Јован Попоски - Јове
Јован Попоски (20 јануари 1949, во Прилеп) — македонски алпинист, планинар и машински инженер, познат како водач на Македонските Алпинистички Експедиции. Живее во Скопје.
Јован Попоски | ||
Роден | 20 јануари 1949 Прилеп |
---|
Планинарство
уредиВо планинарска организација членува уште од 1960 годна. Учествувал во изградба на планинарски домови, трасирање и маркирање на планинарски патеки, поминл курсеви за водач во планина и подоцна учествувал и како инструктор на истите.Еден е од реализаотирите на големиот сојузен слет на Водно во 1965 година, каде учествувале над 1200 планинари пионери од целата Југославија. Активно учествува во промотивното поставвање на планинарските трансферзали: Скопје-Охрид, Скопје-Крушево, Скопје-Прилеп и познатата зимска трансферзала Љуботен - Титов Врв. Член е на Планинарската Спасителна служба на Македонија уште од самото нејзино формирање и е носител на спасителна значка со реден број 15. Како спасител учествувал во многу планинарски спасувачки акции, како и повеќе акции заедно со специјалните единици на Армијата и Полицијата. Во Повеќе наврати бил член на претседателството на Планинарскиот сојуз на Македонија (ПСМ).
Алпинизам
уредиСо алпинизам започнал дасе занимава во 1964 година, а инструктор му бил еден од основоположниците на македонскиот алпинизам, Јован Ангелов - Циго, кога со него ја искачуваат „Отмаровата насока“ на Матка (посветена на Отмар Худомаљ). Истата година, на само 15 години е претставник на сојузниот алпинистички табор на северната стена на Триглав, заедно со Јован Ангелов - Циго и Владимир Андреевски - Пајо, со кои ги искачува насоките: „Долга Немшка“, „Скалашка“, „Цимерјанка“, „Баварска“, „Скалашка-Горењска“. Во рамките на таборот заедно со Владимир Андреевски спасуваат алпинисти од Чехословачка и добиваат пофалби од водачот на таборот, Јожа Чоп. На 7. VII 1976 година Јован Попоски и Иво Ивчевски прават искачување на насоката „Чопов Стебер“ на Северната Триглавска Стена, Јулиски Алпи, Словенија. Учествува а во повеќето случаи бил и водач на повеќе алпинистички табори во Македонија, Југославија и низ светот. Бил организатор, инструктор и водач на десетици алпинистички курсеви, школи и обуки. Исто така бил и началник на комисијата за алпинизам при ПСМ во повеќе наврати, на подoлг период. Во 1981 година е учесник од Македонија на Југословенската Алпинистичка Експедиција на Јужната стена на Лотце (8150 м.н.в..) каде биле 28 алпинисти Филип Бенце, Јанез Бенкович, Борут Бергант, Стипе Божиќ, Славко Франтар, Виктор Грошељ, Франчек Кнез, Иван Котник, Рајко Ковач, Марјан Крегар, Maрjaн Maнфрeдa, Петер Маркич, Вања Матијевец, Жељко Перко, Павел Подгорник, Петер Подгорник, Јован Попоски, Андреј Штремфељ, Марко Штремфељ, Миро Шуштерич, Изток Томазин, Јернеј Заплотник, Матија Хорват (лекар), Јанез Мајдич (радиоврски), Иван Скумавц (готвач), Петар Антонијевиќ (новинар), Мирослав Станковиќ (снимател). Јован Попоски и началник на комисијата за експедиции при ПСМ, и бил иницијатор и еден од предлагачите на програмата за Македонските алпинистички – хималајски експедиции (МАХЕ), со кои во циклус од 1981 до 1989 година крајната цел е да се искачи Монт Еверест (8848 м.н.в..). Бил и заменик претседател на Комитетот за македонски алпинистички хималајски експедиции, одговорен за алпинистичкиот дел од активностите на Комитетот, како и водач на подготовките, инструктор-тренер и селектор на алпинистичките тимови за сите четири МАХЕ. Во рамките на МАХЕ бил водач и качувач на сите четири експедиции од циклусот МАХЕ (1982-1989): Уаскаран (6878 м.н.в..) во рамките на Македонската Алпинистичка Eкспедиција „Анди '82“ на Андите во 1982 година, Пик-Комунизам (7495 м.н.в..) на Памир во 1984 година, во рамките на Македонска Алпинистичка Експедиција „Памир '84“, Манаслу (8163 м.н.в..) Македонска Алпинистичка Хималајска Eкспедиција „Манаслу '86“ на Хималаите во 1986 год и МАХЕ Мoнт Еверест (8848 м.н.в..) во 1989 година. Како претставник на Македонија на светската конференција на алпинистите, наречена „Everest day”, што се одржала во мај 1997 год во Катманду, Непал, даде значаен придонес во работата на истата, па од 1996 до 1998 се обидуваше да организира Македонско-непалска експедиција со цел да се најде телото на Димитар Илиевски – „Мурато“, но Непал не даде дозвола за оваа експедиција. Во 2005 година во близина на Монт Еверест организира изградба на споменик во чест и спомен на македонскиот алпинистички великан, алпинистот Димитар Илиевски – Мурато.
Признанија
уредиЈован Попоски има добиено повеќе признанија од Планинрските сојузи на Македонија и Југославија за достигнувања во алпинизмот, а прогласуван е за спортист на Скопје (поединечно) и спортист на Македонија (екипно) за резултати во алпинизмот. Исто така, носител на државна награда „11 Ноември“ за резултати во спортот (во алпинизмот).
Друго
уредиВо младоста малку тренирал атлетика, пливање и фудбал, а рекреативно се има бавено и со скијање, параглајдерство, планински велосипедизам. Негово хоби е фотографијата и печуркарството.