Јоаникиев мост

мост во Серско, Егејска Македонија

Јоаникиев мост (грчки: Γεφύρι Της Ιεράς Μονής Τιμίου Προδρόμου) — стар камен мост во Серско, Егејска Македонија. Се наоѓа југозападно од Серскиот манастир („Св. Јован Претеча“), под т.н. „Куќа на Емануил Папас“, на стариот калдрмисан пат кој води до главната манастирска порта. Мостот е направен од камен и има еден лак. Според зачуваниот натпис на камена плоча, изграден е во 1835 г. од монахот Јоаникиј од Броди (Горно или Долно Броди):[1]

Јоаникиев мост
Γεφύρι Της Ιεράς Μονής Τιμίου Προδρόμου
Координати41°8′10.4″N 23°37′6″E / 41.136222° СГШ; 23.61833° ИГД / 41.136222; 23.61833
ПреминуваЈанина
МестоСерски манастир, Серско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина6 м
Ширина2,8 м
Висина3 м
Најдолг распон2,55 м
Распони1
Историја
Завршен1835
Местоположба
Карта
ΕΡΓΟΝ ΚΑΙ ΔΑΠΑΝΗ ΤΟΥ ΓΕΡΩ ΙΩΑΝΝΙΚΙΟΥ ΜΟΝΑΧΟΥ ΒΡΟΝΤΙΝΟΥ 1835[1]

Работа и средства на Старецот Јоаникиј монах Броѓанец 1835

Во 1991 г. е прогласен за споменик на културата.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Γεφύρι Δίπλα Στην Κεντρική Πύλη Της Ιεράς Μονής Τιμίου Προδρόμου“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 6 јули 2018.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/30571/622/6-8-1991 - ΦΕΚ 743/Β/17-9-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-03-13. Посетено на 13 март 2022.