Ѕвездено суперјато

вид астрономско тело
(Пренасочено од Ѕвездени суперјата)

A super star cluster (крат. ЅСЈ или SSC, од анг. super star cluster) — многу масивно младо расеано јато кое се смета за претходник на збиено јато.[1] Овие јата се нарекуваат „суперјата“ бидејќи се релативно посјајни и имаат повеќе маса од другите млади ѕвездени јата.[2] Меѓутоа, ЅСЈ не мора да биде физички поголемо од други јата, туку да има поголема маса и сјајност.[3] Типично содржат многу голем број млади масивни ѕвезди кои го јонизираат околното H II-подрачје или таканаречено „ултрагусто HII-подрачје“ во Млечниот Пат[4] или други галаксии (меѓутоа, ЅСЈ не мора секогаш да е сместено во HII-подрачје). Едно H II-подрачје на ЅСЈ од своја страна е опкружено со обвивка од прашина. Во многу случаи, светлината на ѕвездите и HII-подрачјата е невидлива на извесни бранови должини (како што е видливиот спектар) поради големиот степен на згаснување. Затоа, најмладото ЅСЈ are најдобро се забележува и фотографира од радиобранови и инфрацрвено зрачење.[5] ЅСЈ како Вестерлунд 1 (Wd1) се среќаваат и во Млечниот Пат.[6] Но највеќето се забележани во подалечни краишта на вселената. Само во галаксијата M82 се забележани 197 млади ЅСЈ со вселенскиот телескоп „Хабл“.[7]

Начелно, ЅСЈ се образуваат со заемодејствата помеѓу галаксиите и подрачјата со голема ѕвездообразба и доволно голем притисок за да се задоволат условите за образување на ѕвездено јато.[2] Овие подрачја можат да бидат понови галаксии каде се создаваат бројни млади ѕвезди, џуџести ѕвездородни галаксии,[8] краци на спирални галаксии со голем степен на ѕвездообразба и при спојување на галаксии. Во 1996 г. објавени се наоди од сликите на ѕвездородни прстени во пет различни пречкести галаксии во УВ-спектарот на вселенскиот телескоп „Хабл“. Во прстените се гледаат грутки од бројни ѕвездени јата каде има висок степен на ѕвездообразба. Утврдено е дека овие јата имаат маса од 103 до 105 M, старост од околу 100 милиони години и полупречници од 5 парсеци. Се смета дека подоцна тие се развиваат во збиени јата.[9] Овие својства одговараат на оние на ЅСЈ.

Одлики и својства

уреди

Типичните одлики и својства на ЅСЈ се:

  • Маса   105 M[2]
  • Полупречник ≈ 5 пс1019 см[2]
  • Старост ≈ 100 милиони години[2] (иако други извори велат дека забележните ЅСЈ имале старост од 1 милијарда години[3])
  • Голема електронска густина   = 103106 см−3 (ова е својство на HII-подрачјето поврзано со ЅСЈ)
  • Притисок    = 1071010 K⋅см−3.[5] (ова е својство на HII-подрачјето поврзано со ЅСЈ)

Придонеси на „Хабл“

уреди

Со оглед на релативно малата големина на ЅСЈ во споредба со нините матични галаксии, во минатото астрономите тешко ги наоѓале поради ограничената разделност на наземните и вселенските телескопи од тоа време. Со пуштањето на вселенскиот телескоп „Хабл“ во 1990-тите, пронаоѓањето на ЅСЈ (како и други астрономски тела) станало многу полесно заради значително повисоката разделност на „Хабл“ (аголна разделност ~110 лачни секунди[10]). Ова воедно им овозможило на астрономите да ги измерат нивните својства, како и својствата на поединечни ѕвезди во ЅСЈ. Во поново време откриена е масивната ѕвезда Вестерлунд 1-26 во суперјатото Вестерлунд 1 од Млечнипт Пат. Се смета дека нејзиниот полупречник е поголем од оној на Јупитеровата орбита околу Сонцето.[11]

Некои ѕвездени суперјата

уреди
Име Галаксија Забелешки Навод Слика
Вестерлунд 1 (Wd1) Млечен Пат Прво ЅСЈ откриено во Млечниот Пат од Бенгт Вестерлунд во 1961 г. [12]
 
Вестерлунд 1
NGC 3603 Млечен Пат Кандидат за ЅСЈ [13]
 
NGC 3603
NGC 2070 Голем Магеланов Облак Кандидат за ЅСЈ
 
NGC 2070
R136 Голем Магеланов Облак Прототип на ЅСЈ, во NGC 2070 [14]
 
R136 (во маглината Тарантула)
NGC 346 Мал Магеланов Облак Можеби е ЅСЈ [15]
 
NGC 346
NGC 1569 A1 и A2 (NGC 1569 A) NGC 1569 Јата A1 и A2 го образувале ЅСЈ A [16]
 
NGC 1569
NGC 1569 B NGC 1569 Содржи постаро население на црвени џинови и црвени суперџинови [17]
 
NGC 1569
средишно ЅСЈ на NGC 5253 NGC 5253 Многу правилово, во ѕвездообразбата е во тек. Особено богато со ѕвезди од типот O, барем 7.000.
 
