Јадранска Плоча

тектонска плоча

Јадранска Плоча или Апулиска Плоча — мала тектонска плоча која претежно носи континентална кора отцепена од Африканската Плоча долж голем трансформен расед за време на кредата. Името „Јадранска“ се однесува на северниот дел од плочата. Овој дел се изобличил во текот на алпската орогенеза, кога Јадранската/Апулиска Плоча се судрила со Евроазиската Плоча.

Граници на Јадранската Плоча

Се смета дека Јадранската/Апулиската Плоча сè уште се движи независно од Евроазиската Плоча во насока север-североисток со мало налево вртење.[1] Раседната зона што ги двои двете плочи е Перијадранскиот Шев кој минува низ Алпите. Проучувањата велат дека покрај изобличувањето, евроазиската континентална кора донекаде се подвлекла под Јадранската/Апулиска Плоча, што е необична ситуација во тектониката. Океанската кора на Африканската Плоча исто така се подвлекува под Јадранската/Апулиската во водите на запад и југ од бреговите на Апенинскиот Полуостров, создавајќи насип од разновиден шут кој се издига од морското дно и продолжува на брегот. Ова подвлекување исто така е одговорно за вулканските избуви во јужна Италија.

Јадранското Море, Истра, источниот Апенинскиот Полуостров, Малта и приморска Словенија се наоѓаат на Јадранската/Апулиска Плоча. Мезозојские седиментни карпи deposited on the plate include the варовници that form the Јужните Варовнички Алпи.

Наводи

уреди
  1. R. Devoti; C. Ferraro; E. Gueguen; R. Lanotte; V. Luceri; A. Nardi; R. Pacione; P. Rutigliano; C. Sciarretta; F. Vespe (март 2002). „Geodetic control on recent tectonic movements in the central Mediterranean area“. Tectonophysics. 346 (3–4): 151–167. Bibcode:2002Tectp.346..151D. doi:10.1016/S0040-1951(01)00277-3.