Јован Цветковски, познат како Јован Долгач бил србомански војвода на Српскиот комитет на четничката акција во Западна Македонија.

Јован Долгач
Роден 1860
Кошино, Македонија
Починал 1915
Кошино, Македонија

Животопис

уреди

Долгач е роден во селото Кошино, Прилепско. Како млади со својот брат Змејко криунчареле оружје, а потоа влегле во ВМРО со цел да се борат против Турците и албанските качаци.

До 1904 тој бил член на ВМРО. Влегол во Српскиот комитет на четничката акција затоа што злоупотребил голема сума пари на ВМРО.[1]

Во 1906 година го убил сопствениот брат Змејко Долгач, војвода на Македонската револуционерна организација, бидејќи не сакал да премине на српска страна [2].

Учествувал во борбите кај Мукоса во 1905 и Крапа во 1906.

Во 1905 година по долги натегања го убил војводата Максим Костов.[3]. Учествувал во Балканските војни, но српските власти го уапсиле бидејќи се обидел да убие еден Бошњак, кој го сметал за Турчин [4].

Во текот на Првата светска војна во есента 1915 година во родното село бил заробен од чета на ВМРО и бил ликвидиран заедно со целото жандармериско одделение [5]

Наводи

уреди
  1. Киров-Мајски, Никола (1935). Крушово и борбите му за свобода. Софија. стр. 35.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 51.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 83.
  4. „Биография на Йован Долгач“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.
  5. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 146.

Други наводи: http://www.srpsko-nasledje.rs/sr-c/1998/12/article-11.html Архивирано на 6 ноември 2015 г.