Јанко Цаца
Јанко Цаца (роден во 1881 во Битола - починал во 1968 во Скопје) — македонски правник и адвокат.
Јанко Цаца | ||
Роден | 1881 Битола, Битолски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1968 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 86–87)|
Роднини | Ѓорѓи Цаца, Маргарита Цаца Николовска |
Животопис
уредиЈанко Цаца е роден во 1881 година во Битола, каде завршил и гимназија. Дипломирал на Правниот факултет во Атина околу 1903 година.
Со адвокатура почнал да се занимава уште од 1911 година, отворајќи своја канцеларија во Битола. Како адвокат, Цаца одржувал контакти и застапувал многу странки од Солун, Софија и Атина, користејќи го одличното познавање на грчкиот јазик. Во Битола работел до 1939 година кога се преселил во Прилеп каде ја наследил адвокатската канцеларија на неговиот роднина адвокатот Атанас Таче Тасиќ. Во периодот од 1941 до 1944 година, Цаца работел како адвокат во Прилеп и таквата положба ја искористил да се ангажира во револуционерните организации во Прилеп и Крушево, како еден од организаторите на културните активности и подготвувањето на дописи за анимирање на населението во борбата за ослободување.
Во 1945 година, Јанко Цаца е еден од првите повоени македонски адвокати кој се запишал во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Македонија со седиште на адвокатската канцеларија во Прилеп, каде работел до 1950 година.
Починал во Скопје во 1968 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Адвокатурата и адвокатите во Битола“ - Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.