Јована Пајиќ (Белград, 13 јануари 1989) е српска поп-фолк пејачка[1] која станала позната во 2000-тите откако влегла во финалето на натпреварот Ѕвездите на Гранд (во 2005 година). Таа е член на српскиот женски бенд наречен Министарке, од ноември 2018 година.

Биографија уреди

Таа е родена на 13 јануари 1989 година во Белград. Завршила Техничко училиште и студирала Психологија на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.[2] [3]

Музичка кариера уреди

Во 2005 година се пријавила на регионалниот музички натпревар - Ѕвездите на Гранд. Таа се пласира во финалето и завршила на петтото место.[2] [3]

Таа го снимила дуетот Југич во 2008 година со пејачот Бојан Томовиќ.[2]

Во 2009 година ја објавила песната Тоа го сакав.[2] Следната година се објавени песните Лутка и Ако се грижиш (дует со Мирко Гавриќ). Во 2011 година, таа ги објавила песните Ќе заплачам, Наша Љубов и BMW. Потоа следува дуетот Носталгија со Зоран Павиќ. Во 2013 година ја објави песната Не барај тага.[2]

Од ноември 2018 година, таа е членка на српската женска група наречена Министарке (основана во 2013 година), како нивна осма пејачка. На 5 март 2019 година, Министарке ја објавиле песната Сакај ме со Пајиќ како вокалистка и Лапсус бенд (вокалист Емир Аличковиќ).[4]

Друго уреди

Во 2010 година таа учествувала во реалното шоу Фарма. Таа го освоила петтото место.[2]

Приватен живот уреди

Од 2010 година е во врска со Александар Цветковиќ, кој пее за Тропико бенд. Некои медиуми пишувале и дека таа паралелно била во врска со пилотот Миле Матовиќ; Пајиќ го негирала тоа.[2] Со Цветковиќ се вери на почетокот на 2012 година, а се венчаа на 27 ноември 2012 година. Истата година ја добиле ќерката Хелена; во април 2016 година ја добиле ќерката Џина. Во декември 2021 година се развеле.[2]


Дискографија уреди

Песни уреди

  • Југич (со Бојан Томовиќ ; 2008)
  • Тако хтела сам (2009)
  • Лутке (2010)
  • Ако ти је стало (со Мирко Гавриќ ; 2010)
  • Заплачем ли(2011)
  • Наша љубав (2011)
  • BMW (2011)
  • Носталгија (2011)
  • Не тражи другу (2013)
Како вокалот на Министарке

Наводи уреди

  1. „Jovana Pajić“. Discogs. Посетено на 18. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Jovana Pajić, biografija“. www.biografija.org. Посетено на 18. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 JovanaPajicOfficial (18. 3. 2019). „JovanaPajicOfficial – About“. YouTube. Посетено на 18. 3. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. MINISTARKE x LAPSUS BAND - VOLI ME (OFFICIAL VIDEO 2019). 5. 3. 2019. https://www.youtube.com/watch?v=KbWeD6DIgdc. Retrieved 18. 3. 2019. 

Надворешни врски уреди