Јадрена енергија во Турција


Турција нема атомски централи, но ја гради Атомската централа „Акују“, која се очекува да биде завршена во 2023 година. Дебатата за јадрената енергија има долга историја, со почеток на изградбата во провинцијата Мерсин во 2018 година, како шести најголем обид за изградба на атомска централа од 1960 година.[1]

Атомски централи во Турција (преглед)
 Во изгадба
 Предложени централи

Плановите за атомската централа Синоп и уште една во Енеада се закочени.[2]

Историја

уреди

Рани години

уреди

Јадрените активности на Турција започнале набргу по првата меѓународна конференција за мирно користење на атомската енергија, одржана во Женева во септември 1955 година. Во 1961 година бил пуштен во употреба тест реактор од 1 MW во Центарот за јадрено истражување и обука Чекмеџе за образовни и истражувачки цели.[3] Како што е наведено од Светската јадрена асоцијација, првиот обид бил извештајот за изводливост во 1970 година, со вклучување на објект од 300 MWe. Потоа во 1973 година, органот за електрична енергија се согласил да изгради демонстративна централа од 80 MWe. Во 1976 година, Акују, место на 45 километри западно од јужниот град Силифке, била избрана за локација на атомската централа. Агенцијата за атомска енергија на премиерот издала лиценца за ова место.[4] Обидот да се развијат повеќе постројки не успеал во 1980 година, поради неуспехот да се обезбедат финансиски гаранции од страна на владата, што ги сметала погоните за јаглен во Турција како поповолни. Турција ја прекинала работата на атомските централи поради катастрофата во Чернобил, што се случила во Советскиот Сојуз во 1986 година. Во 1988 година, одделот за атомски централи ТЕК бил затворен.

Во 1993 година, атомска централа била вклучена во инвестициската шема на земјата. Сепак, ревидираните услови за наддавање не биле издадени дури во 1996 година. Наддавањата биле издадени од Атомска енергија на Канада Лимитид, електрична компанија Вестингхаус - конзорциум на Митсубиши индустрии и конзорциумот Фраматоме - Сименс за централа од 2000 мегавати во Акују. Крајниот рок за наддавање бил во 1997 година, но владата го одложувала неколку пати, сè додека не биле укинати подготовките заради финансиски потешкотии.[2]

2000-тите

уреди

Во мај 2004 година, министерот за енергија и природни ресурси Хилми Ѓулер изјавил „Наскоро ќе се сретнеме со земјите што ги произведуваат овие централи“ и го вратил на дневен ред прашањето за атомската централа. Во својата изјава, Ѓулер изјавил дека техничките истраги за атомските централи продолжуваат и дека наскоро ќе се водат преговори.[4] Ѓулер најавил дека изградбата на првата централа ќе започне во 2007 година.[5] Во 2006 година, северниот турски град Синоп, кој се наоѓа во близина на Црното Море, бил назначен за домаќин на комерцијална атомска централа. Според Светската јадрена асоцијација, локалитетот Синоп има предност да ја лади температурата на водата приближно 5 степени целзиусови пониски од оние на Акују, помагајќи на секој топлински реактор да постигне приближно 1 процент поголема моќност. Требало да се инсталира демонстративна централа од 100 MWe. Последователно, 5000 MWe дополнителни постројки требало да станат во функција од 2012 година наваму. За изградба и услуга, се предвидувало форма на јавно приватно партнерство (ЈПП). Владата соопштила дека има за цел да има вкупно 4500 MWe енергија што работи од три атомски централи до крајот на 2015 година. Разговорите се правеле со AECL над два реактори од 750 MWe CANDU. Реакторот на вода под притисок бил исто така фаворизиран од владата. Првите реактори, со вкупна вредност од околу 5000 MWe, требало да бидат инсталирани на Акују, бидејќи локацијата веќе била одобрена. Во исто време, лиценцирањето за Синоп сè уште напредувало.[2]

Новиот закон за изградба и одржување на атомските централи бил донесен од Турскиот парламент во 2007 година.[6] Предлог-законот предвидува воспоставување на барања за проектирање и работа на централите од страна на Турскиот орган за атомска енергија (ТАЕК). Тоа и овозможило на владата да им даде гаранции за купување на фирмите за вкупната енергија произведена во атомските централи. Контролата на отпадот и деактивирањето биле опфатени и со нацрт-законот. Турција започнала да биде соработник на Париската конвенција за одговорност од трети страни во областа на јадрената енергија. Критериумите за развивачите кои ќе градат и управуваат со атомски централи биле издадени набргу по ова законодавство.

