Ѓула Животски

(Пренасочено од Ѓула Животска)

Ѓула Животски (25 февруари 1937, Будимпешта29 септември 2007, Будимпешта) – поранешен унгарски фрлач на кладиво. Тој освоил златен медал на Олимписките игри во 1968 година, сребрено одличје во 1960 и 1964 година, а завршил петти во 1972 година. Ѓула Животски поставил два светски рекорди: еден во 1965, а другиот на Олимписките игри во 1968 година.[2] Двапати бил избран за унгарски спортист на годината: во 1965 година, по освојувањето на златниот медал на Летната универзијада во Будимпешта, а во 1968 година, за неговиот олимписки златен медал.

Ѓула Животски
Gyula Zsivótzky
Животски во 1969 година
Лични податоци
НационалностУнгарска
Роден(а)25 февруари 1937
Будимпешта, Hungary
Починал(а)29 септември 2007 (на возраст 70)
Будимпешта, Унгарија
Висина1,90 m
Тежина102 кг
Спорт
Земја Унгарија
СпортАтлетика
Дисциплинифрлање кладиво
КлубУјпешти, Будимпешта
Успеси и титули
Лични рекорди73,76 m (1968)[1]

Ѓула Животски од натпреварувањата се повлекол во 1973 година, а подоцна работел во индустријата за облека. Во атлетиката останал вклучен како администратор, станувајќи член на Унгарскиот олимписки комитет и потпретседател на неговиот атлетски клуб Ујпешти ТЕ. Се оженил со Магдолна Комка, олимписки скокач. Еден од неговите синови е десетобоец Атила Животски, а другиот е фудбалер Ѓула Животски Јуниор.[2]

Животски починал од рак во родната Будимпешта, на возраст од 70 години.

Наводи

уреди
  1. Gyula Zsivótzky. trackfield.brinkster.net
  2. 2,0 2,1 Gyula Zsivótzky Архивирано на 21 јануари 2009 г. Спортски наводи

Надворешни врски

уреди


Рекорди
Претходник
  Харолд Коноли
Светски рекорд во фрлање кладиво за мажи
4 септември 1965 – 15 јуни 1969
Наследник
  Ромуалд Клим
Награди
Претходник
Ференц Терек
Унгарски спортист на годината
1965
Наследник
Андраш Балчо
Претходник
Иштван Козма
Унгарски спортист на годината
1968
Наследник
Андраш Балчо