметот Градежни конструкции на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје. Летото 1953 година, работел во архитектонското биро „ План“ во Загреб, кај професорот Стјепан Гомбош. Во 1957 година бил на специјализација во Париз, а во 1963/64 година престојувал десет месеци во САД и кратко во Лондон и Ротердам.

Како добар познавач на архитектонскиот детаљ и конструкции, водел стручен надзор на изведбата на повеќе објекти. Забележителна е неговата дејност на научно и публицистичко ниво. Во 1958/59 година го изработил хабилитациониот труд Посовремен, побрз и поекономичен начин на градење станбени објекти со осврт на постигнатите резултати во Франција и реалните можности кај нас, како и трудот изработен во 1965 година, насловен како Компаративна анализа на станбеното живеење во САД, Англија, Франција и Холандија со осврт на реалните можности за преориентација на станбената политика кај нас. Во 1983 година, заедно со група автори, ја публикувале книгата Еркери и огради во архитектурата, а во 1987 година книгата Инженериски конструкции во архитектурата.

Учествувал во изготвувањето на стручен терминолошки речник. Публикувал повеќе научни статии во Зборникот на Архитектонскиот факултет (1977- 1987) и бил негов одговорен уредник во периодот од 1984/85 година. Како редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, работниот стаж му завршил во 1987 година.

За својот голем придонес на полето на архитектонското творештво добил повеќе општествени награди и признанија. Неговото творештво било претежно насочено кон архитектонското проектирање, публицистичката, наставно- научната и педагошката дејност.

Негови позначајни проекти се:

Учествувал и на повеќе анонимни и јавни архитектонски конкурси на кои освоил неколку први награди за објектите:

  • 1953- Домот за стари лица, Скопје ( со арх. М. Несторова- Томиќ);
  • 1960- Комплексот на Техничкиот факултет, Скопје (постоечка локација);
  • 1970- Студентскиот дом, Скопје;
  • 1982- Архитектонскиот факултет во комплексот на техничките факултети, Скопје (со соработници од Катедрата за архитектонски конструкции).

Се јавува како раководител во изработката на наулните теми:

  • 1979- Научно истражување на рационалната станбена изградба во СР. Македонија како сложен економско-технички проблем и предлози за негово решавање ( тимска работа);
  • 1985- Студија за примената на мермерот во архитектурата ( со арх. Д. Пљаковски и М. Стоилова);
  • 1988- Валоризација, можности и предлог решенија за искористување на рамни тераси и покриви за добивање на тавански станбен простор (со група соработници);
  • 1990- Анализа и вреднување на општествено- економските, архитектонско- урбанистичките и техничките аспекти на семејната индивидуална станбена изградба во СРМ, реализирана во последните 30-тина години (тимска работа).[1]

Наводи

уреди
  1. Константиновски, Георги (2001). Македонски градители XVIII-XX век. Скопје: Табернакул. стр. 204–205.