Ѓорги Јармов — роден на 1 април 1929 година во градот Струмица (тогаш Кралство Југославија). Тој е син на Туше, трговец кој бил уапсен двапати поради анти-комунистичка дејност. Во 1946 година бил затворен за активности поврзани со ВМРО со уште неколку ученици во градската гимназија, меѓу кои и Мирко Пецев. Служел казна затвор од две години во Идризово[1]. Во 1950 година завршува образование во Струмичката гимназија и оди во Белград да учи на правен факултет. Убиен е на 13 август 1951 година кај село Дорломбос, Струмичко како дел од Петте струмички студенти.

Ѓорги Јармов
Роден 1 април 1929
Струмица, Кралство Југославија
Починал 13 август 1951(1951-08-13) (возр. 22)
Дорломбос, ФНР Југославија

Наводи

уреди