Јован Ангелов - Циго

Јован Ангелов - Циго (23 септември 1942, во Скопје - 1995, во Скопје) — македонски алпинист, планинар, инструктор по алпинизам, познат како ментор и инструктор за планинарство и алпинизам на повеќе генерации Македонските алпинисти, еден од основоположниците на Македонскиот алпинизам. Има реализирано голем број на алпинистички искачувања како во земјата, така и во странство.

Јован Ангелов - Циго
Роден 23 септември 1942
Скопје, Македонија
Починал 1995
Скопје, Македонија

На 6 август 1964 година, заедно со Силвијо Вершо од Риека ја имаат искачено насоката „Чопов Стебер“ на Северната Триглавска Стена, Јулиски Алпи, Словенија.[1]

Во 1974 година во македониај сужбено престојувам Вања Матијевец, алпинист од Словенија, и заедно со Јован Ангелов качувале на Матка на „Жежов Централен смер“.[2]

На Матка, на Отмаровата карпа, постои насока посветена во чест на Јован Ангелов која е за првпат искачена од неговите пријатели и ученици алпинисти, насоката се вика „Циго“.

Во 2005, постхумно добива спомен-плакета од страна на Советот на Општина Кисела Вода, Скопје.[3][4]

Наводи

уреди