Галактичка нишка
Галактички нишки — најголемите структури во вселената сочинети од ѕидови на гравитациски врзани галактички суперјата. Овие масивни образби налик на конци можат да достигнат големина од 80 мегапарсеци h−1 (160 до 260 милиони светлосни години[1]) и претставуваат граници помеѓу големи празнини.[2]
Образување
уредиВо стандардниот модел за развојот на вселената, галактичките нишки образуваат пајажински низи од темна материја, наречени галактичка пајажина или вселенска пајажина.[3] Се смета дека темната материја ја диктира структурата на вселената во најголеми размери. Темната материја гравитациски привлекува барионска материја, и е „нормалната“ материја која образува долги тенки ѕидови од галактички суперјата.
Откривање
уредиОткривањето на структури поголеми од суперјата почнало кон крајот на 1980-тите. Во 1987 г. астрономот Ричард Брент Тали од Астрономскиот институт при Хавајскиот институт го открил суперјатниот комплекс Риби-Кит. Во 1989 г. е откриен Големиот Ѕид CfA2,[4] проследен од Слоуновиот Голем Ѕид во 2003 г.[5] На 11 јануари 2013 г. истражувачите на чело со Роџер Клаус од Универзитетот на Централен Ланкашир го објавиле откритието на голема квазарска група наречена Огромна Голема Квазарска Група, неспоредливо поголема од дотогаш познатите галактички нишки.[6] Во ноември 2013 г. служејќи се со гама-изблици како појдовни точки, астрономите го откриле Големиот Ѕид Херкул–Северна Круна — неверојатно огромна нишка со големина од 10 милијарди светлосни години.[7][8][9]
Нишки
уредиНишките во потесна смисла се вид на нишки со приближно сличнни големи и мали полуоски по должинската оска.
Нишка | Откриена | Средна оддалеченост | Големина | Белешки |
---|---|---|---|---|
Береникина Коса | Суперјатото Береникина Коса се наоѓа во нишката Береникина Коса.[10] Сочинува дел од Големиот Ѕид CfA2.[11] | |||
Персеј-Пегаз | 1985 | Поврзана со суперјатото Риби Кит, при што суперјатото Персеј-Риби е член на нишката.[12] | ||
Голема Мечка | Поврзана со Хомункулот CfA, дел од нишката образува дел од „ногата“ на Хомункулот.[13] | |||
Рис–Голема Мечка | 1999 | 2000 - 8000 км/с во црвенопоместен простор | Поврзана со и одделна од суперјатото Рис-Голема Мечка.[13] | |
нишка на z=2,38 околу протојатото ClG J2143-4423 | 2004 | z=2,38 | 110 Мпс | Во 2004 г. е откриена нишка со должина на Големиот Ѕид. Во 2008 г. сè уште била најголемата структура понатаму од црвеното поместување 2.[14][15][16][17] |
- Ади Цитрин и Ноа Брош предложиле кратка нишка откриена со утврдувањето на порамнета нареденост на ѕвездородни галаксии во соседството на Млечниот Пат и Месната Група.[18] Постоењето на оваа нишка, како и на слична пократка нишка е утврдено со проучувањето на Меквин и др. (2014) според далечинските мерења со методот TRGB.[19]
Галактички ѕидови
уредиГалактичкиот ѕид е вид на нишка со значнително поголема голема полуоска отколку малата по должинската оска.