NGC 5253

Наводи

уреди
  1. Gallagher; Grebel (2002). „Extragalactic Star Clusters: Speculations on the Future“. Extragalactic Star Clusters, IAU Symposium. 207: 207. arXiv:astro-ph/0109052. Bibcode:2002IAUS..207..745G. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Johnson, Kelsey (2001). „The Properties of Super Star Clusters In A Sample of Starburst Galaxies“ (PDF). Bibcode:2001PhDT.......182J. S2CID 117321058. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 февруари 2017. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. 3,0 3,1 de Grijs, Richard. "Super" Star Clusters“ (PDF). Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Kobulnicky, Henry A.; Johnson, Kelsey E. (1999). „Signatures of the Youngest Starbursts: Optically Thick Thermal Bremsstrahlung Radio Sources in Henize 2-10“. Astrophysical Journal. 527 (1): 154–166. arXiv:astro-ph/9907233. Bibcode:1999ApJ...527..154K. doi:10.1086/308075. S2CID 15431678. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  5. 5,0 5,1 Johnson (2004). „Extragalactic Ultracompact HII Regions: Probing the Birth Environments of Super Star Clusters“. ASP Conference Series. 527: 322. arXiv:astro-ph/0405125. Bibcode:2004ASPC..322..339J.
  6. „Super Star Cluster Discovered in Our Own Milky Way - Universe Today“. Universe Today (англиски). 22 март 2005. Посетено на 10 февруари 2017.
  7. Melo, V. P.; Muñoz-Tuñón, C.; Maíz-Apellániz, J.; Tenorio-Tagle, G. (1 јануари 2005). „Young Super Star Clusters in the Starburst of M82: The Catalog“. The Astrophysical Journal (англиски). 619 (1): 270. arXiv:astro-ph/0409750. Bibcode:2005ApJ...619..270M. doi:10.1086/426421. ISSN 0004-637X. S2CID 16452890.
  8. Hunter, Deidre A.; O'Connell, Robert W. (2000). „The Star Clusters in the Starburst Irregular Galaxy NGC 1569“. The Astronomical Journal. 20 (5): 2383–2401. arXiv:astro-ph/0009280. Bibcode:2000AJ....120.2383H. doi:10.1086/316810. S2CID 6445978.
  9. Maoz, D.; Barth, A. J.; Sternberg, A.; Filippenko, A. V.; Ho, L. C.; Macchetto, F. D.; Rix, H.-W.; Schneider, D. P. (1 јуни 1996). „Hubble Space Telescope Ultraviolet Images of Five Circumnuclear Star-Forming Rings“. The Astronomical Journal. 111: 2248. arXiv:astro-ph/9604012. Bibcode:1996AJ....111.2248M. doi:10.1086/117960. ISSN 0004-6256. S2CID 12241545.
  10. „FAQ – Frequently Asked Questions“. www.spacetelescope.org (англиски). Посетено на 18 март 2017.
  11. Wallace, Amy (10 март 2017). „Hubble finds young super star cluster, giant star“. UPI.
  12. Clark, J. S.; Negueruela, I.; Crowther, P. A.; Goodwin, S. P. (2005). „On the massive stellar population of the super star cluster Westerlund 1“. Astronomy and Astrophysics. 434 (3): 949. arXiv:astro-ph/0504342. Bibcode:2005A&A...434..949C. doi:10.1051/0004-6361:20042413. S2CID 119042919.
  13. Fukui, Y.; Ohama, A.; Hanaoka, N.; Furukawa, N.; Torii, K.; Dawson, J. R.; Mizuno, N.; Hasegawa, K.; Fukuda, T.; Soga, S.; Moribe, N.; Kuroda, Y.; Hayakawa, T.; Kawamura, A.; Kuwahara, T.; Yamamoto, H.; Okuda, T.; Onishi, T.; Maezawa, H.; Mizuno, A. (2014). „Molecular Clouds Toward the Super Star Cluster Ngc 3603; Possible Evidence for a Cloud-Cloud Collision in Triggering the Cluster Formation“. The Astrophysical Journal. 780 (1): 36. arXiv:1306.2090. Bibcode:2014ApJ...780...36F. doi:10.1088/0004-637X/780/1/36. S2CID 53118305.
  14. Massey, Philip; Hunter, Deidre A. (1998). „Star Formation in R136: A Cluster of O3 Stars Revealed by Hubble Space Telescope Spectroscopy“. The Astrophysical Journal. 493 (1): 180–194. Bibcode:1998ApJ...493..180M. doi:10.1086/305126.
  15. Sabbi, E.; Nota, A.; Cignoni, M.; Degl'Innocenti, S.; De Marchi, G.; Gallagher, J. S.; Panagia, N.; Prada Moroni, P. G.; Romaniello, M.; Smith1, L. J.; Sirianni, M.; Tosi, M. (2011). „NGC 346: Tracing the Evolution of a Super Star Cluster“. Stellar Clusters & Associations: A Ria Workshop on Gaia: 244–249. Bibcode:2011sca..conf..244S.
  16. Hunter, Deidre A.; O'Connell, Robert W.; Gallagher, J. S.; Smecker-Hane, Tammy A. (2000). „The Star Clusters in the Starburst Irregular Galaxy NGC 1569“. The Astronomical Journal. 120 (5): 2383. arXiv:astro-ph/0009280. Bibcode:2000AJ....120.2383H. doi:10.1086/316810. S2CID 6445978.
  17. Hunter, Deidre A.; O'Connell, Robert W.; Gallagher, J. S.; Smecker-Hane, Tammy A. (2000). „The Star Clusters in the Starburst Irregular Galaxy NGC 1569“. The Astronomical Journal. 120 (5): 2383. arXiv:astro-ph/0009280. Bibcode:2000AJ....120.2383H. doi:10.1086/316810. S2CID 6445978.

Надворешни врски

уреди