Маргарита Цаца Николовска
Маргарита Цаца Николовска е родена на 28 ноември 1950 година во Скопје.
Маргарита Цаца Николовска | ||
Родена | 28 ноември 1950 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Татко | Ѓорѓи Цаца | |
Роднини | Јанко Цаца |
Основно образование завршила во ОУ „Коле Неделковски“, а гимназија во „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, како најдобар студент во генерација, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје. За судија во Окружниот суд во Скопје е именувана во 1978 година, а од 1987 г. е судија во Регионалниот суд во Скопје (подоцна преименуван во Апелационен суд), каде што работи претежно на граѓански случаи. Од 1997 до 1998 е судија во Врховен суд на Република Македонија (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи. Во 1998 г. беше избрана за прв македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција и таа функција ја извршуваше до 2008 г. Во 2011 г. е избрана за судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, а во 2015 е назначена за потпретседател на судот.
Маргарита Цаца Николовска е член на основачкиот одбор на Македонското Здружение на судии и претседател на неговиот комитетот за меѓународни односи. Во периодот од 1995 до 2006 е претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии.
Во 1994 г. била претседател на Комисијата за парламентарни избори.
Маргарита Цаца Николовска е еден од основачите на Институтот за човекови права и негов претседател.
Од страна на Американскиот биографски институт од Ралеи, САД е избрана за жена на годината за 2000 година.
Ќерка е на поранешниот уставен судија Ѓорѓи Цаца, а внука на истакнатиот адвокат Јанко Цаца.
Научни трудови
уредиМаргарита Цаца Николовска е автор на следните научни трудови:
- Право на камата низ призмата на судската пракса (1989)
- Распаѓање на брак (1994)
- Нелојална конкуренција, права од индустриска сопственост и судска заштита (1995)
- Заложување на права од индустриска сопственост (1996)
- Член 10 од Европската конвенција за човекови права – генерални одредби и пракса (2001)
- Правото на слобода на изразување во корелација со правото на приватност (2002)
- Македонските предмети пред Европскиот суд за човекови права (2003)
- Принципи на толкување на Конвенцијата за човековите права и слободи во реализирање на Уставната заштита (2004)
- Заштита наспроти дискриминција во врска со член 14 од Европската конвенција за човековите права (2005)
- Европската конвенција за човекови права – меѓународни и домашни правни акти за заштита на човековите права и слободи (2009)
- Водич за правилна примена на мерката притвор (2009)
- Дискриминација на Ромите во процесот на образование – меѓународни и домашни стандарди и пракси (Институт за човекови права, 2010)
- Право на слобода на мисла и изразување и слобода за мирен собир и здружување – Меѓународни и домашни стандрди и практики (2010)
- Преглед на правните лекови во Македонија низ призмата на делотворна заштита на правата и слободите на граѓаните (Институт за човекови права, 2011)
- Анализа на Законот за спречување и заштита од дискриминација (Институт за човекови права, 2012)
- Анализа за одредбите на Законот за граѓанска одговорност на клевета и навреда (Институт за човекови права, 2012)
- Анализа за независноста на судството во Република Македонија –перцепција, потешкотии и предизвици (Институт за човекови права, 2013)
- Анализа за независните комисиии и регулаторни тела –законска поставеност и практично функционирање (Институт за човекови права, 2014)
- Анализа на недостатоците во Законот за спречување и заштита од дискриминација (Институт за човекови права, 2014)
- Анализа на домашните правни лекови во постапките при избор, разрешување и изрекување на дисциплински мерки на македонските судии (Институт за човекови права, 2014)
- Анализа за независноста на Судскиот Совет на Република Македонија – стремеж и предизвици (Институт за човекови права, 2015)
- Човековите права во процесот на лустрација (Институт за човекови права, 2016)