Јована Стојилковиќ

Јована Стојилковиќ (Белград, 19 март 1992) е српска глумица.[1] Од второ одделение во основно одела во училиштето за глума на Ненад Ненадовиќ, а во трета година од средно ја добила својата прва улога во филмот Клип. Дипломирала глума на Факултетот по драмски уметности во Белград, во класата на професорот Драган Петровиќ.

Јована Стојиљковиќ
Родена 19 март 1992(1992-03-19)(32 г.)
Белград, СФРЈ СФР Југославија
Занимање глумица

Наградена е за улогата Маја во филмот Панама, за најдобра женска улога на Нишките филмски фестували Царица Теодора, фестивалот во Нови Сад и филмскиот фестивал „Лајф“ во Лесковац. Исто така, Јована е наградена за улогата Дуња во краткиот филм Град и најдобра женска улога на  Филмскиот фестивал во Сараево. Тука е и Башта фест и Студентскиот фестивал во Илиноис (САД). Исто така има освоено награда на фестивалите на Факултетот по драмски уметности, Мата Милошевиќ и Бранивоје Ѓорѓевиќ. Ја игра главната женска улога во филмот Јужен ветар на Милош Аврамовиќ.

Театар

уреди

Јована од јануари 2016 година е постојан член на театарот Атеље 212. Исто така, глуми и во театарот Бошко Буха, Звездара театар и Југословенскиот драмски театар.

Филмографија

уреди
Филмографија на глумицата Јована Стојилковиќ
Година Име Улога
2000-е
2002. Млад позиционер Сања
2010-е
2012. Клип Тања
2014. Кога љубовта ќе задоцни Татјана
2014. Самец во бракот Татјана
2014. Сама Ана
2014. Ноќва срцето ми пати Ива
2014. Ја бранев Млада Босна Јелена
2015. Ја бранев Млада Босна (ТВ серија) Јелена
2015. Ќе бидеме прваци на светот Ксенија
2015. Панама Маја Јовановиќ
2015. Чизмаши Драгиња
2016. Град Дуња
2016. Прваци на светот Ксенија
2016. Sarajevo Songs of Woe
2016. Една ноќ Софија
2016. Тато Азра
2016—2017. Сомнителни лица Маја
2017. Мојата ќерка недостасува Лаура
2017. Сенки над Балканот Бојана
2018. Шавови
2018. Јужни ветар Софија
2018. Утрото ќе промени се Анџела

Наводи

уреди
  1. „Jovana Stojiljkovic“. Посетено на 28 јануари 2018.