Ѕид | Откриен | Средна оддалеченост | Големина | Белешки |
---|---|---|---|---|
Голем Ѕид CfA2 (Ѕид Береникина Коса, Голем Ѕид, Северен Голем Ѕид, Голем Северен Ѕид, Голем Ѕид CfA) | 1989 | z=0,03058 | 251 Мпс (должина)
|
Ова е првата откриена суперголема големоразмерна структура или псевдоструктура во вселената. Хомункулот CfA се наоѓа во срцевината на Големиот Ѕид, а суперјатото Береникина Коса го сочинува најголемиот дел од неговата структура. Береникина Коса е во неговата срцевина.[20][21] |
Слоунов Голем Ѕид | 2003 | z=0,07804 | 433 Мпс (должина) | Ова била најголемата откриена галактична нишка[20] сè до откривањето на Големиот Ѕид Херкул–Северна Круна десет години подоцна. |
Вајаров Ѕид (Јужен Голем Ѕид, Голем Јужен Ѕид, Јужен Ѕид) | 8000 км/с (должина) 5000 км/с (ширина) 1000 км/с (длабочина) (во димензии на црвенопоместен простор) |
Вајаровиот Ѕид е „напореден“ на Печкиниот и „нормален“ на Жеравовиот Ѕид.[22][23] | ||
Жеравов Ѕид | Жеравовиот Ѕид е „нормален“ на Печкиниот и Вајаровиот Ѕид.[23] | |||
Печкин Ѕид | Јатото Печка е дел од овој ѕид. Ѕидот е „напореден“ на Вајаровиот Ѕид и „нормален“ на Жеравовиот Ѕид.[22][23] | |||
Голем Ѕид Херкул–Северна Круна | 2013 | z≈2[8] | 3 Гпс (должина),[8] 150 000 км/с (длабочина)[8] (во црвенопоместен простор) |
Најголема позната структура во вселената.[7][8][9] |
- Предложен е Кентауров Голем Ѕид („Печкин Голем Ѕид“ или „Девичин Голем Ѕид“), кој би го вклучувал Печкиниот Ѕид како негов составен дел (визуелно создаден од Зоната на избегнување) заедно со суперјатото Кентаур и суперјатото Девица, познато и како нашето Месно Суперјато во кое се наоѓа Млечниот Пат (со тоа ова би бил Месниот Голем Ѕид).[22][23]
- Предложен е ѕид како физичко отелотворение на Големиот Привлекувач со јатото Рамнило како негов дел. Понекогаш се нарекува Привлекувачки Голем Ѕид или Рамнилов Ѕид.[24] Овој предлог бил заманет со предлогот за суперјатото Ланијакеја, кое би го опфатило Големиот Привлекувач и суперјатата Девица и Водна Змија-Кентаур.[25]
- Во 2000 г. е предложен ѕид сместен на z=1,47 во близина на радиогалаксијата B3 0003+387.[26]
- Во 2000 г. е предложен ѕид сместен на z=0,559 во северниот дел на сликата Длабоко поле на „Хабл“.[27][28]
Карта на најблиски галактички ѕидови
уредиГолеми квазарски групи
уредиГолемите квазарски групи (ГКГ) се едни од најголемите познати структури.[29] Има теорија дека тие се протохиперјата/протосуперјатни компекси/претходници на галактички нишки.[30]
ГКГ | Откриена | Средна оддалеченост | Големина | Белешки |
---|---|---|---|---|
Клаус-Кампузано (U1.28, CCLQG) |
1991 | z=1,28 |
|
Била најголемата познаа структура во вселената од 1991 до 2011 г. сè до откривањето на U1.11's. |
U1.11 | 2011 | z=1,11 |
|
Неколку месеци била најголемата познаа структура во вселената, сè до откривањето на Огромната Голема Квазарска Група. |
Огромна Голема Квазарска Група | 2012 | z=1,27 |
|
Била најголемата познаа структура во вселената,[29][30] сè до откривањето на Големиот Ѕид Херкул–Северна Круна една година подоцна.[8] |
Суперјатен комплекс
уредиИме | Откриен | Средна оддалеченост | Големина | Белешки |
---|---|---|---|---|
Риби–Кит | 1987 | 1 милијарди сг (ширина), 150 милиони сг (длабочина) |
Ги содржи суперјатото Девица и Месната Група |
Карти на големиразмерната распределеност
уреди-
Вселената во далечина од милијарда светлосни години (307 Мпс) од Земјата. Прикажани се месните суперјата кои образуваат нишки и празнини
-
Карта на најблиските ѕидови, празнини и суперјата
-
Карта на прегледот 2dF со Слоуновиот Голем Ѕид
-
Инфрацрвена карта на небото од 2MASS
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Convert 50 Parsecs to Light Years“.
- ↑ Bharadwaj, Somnath; Bhavsar, Suketu; Sheth, Jatush V (2004). „The Size of the Longest Filaments in the Universe“. Astrophys J. 606 (1): 25–31. arXiv:astro-ph/0311342. Bibcode:2004ApJ...606...25B. doi:10.1086/382140. S2CID 10473973.
