Јамзаполско примирје

Јамзаполско примирје или Јамзаполски договор ― примирје потпишано на 15 јануари 1582 година помеѓу Полско-литванската Државна Заедница и Руското Царство, бил еден од договорите што ставиле крај на Ливонската војна.[1] Следел по успешната Ливонска кампања на Иштван Батори, која кулминирала со Опсадата на Псков.

Иштфан Батори во близина на Псков. Слика од Јан Матејко, 1872 година.
Јамзаполското примирје, портокаловата означува територии обновени од Полско-литванската Државна Заедница

Примирјето било склучено со помош на папскиот легат Антонјо Посевино и било потпишано за Полско-литванската Државна Заедница од страна на кралот на Полска и великиот војвода на Литванија, Иштван Батори и за Русија од царот Иван Грозни, и било воспоставено десетгодишно примирје.

Во условите на договорот, Русија се откажала од своите претензии кон Ливонија и Полоцк, но не ги признала основните руски територии бидејќи Батори ги вратил териториите што неговите војски ги окупирале (особено, тој се откажа од Опсадата на Псков и го напуштил градот Великије Луки. Примирјето било продолжено за дваесет години во 1600 година, кога дипломатската мисија во Москва, предводена од Лев Сапиеха ги завршил преговорите со царот Борис Годунов. Примирјето било прекинато кога Полјаците ја нападнале Московија во 1605 година.

Еден од главните преговарачи на полската страна бил Кшиштоф Варшевицки.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Baliulis, Algirdas. Lietuvos Didžiosios Kunigaikštystės ir Maskvos valstybės diplomatiniai santykiai XVI a. pabaigoje (PDF). Vilnius: Lietuvos istorijos institutas.
  2. FERRING, ROBERT L. (1960). „Christopher Varsevicius: Polish Renaissance Diplomat, Statesman, and Political Writer“. The Polish Review. 5 (2): 98–109. ISSN 0032-2970. JSTOR 25776309.

Надворешни врски

уреди