XIX легија („Деветнаесетта легија“; латински: Legio XIX) ― легија на императорската римска војска. Бил уништен во 9 н.е. во Битката кај Тевтобуршката Шума. Амблемот на XIX-тата легија е непознат, но веројатно бил јарец како и другите легии што биле под власт на Август.[1]

Реконструкција на римскиот орел.

Историја

уреди

Била основана во 41 или 40 п.н.е од Август.[2] Нивната прва задача била на Сицилија каде Секст Помпеј, синот на Помпеј, водел бунт. Овој бунт го загрозувал снабдувањето со жито на Рим и му требал остар одговор.

Во 30 п.н.е., ветераните од XIX легија биле населени во близина на Пиза,[1] и потоа, остатокот од легијата бил распореден на границата на Рајна со основен камп кај денешен Келн. XIX легија учествувала во германските походи на Друс (13–9 п.н.е.) и на Тибериј (8–5 п.н.е.). До 5-та година п.н.е., Германија била римска провинција и Публиј Квинктилиј Вар бил назначен за управник.

Легијата можела да биде стационирана во денешен Дангштетен. Можно е причината поради која легијата била стационирана овде е да го контролира блискиот римски пат.[3][4]

Во 9 септември н.е., Арминиј, водач на Херуските и римски сојузник, поставил стапица. Тој пријавил голем бунт на едно од западните племиња и предложил враќање на управникот и на неговите легии на Рајна. Варус го прифатил предлогот и отишол со легиите XVII, XVIII и XIX. Војската била заробена во близина на денешен Оснабрик и била целосно уништена во Битката кај Тевтобуршката Шума. Помеѓу 16 и 18, Германик, водачот на војските на Рајна, ги барал остатоците од легиите. Орелот на XIX легија бил земен од Бруктерите.[3][5] Во 15 н.е. војниците под команда на Лукиј Стертиниј го спасиле орелот.[6] По нејзиното уништување, Римјаните никогаш повеќе не го користеле овој легиски број.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Authors, Several (17 декември 2015). History of The Roman Legions: History of Rome (англиски). Self-Publish.
  2. Bunson, Matthew (14 мај 2014). Encyclopedia of the Roman Empire (англиски). Infobase Publishing. ISBN 978-1-4381-1027-1.
  3. 3,0 3,1 Murdoch, Adrian (14 јули 2008). Rome's Greatest Defeat: Massacre in the Teutoburg Forest (англиски). The History Press. ISBN 978-0-7524-9455-5.
  4. D’Amato, Raffaele (16 јуни 2016). Roman Army Units in the Western Provinces (1): 31 BC–AD 195 (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 978-1-4728-1538-5.
  5. Powell, Lindsay (20 мај 2014). Roman Soldier vs Germanic Warrior: 1st Century AD (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 978-1-4728-0350-4.
  6. The Works of Tacitus, Volume 1, The Annals, London: Bohn, 1854, Book 2, chapter 25, p. 69.

Надворешни врски

уреди