- ↑ Riordan, Michael; David N. Schramm (март 1991). Shadows of Creation: Dark Matter and the Structure of the Universe. W H Freeman & Co (Sd). ISBN 0-7167-2157-0.
- ↑ Huchra, John P.; Geller, Margaret J. (17 ноември 1989). „M. J. Geller & J. P. Huchra, Science 246, 897 (1989)“. Science. 246 (4932): 897–903. doi:10.1126/science.246.4932.897. PMID 17812575. S2CID 31328798. Архивирано од изворникот 21 јуни 2008. Посетено на 18 септември 2009.
- ↑ Sky and Telescope, "Refining the Cosmic Recipe" Архивирано на 9 март 2012., 14 November 2003
- ↑ Wall, Mike (11 јануари 2013). „Largest structure in universe discovered“. Fox News. Архивирано од изворникот 12 јануари 2013. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ 7,0 7,1 Horvath, Istvan; Hakkila, Jon; Bagoly, Zsolt (2014). „Possible structure in the GRB sky distribution at redshift two“. Astronomy & Astrophysics. 561: id.L12. arXiv:1401.0533. Bibcode:2014A&A...561L..12H. doi:10.1051/0004-6361/201323020. S2CID 24224684.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Horvath I., Hakkila J., and Bagoly Z.; Hakkila, J.; Bagoly, Z. (2013). „The largest structure of the Universe, defined by Gamma-Ray Bursts“. 7th Huntsville Gamma-Ray Burst Symposium, GRB 2013: Paper 33 in EConf Proceedings C1304143. 1311: 1104. arXiv:1311.1104. Bibcode:2013arXiv1311.1104H.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 9,0 9,1 Klotz, Irene (19 ноември 2013). „Universe's Largest Structure is a Cosmic Conundrum“. discovery. Архивирано од изворникот 3- ноември 2013. Посетено на 22 ноември 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ 'Astronomy and Astrophysics' (ISSN 0004-6361 ), vol. 138, no. 1, Sept. 1984, pp. 85–92. Research supported by Cornell University "The Coma/A 1367 filament of galaxies" 09/1984 Bibcode: 1984A&A...138...85F
- ↑ THE ASTRONOMICAL JOURNAL, 115:1745-1777, 1998 May ; THE STAR FORMATION PROPERTIES OF DISK GALAXIES: Hα IMAGING OF GALAXIES IN THE COMA SUPERCLUSTER
- ↑ 'Astrophysical Journal', Part 1 (ISSN 0004-637X ), vol. 299, Dec. 1, 1985, pp. 5–14. "A possible 300 megaparsec filament of clusters of galaxies in Perseus-Pegasus" 12/1985 Bibcode: 1985ApJ...299....5B
- ↑ 13,0 13,1 The Astrophysical Journal Supplement Series, volume 121, issue 2, pp. 445–472. "Photometric Properties of Kiso Ultraviolet-Excess Galaxies in the Lynx-Ursa Major Region" 04/1999 Bibcode: 1999ApJS..121..445T
- ↑ NASA, GIANT GALAXY STRING DEFIES MODELS OF HOW UNIVERSE EVOLVED Архивирано на 6 август 2008., 7 јануари 2004
- ↑ Palunas, Povilas; Teplitz, Harry I.; Francis, Paul J.; Williger, Gerard M.; Woodgate, Bruce E. (2004). „The Distribution of Lyα‐Emitting Galaxies at z = 2.38“. The Astrophysical Journal. 602 (2): 545–554. arXiv:astro-ph/0311279. Bibcode:2004ApJ...602..545P. doi:10.1086/381145. S2CID 990891.
- ↑ Francis, Paul J.; Palunas, Povilas; Teplitz, Harry I.; Williger, Gerard M.; Woodgate, Bruce E. (2004). „The Distribution of Lyα‐emitting Galaxies at z =2.38. II. Spectroscopy“. The Astrophysical Journal. 614 (1): 75–83. arXiv:astro-ph/0406413. Bibcode:2004ApJ...614...75F. doi:10.1086/423417. S2CID 118037575.