Граѓански јадрен договор со Соединетите Американски Држави стапил на сила во 2008 година,[7] договор за јадрена соработка со Јужна Кореја бил воспоставен во јуни 2010 година,[8] и уште два договори биле потпишани со Кина во 2012 година.[9] Следната година, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) го извршила Интегрираниот преглед на јадрената инфраструктура (INIR) во Турција за да го процени напредокот на земјата во планирањето за нова шема на јадрена енергија. Иако прегледот бил позитивен, МААЕ ја советувала Турција да ја заврши националната стратегија за јадрена енергија и да ја подобри регулаторната агенција.[2]

Регулатива и политика

уреди

Во 2007 година, парламентот усвои нацрт-закон за изградба и работа на атомски централи и продажба на нивната електрична енергија. Исто така, се однесува на управување со отпад и деактивирање, предвидувајќи Национална сметка за радиоактивен отпад и сметка за деактивирање, што генераторите ќе ја плаќаат постепено.[10]

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) препорачала „донесување закон за јадрена енергија со кој се формира независно регулаторно тело и воспоставување на национална политика што опфаќа широк спектар на прашања, како и понатамошно развивање на потребните човечки ресурси“.[11]

Во 2018 година, Турција основала ново Јадрено регулаторно тело, кое ги презело повеќето од должностите на Турскиот орган за атомска енергија (ТАЕК), како издавање лиценци и дозволи на компании кои работат со јадрена енергија и постројки за јонизирачко зрачење.[12][13] ТАЕК сега е исклучиво одговорен за управувањето со радиоактивниот отпад.[2]

Истражување и развој

уреди

Од 1979 година, на Истанбулскиот технички универзитет работи истражувачки реактор ТРИГА, наречен реактор за обука и истражување ITU TRIGA Марк-II. Под надзор е на Турскиот орган за атомска енергија (ТАЕК). Тоа е втор оперативен и трет инсталиран реактор за јадрено истражување во Турција, а другиот е Центарот за јадрено истражување и обука Чекмеџе.

Електрани

уреди

Атомска централа Акују

уреди

Во мај 2010 година, Русија и Турција потпишале договор дека подружница на Росатом ќе гради, поседува и работи електрична централа во Акују, составена од четири 1.200 MWe VVER1200 единици. Изградбата на првиот реактор започнала во април 2018 година.[14] Во февруари 2013 година, руската јадрена градежна компанија „ Атомстројекспорт“ (АСЕ) и турската градежна компанија „Оздогу“ го потпишале договорот за подготовка на локацијата за предложената атомска централа Акују. Договорот вклучува работа со ископување на местото.[15]

Официјалната церемонија на лансирање се одржла во април 2015 година, а првата единица се очекува да заврши во 2023 година.[16]

Тоа ќе биде првата атомска централа изградена со сопствени работи.[17]

Атомска централа Синоп

уреди

На 3 мај 2013 година, тогашниот турски премиер Реџеп Таип Ердоган и неговиот јапонски колега Шинзи Абе потпишале договор за 22 милијарди американски долари за изградба на атомската централа Синоп што би го извршила заеднички конзорциум на јапонскиот Митсубиши индустрии и француска Арева .[18] Биле искористени четири реактори на Атмеа, кои треба стапат во функција од 2023 до 2028 година.[19]

Во 2018 година, проектот бил напуштен поради градежните трошоци скоро двојно зголемени на околу 44 милијарди долари, најмногу заради подобрувањата на безбедноста по Фукушима и падот на вредноста на турската лира .[20][21] Укажувајќи дека студијата изготвена од Јапонија не одговара на трошоците и временската рамка на првиот договор, Турција изјавила дека Јапонија и Турција се согласиле да ја прекинат соработката во јануари 2020 година. Во септември 2020 година, Министерството за животна средина и урбанизација го одобрил конечниот извештај за оцена на влијанието врз животната средина (ОВIAС) на атомската централа Синоп.[22]

Атомса централа Игнеада

уреди

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз објави дека владата работи на плановите на третата атомска централа, за која се предвидува да се гради по 2023 година, под раководство на турските инженери.[18]

Во октомври 2015 година било објавено дека Игнеада е избрана за трето место. Технологијата ќе дојде од американската фирма Вестингхаус Електрик Компани во форма на два AP1000 и два CAP1400 .[19][23]

