Ѓорѓе Ѓорѓевиќ
Ѓорѓе Ѓорѓевиќ (роден на 7 март 1988 година) е српски фудбалски играч од средниот ред кој последен пат настапувал во Албанија за екипата на Аполонија Фиер во лигата на Категорија Супериоре.
Кариера
уредиПочетна кариера
уредиНа почетокот Ѓорѓевиќ играл за клубот на Турбина Вреоци, подоцна за тимот на Шумадија Јагњило, пред да премине во словенечкиот клуб Крка од Ново Место. Таму поминал 2 сезони играјќи во пониско рангирана лига. Тој одиграл 1 настап во купот на Словенија во сезоната 2008-09. По играњето во Словенија, се вратил во српскиот фудбал настапувајќи за екипата на Жарково.[1]
Слога Краљево
уреди2011-12
уредиПодоцна се приклучил на екипата на Слога од Краљево откако клубот се вратил во Првата лига на Србија.[2] Малиот играч од средниот ред со број 13 на дресот многу брзо се вклопил во тимот и веќе на почетокот заземал место во стартните 11 играчи. Тој на почетокот на сезоната играл како дефанзивен играч за врска. Продолжил со добрите игри, но по повредата на Вељко Антонијевиќ бил префрлен да игра на страничната позиција како десен играч за врска. Тој покажал дека играњето на таа позиција не му е далечна, и поради играњето во близина на противничкиот гол често постигнувал и голови. Ѓорѓевиќ бил еден од најдобрите и најважните играчи во клубот, заедно со Бобан Дмитровиќ, Дејан Радосављевиќ, Дарко Дриниќ, Милош Јаниќијевиќ, Немања Милетиќ и Марко Гобељиќ.[3] Сезоната ја завршил со 29 првенствени натпревари и постигнати 5 голови. 2 гола постигнал на гостувањето кај екипата на Срем од Сремска Митровица, а 3 постигнати гола му биле на домашен терен против тимовите на Раднички од Сомбор,[4] Колубара[5] и Нови Сад.[6]
2012-13
уредиПо успешната сезона играјќи за Слога, тој бил на проба во странство,[7] но по неуспешниот ангажман, се вратил во составот на Слога. Бидејќи ги пропуштил подготовките со тимот, тој ја започнал сезоната малку подоцна. До крајот на првата полусезона главно се менувал со Емир Ровчанин на дефанзивната позиција од средниот ред. Подоцна настапувал поофанзивно, играјќи како централен играч за врска. Во сезоната 2012–13,[8] одиграл 21 лигашки натпревар, постигнувајќи 2 гола, против Раднички од Нова Пазова на гостински терен и против тимот на Вождовац на домашен терен.[9] Тој настапил и на натпреварот од Лав купот во поразот на Слога со резултат 5:0 од тимот на ОФК Белград. Влегол на местото на Дејан Радосављевиќ во второто полувреме.[10][11]
Синѓелиќ Белград
уредиОткако играл за тимот на Слога, тој се преселил во екипата на Синѓелиќ од Белград, каде бил еден од најважните играчи, обично носејќи го бројот 4 на дресот. Започнал 21 натпревар, а некои натпревари ги седел и на клупата за резервни играчи, притоа постигнал 1 гол. Добил вкупно 6 жолти и 2 црвени картони.
Аполонија Фиер
уредиПо сезоната со клубот на Синѓелиќ од Белград, тој заминал во Албанија, во екипата на Аполонија Фиер. Ѓорѓевиќ дебитирал во Албанската Суперлига во гостинскиот пораз од 3:0 против екипата на КФ Тирана. За Аполонија одиграл 20 лигашки и 2 натпревари во купот. По инцидентот со голманот Вилсон Цаковиќ, тој го раскинал договорот со клубот на 30 март 2015 година.[12]
Статистика во кариерата
уреди- Обновено на 9 Април 2015
Клупски натпревари | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови |
Србија | Лига | Куп на Србија | Европски натпревари | Вкупно | ||||||
2007–08 | Шумадија Јагњило | Лига Белград | 17 | 0 | - | 17 | 0 | |||
Словенија | Лига | Куп на Словенија | Европски натпревари | Вкупно | ||||||
2008-09 | Крка Ново Место | - | 1 | 0 | - | 1 | 0 | |||
Србија | Лига | Куп на Србија | Европски натпревари | Вкупно | ||||||
2010–11 | Жарково | Лига Белград | 12 | 1 | - | 12 | 1 | |||
2011–12 | Слога Краљево | Прва лига | 29 | 5 | - | 29 | 5 | |||
2012–13 | 22 | 2 | 1 | 0 | - | 23 | 2 | |||
2013–14 | Синѓелиќ Белград | 21 | 1 | - | 21 | 1 | ||||
Албанија | Лига | Куп на Албанија | Европски натпревари | Вкупно | ||||||
2014–15 | Аполонија Фиер | Категорија супериорна | 20 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 22 | 0 |
Вкупно | Србија | 101 | 9 | 1 | 0 | - | 102 | 9 | ||
Словенија | - | 1 | 0 | - | 1 | 0 | ||||
Албанија | 20 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 22 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 121 | 9 | 4 | 0 | 0 | 0 | 125 | 9 |
Наводи
уреди- ↑ „Djordje Djordjevic“. srbijafudbal.net (српски). Архивирано од изворникот на 2014-08-26. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Prijateljska utakmica: Sloga (K) – Metalac (GM) 1:1“. srbijasport.net (српски). 4 August 2011. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Statistički prikaz uspešne jeseni kraljevačke Sloge: U znaku Bobana Dmitrovića“. srbijasport.net (српски). 6 December 2011. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „PLS: Sloga - Radnički (S) 2:0“. srbijasport.net (српски). 13 November 2011. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „PLS: Sloga (K) - Kolubara 2:0“. srbijasport.net (српски). 27 November 2011. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „PLS: Sloga – Novi Sad 2:1“. srbijasport.net (српски). 4 April 2012. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Kraljevčani danas gostuju superligašu u Novom Pazaru“. srbijasport.net (српски). 3 August 2012. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Fudbaleri Sloge uspešno okončali tešku prvoligašku sezonu i promovisali nekoliko odličnih mladih fudbalera“. srbijasport.net (српски). 20 June 2013. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „PLS: Sloga - Voždovac 1:0“. srbijasport.net (српски). 27 March 2013. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „OFK BEOGRAD DEKLASIRAO SLOGU IZ KRALJEVA“. akter.co.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 2014-08-14. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „KS: OFK Beograd - Sloga 5:0“. sportal.rs (српски). 26 September 2012. Архивирано од изворникот на 2014-08-14. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „И Ђорђе Ђорђевић напустио Аполонију: Отишао бих и да није било инцидента“. Sportski žurnal (српски). 3 April 2015. Посетено на 9 April 2015.