Јазици во Германија
службен јазик на Германија е стандардниот германски, говорен од над 95% од населението. Населението најчесто говори на стандарден германски или на некој од германските дијалекти и тој им е мајчин и прв јазик.[1] Овие бројки ги вклучуваат лицата кои говорат на северната варијанта на долносаксонски, признаен малцински или регионален јазик, кој не се смета за одделен од стандардниот германски во статистиките.
Јазици во Германија | |
---|---|
Официјален јазик | германски (>95%) |
Регионален јазик | долнорајнски; лимбуршки; луксембуршки; алемански; баварски; дански; горнолужички, долнолужички; фризиски; ромски; долногермански |
Главен доселенички јазик | турски, руски, полски, српскохрватски, холандски; и други види:имиграција во Германија |
Главен странски јазик | англиски (51%) француски (15%) руски (5%) |
Знаковен јазик | Германски знаковен јазик |
Положба на тастатурата | |
Извор | ebs_243_en.pdf (europa.eu) |
Демографија на Германија |
Малцински јазици:
- лужички 0,09%
- ромски 0,08%
- дански 0,06%
- севернофризиски 0,01%
Имигрантски јазици говорени од значаен број на лица од првата и втората генерација со источноевропско, африканско, азијско или латиноамериканско потекло:
- турски;
- руски;
- арапски, од Средниот Исток и Северна Африка;
- грчки;
- холандски;
- игбо;
- италијански;
- полски;
- српскохрватски, од поранешна Југославија;
- шпански
Повеќето Германци исто така учат англиски како нивен прв странски јазик на училиште. Понекогаш француски или латински се предаваат како први, но обично тоа е англискиот, со француски и латински како втори или трети странски јазици. Руски, италијански, шпански, полски, холандски, старогрчки и други јазици исто така се нудат во училиштата (често зависејќи од географската положба на училиштето).