- ↑ Relativistic Astrophysics Legacy and Cosmology - Einstein's, ESO Astrophysics Symposia, Volume . ISBN 978-3-540-74712-3. Springer-Verlag Berlin Heidelberg, 2008, p. 358 "Ultraviolet-Bright, High-Redshift ULIRGS" 00/2008 Bibcode: 2008ralc.conf..358W
- ↑ Zitrin, A.; Brosch, N. (2008). „The NGC 672 and 784 galaxy groups: evidence for galaxy formation and growth along a nearby dark matter filament“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 390 (1): 408–420. arXiv:0808.1789. Bibcode:2008MNRAS.390..408Z. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13786.x. S2CID 16296617.
- ↑ McQuinn, K.B.W.; и др. (2014). „Distance Determinations to SHIELD Galaxies from Hubble Space Telescope Imaging“. The Astrophysical Journal. 785 (1): 3. arXiv:1402.3723. Bibcode:2014ApJ...785....3M. doi:10.1088/0004-637x/785/1/3. S2CID 118465292.
- ↑ 20,0 20,1 Chin. J. Astron. Astrophys. Vol. 6 (2006), No. 1, 35–42 „Super-Large-Scale Structures in the Sloan Digital Sky Survey“ (PDF).
- ↑ Scientific American, vol. 280, no. 6, pp. 30–37 „Mapping the Universe“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-07-04. (1.43 MB) 06/1999 Bibcode: 1999SciAm.280f..30L
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Unveiling large-scale structures behind the Milky Way. Astronomical Society of the Pacific Conference Series, vol. 67; Proceedings of a workshop at the Observatoire de Paris-Meudon; 18–21 January 1994; San Francisco: Astronomical Society of the Pacific (ASP); c1994; edited by Chantal Balkowski and R. C. Kraan-Korteweg, p.21 ; Visualization of Nearby Large-Scale Structures Архивирано на 27 ноември 2015 г. ; Fairall, A. P., Paverd, W. R., & Ashley, R. P. ; 1994ASPC...67...21F
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 Astrophysics and Space Science, volume 230, issue 1–2, pp. 225–235 "Large-Scale Structures in the Distribution of Galaxies" 08/1995 Bibcode: 1995Ap&SS.230..225F
- ↑ World Science, Wall of galaxies tugs on ours, astronomers find Архивирано на 28 октомври 2007 г. April 19, 2006
- ↑ Tully, R. Brent; Courtois, Hélène; Hoffman, Yehuda; Pomarède, Daniel (2 September 2014). „The Laniakea supercluster of galaxies“. Nature (објав. 4 September 2014). 513 (7516): 71–73. arXiv:1409.0880. Bibcode:2014Natur.513...71T. doi:10.1038/nature13674. PMID 25186900. S2CID 205240232.
- ↑ The Astronomical Journal, volume 120, issue 5, pp. 2331–2337. "B3 0003+387: AGN-Marked Large-Scale Structure at Redshift 1.47?" 11/2000 Bibcode: 2000AJ....120.2331T doi:10.1086/316827
- ↑ FermiLab, "Astronomers Find Wall of Galaxies Traversing the Hubble Deep Field", DARPA, Monday, January 24, 2000
- ↑ Vanden Berk, Daniel E.; Stoughton, Chris; Crotts, Arlin P. S.; Tytler, David; Kirkman, David (2000). „QSO[CLC]s[/CLC] and Absorption-Line Systems surrounding the Hubble Deep Field“. The Astronomical Journal. 119 (6): 2571–2582. arXiv:astro-ph/0003203. Bibcode:2000AJ....119.2571V. doi:10.1086/301404. S2CID 117882449.
- ↑ 29,0 29,1 ScienceDaily, "Biggest Structure in Universe: Large Quasar Group Is 4 Billion Light Years Across" Архивирано на 9 август 2018., Royal Astronomical Society, 11 јануари 2013 посет. 13 јануари 2013 г
- ↑ 30,0 30,1 Clowes, Roger G.; Harris, Kathryn A.; Raghunathan, Srinivasan; Campusano, Luis E.; Soechting, Ilona K.; Graham, Matthew J.; "A structure in the early universe at z ~ 1.3 that exceeds the homogeneity scale of the R-W concordance cosmology"; arXiv:1211.6256 ; Bibcode: 2012arXiv1211.6256C ; doi:10.1093/mnras/sts497 ; Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 11 January 2013
Надворешни врски
уреди- Слики од галактичките пајажини (англиски)
- Вселената со список на блиски суперјата на далечина до милијарда светлосни години — Атлас на вселената (англиски)