Јавно мислење

уреди

Антијадрено движење

уреди

Во минатото имало антијадрени протести, на пример во април 2006 година, плановите за изградба на јадрен реактор на полуостровот Инџе предизвикале големи антијадрени демонстрации во турскиот град Синоп .[24] Гринпис, кој изразил загриженост во врска со земјотресите и можноста на властите да ја штитат јавноста, се спротивставиле на овие предлози.[25] Постои загриженост дека сè уште не е избрано место за отпад.[26]

Наводи

уреди
  1. Aydın, Cem İskender (2020-01-01). „Nuclear energy debate in Turkey: Stakeholders, policy alternatives, and governance issues“. Energy Policy. 136: 111041. doi:10.1016/j.enpol.2019.111041. ISSN 0301-4215.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Nuclear Power in Turkey“. www.world-nuclear.org. World Nuclear Association. Посетено на 5 January 2021.
  3. „History“. taek.gov.tr (турски). Архивирано од изворникот на 2020-12-30. Посетено на 5 January 2021.
  4. 4,0 4,1 „Nükleer santral ihalesi yakında“. Radikal (турски). 8 May 2004. Посетено на 5 January 2021.
  5. „Nükleer için tarih: 2007“. Radikal (турски). 17 February 2006. Посетено на 5 January 2021.
  6. „Turkish parliament approves nuclear power law“. Reuters (англиски). 9 November 2007. Посетено на 5 January 2021.
  7. „U.S.-Turkey Agreement for Peaceful Nuclear Cooperation“. Department Of State. The Office of Electronic Information (англиски). 2 June 2008. Посетено на 5 January 2021.
  8. „Turkey, South Korea sign cooperation MoU“. World Nuclear News. 15 June 2010. Посетено на 5 January 2021.
  9. Dombey, Daniel (8 April 2012). „China edges ahead in Turkey nuclear race“. Financial Times. Посетено на 5 January 2021.
  10. „Emerging Nuclear Energy Countries“. World Nuclear Association. April 2009. Архивирано од изворникот на 2019-10-29. Посетено на 22 April 2009.
  11. „IAEA Delivers Report on Nuclear Power Development to Turkey“. Архивирано од изворникот на 2018-04-08. Посетено на 2021-04-02.
  12. Aksoy, Tuğba (17 May 2019). „Turkish Nuclear Regulatory Authority - Energy and Natural Resources - Turkey“. www.mondaq.com. Посетено на 5 January 2021.
  13. „Turkey sets up new nuclear regulator - Nuclear Engineering International“. Nuclear Engineering International magazine. 13 July 2018. Посетено на 5 January 2021.
  14. „Russian plant for Turkey's Akkuyu“. World Nuclear News. 13 May 2010. Посетено на 31 May 2010.
  15. „Russia And Turkey Sign Akkuyu Site Preparation Contract“. NucNet. 22 February 2013. Посетено на 3 April 2013.
  16. „Smirnov: Akkuyu Nükleer Santral inşaatı 2018'de başlayabilir“. World Nuclear News. 15 April 2015. Посетено на 19 April 2015.
  17. „How They Do It: Turkey“.
  18. 18,0 18,1 „Turkey, Japan sign $22 bln deal for Sinop nuclear plant“. Hürriyet Daily News. 3 May 2013. Посетено на 4 May 2013.
  19. 19,0 19,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-11-18. Посетено на 2021-04-02.
  20. Tsuji, Takashi (2018-12-04). „Japan to scrap Turkey nuclear project“. Nikkei Asian Review (англиски). Посетено на 2018-12-03.
  21. „Japan looks to cancel Turkish project“. Nuclear Engineering International. 6 December 2018. Посетено на 11 December 2018.
  22. „Ministry approves Environmental Impact Assessment report of Sinop Nuclear Plant“. Bianet. BIA News Desk. 15 September 2020. Посетено на 5 January 2021.
  23. http://www.novinite.com/articles/171329/Turkey+Plans+to+Build+Nuclear+Power+Plant+Close+to+Border+with+Bulgaria
  24. "Thousands protest Turkey's plans to build nuclear power plant" Архивирано на 30 ноември 2020 г., AP Worldstream, 29 April 2006 (retrieved 2010-11-08, 0410 UTC).
  25. „Greenpeace protests at Turkey's nuclear power plant“. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на 2021-04-02.
  26. DİRESKENELİ, Haluk (2020-01-03). „Enerji piyasalarında 2020 yılı öngörüleri - Haluk DİRESKENELİ“. Enerji Günlüğü (турски). Посетено на 2020-01-04.

Надворешни врски

уреди