Ѓорѓи Карев (Крушево, 1887Скопје, 8 септември[1] 1950) — брат на македонскиот револуционер Никола Карев.

Животопис

уреди

Како шеснаесетогодишник се борел во Илинденското востание, а меѓу 1941-1944 година, за време на бугарската окупација на Македонија, е кмет на Крушево.

По Втората светска војна е осуден и затворен во Идризово. Мише (Михаил) Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорги, во своето сведоштво тврдел дека проблемите на семејството Кареви со комунистичката власт на Македонија започнале веднаш по ослободувањето, кога без никакви докази, во монтиран судски процес, бил осуден и затворен помалиот брат на Никола - Ѓорѓи Карев. Прво е осуден на смрт, но подоцна казната му е заменета со 5 години затвор.[2] На само неколку дена пред излегување, односно пред завршување на казната тој е ликвидиран во Идризово, а гробот не му се знае до ден денес.

Наводи

уреди