Ѓошо Белопета
Животопис
уредиБил многу интелигентен човек со гимназиско образование. Се занимавал со трговија, а најчесто со откуп на земјоделски производи. Во 1938 година од страна на муфтијата во Скопје добил дозвола да ја урне Али Газелниковата џамија која се наоѓала во центарот на Кавадарци, а која веќе подолг период не била во функција. Тој сакал на нејзино место да изгради современи трговски дуќани. Тој покрај другото се занимавал со откуп на афионски катран. Откако увидел дека од тој бизнис се заработуваат големи пари целосно се посветил на таа дејност. Тој за да не носи големи количини афионски катран знаел истиот да го преработи во чист морфиум со кој ги снабдувал фармацевстските фабрики во Југославија и надвор од неа. Најчесто тргувал со Загреб, Солун, Белград и градовите во Западна Европа.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 405–406. ISBN 978-608-4621-04-1.