Википедија:Што велат наставниците за Википедија
(Пренасочено од WPSU Comments)
Википедија е популарна кај наставниците во средните училишта. Еве некои коментари од наставниците за Википедија, земени непосредно пред одржувањето на првата презентација на Википедија пред наставниот кадар од средните училишта во Македонија, одржана истовремено на шест локации низ државата, на 8 февруари 2013 година во Скопје, Битола, Охрид, Штип и Тетово:[1]
- Користењето на википедија игра важна улога во наставата, најчесто учениците црпат податоци на одредени теми токму од овај сајт на англиски јазик. Недостатокот на информации на македонски јазик повлекува помало користење на сајтот од страна на учениците и наставниците.
- Може да се користи во наставата.
- Доста е корисно но треба проширување на македонски јазик.
- Позитивно во секој случај, дел од статиите треба да се дополнат и на други јазици бидејќи на англиски јазик се некако најпотполни и ги има во најголем број... за наставата Википедија е корисна во голема мера, но учениците првенствено очекуваат статии на македонски јазик.
- Доста содржини што не се опфатени со постоечките учебнци може да се најдат на Википедија.
- Неисцрпен извор на информации кои учениците можат многу делотворно да го искористат.
- Огромни потенцијали, бесплатен пристап до секакви податоци и дополнителна литература, нуди можности сите да научат нешто повеќе, извор на слики и карти ослободени од авторски права, од огромна полза за учениците и професорите во секој поглед. Единствена неповолност се можните погрешни податоци кои пред да се користат треба да се проверат на официјално место. Ова е особено присутно кај бројчените податоци и историските факти.
- На Википедија може да се најдат голем број на податоци и информации за материјалот кој што го учат учениците по предметите, без разлика дали станува збор за природни или општествени науки, а со тоа и да ги прошират нивните знаења.
- Лесно пристапна едукативна страница која им овозможува и на наставниците и учениците да се стекнат со универзални знаења од различна природа.
- Wikipedia, е одлична web-страна, која на учениците им дава дополнителни можности за проширување на нивните знаења, а е и од голема помош и при самиот процес на визуелното совладување на наставните единици.
- Доаѓаме до нови информации со кои ги прошируваме нашите знаења.
- Корисна енциклопедија прифатена од сите генерации.
- Многу точни податоци и веродостојни и за наставата и воопшто во секојдневниот живот.
- Секако дека претставува многу важен извор на податоци, но сепак секогаш барам од учениците да побараат најмалку уште еден извор. Забелешката би одела во насока да бидат одвоени деталите од општо важните податоци.
- Сметам дека Википедија може да биде место каде учениците па и возрасните ќе може да најдаат соодветен материјал за своите потреби. Нејзиното користење во наставата може да добие битно и значајно место.
- Преку Википедија се дава можност да се дојде до дополнителни информации за потребите во наставата. При истражување на информации како за наставата, така и за теми од секојдневниот живот, се овозможува да се прошират знаењата првенствено на учениците, а и на сите оние кои сакаат да го продлабочат своето знаење во областа за која се интересираат.
- Сметам дека Википедија е одличен извор на информации кој треба да се употребува при одредени истражувања и семинарски работи. Исто така, преку користење на Википедија учениците можат да ги прошират своите знаења стекнати во училиштето.
- Одличен извор на информации, но недоволно на македонски јазик.
- Кога треба да се истражува некоја нова наставна единица (материја), од значителна важност сеинфромации и податоци од википедија ...
- Со секцијава, како што е замислена едукацијата, позитивно мислење
- Википедијата би била одличен ресурс за учениците кога би имало повеќе преведени страници на македонски јазик и секако со добар квалитет.
- Википедија нуди можности за проширување на знаењата визуелно (со слики) и текстуално. Нуди едноставни објаснување на поими и појави и учениците најчесто симнуваат информации за изработка на проекти, истражувања и сл. Доколу за повеќе содржини би имало текстови и на македонски јазик, истите ќе можат да се користат при обработка на нови содржини, повторување, вежбање и сл.
- Мислам дека може многу да користи во наставата, како и помош на учениците за изработка на проектни задачи за нивната матура.
- Википедија нуди детални информации од најразлични области, што особено е важно и полезно како за учениците, така и за нас наставниците. Згора на тоа, претставува извор за додатни инфромации кои можат да се вметнат во секојдневната настава.
- Мислам дека Википедија е одличен пример за радикално колаборативен, вистински отворен, и што е најважно, бесплатен сајт, кој произведува содржина што би била интересна не само за потесна група луѓе, туки и за општата јавност. Употребата на Википедија и во самаа настава, а и во подготовка за истата е повеќе од потребна за секој наставник кој сака да го привлече вниманието на своите ученици со нови и интересни, а што е најважно, точни и веродостојни информации.
- Може да се користи како помошно средство и проширување на знаењето, нови податоци, информации ...
- Големи можности доколку има повеке содржини на Македонски јазик
- Добра работа иако во македонскиот дел нема многу од техниката. Јас користам по предметот технологија на моторни возила во наставата.
- Сметам дека е корисна и често ми е потребна во наставата, но недостасуваат податоци на македонски јазик.
- За мене лично дојде до голем пресврт со појавата на Википедија. Како професор по историја немам потреба од вртење страници од секакви книги туку на најбрз можен начин доаѓам до информациите.
- Во наставата ја користам кога имам потреба од информации за теми, настани, личности и сл. кои се дел од содржините кои ги предавам. Најдобар, најлесен и најбрз начин да се дојде до потребните информации за било што.
- Wiki е најдоброто нешто што му се случило на Интернет. Јас лично ако изворите на моето знаење ги делам на некои делови, без сомнение Wiki ќе го преземи најголемиот дел. Јас често пати го користам Wiki во наставните часови, земајќи го како основен пример. Користењето на Wiki во настава дефинитивно ќе го продлабочи знаењето и ќе го зголеми интересот и љубопитноста за нови занења.
- Сметам дека Википедија може да биде доста корисна алатка во наставата, но, секако потребно е да се прошират содржините на македонски јазик.
- Повеќе материјали кои се потребни во наставата.
- Користењето на Википедија е од исклучително значење во наставниот процес. Достапноста на информациите во сите области на живеењето се секојдневие и го прават образовниот процес побогат за стекнување на нови знаења и отворање на нови хоризонти. Недостатоци секако дека има особено кога станува збор за податоците на Македонски Јазик кои за одредени работи се сиромашни, а доаѓаат и непроверени информации кои ствараат одредена забуна кај корисниците.
- Користењето на Википедија во наставата е постојано, значи особено изучувајќи историја на уметност на учениците им е како десна рака. Во однос на професорите истото мислење го делам, за поголема разнообразност и опширност во наставата им служи како неисцрпен извор.
- Податоците кои се наоѓаат на оваа страна се оскудни и недоволни да бидат цитирани или наведени како извор. Но најважно е тоа што и покрај малиот број на податоци некои од нив не се точни, некои се со лош македонски превод, а во некои се користат и погрешни стручни термини.
- Одличен едукативен сајт каде најдобро се гледаат можностите на напредниот свет.
- Википедија е одлично место од каде што можеме да се информираме за многу информации повразни со било кој сегмент од нашиот живот. Википедија во голема мера може да ни помогне при наши истражувања и дополнувања на знаењата, посебо на учениците. Сметам дека овој проект доста ќе придонесе да се создаваат уште повеќе содржини на македонски јазик.
- Сметам дека Википедија би можело многу да помогне во наставата, и дека е корисен извор за спроведување на наставниот план и програма.
- Големо значење во информирање на учениците за нови технологии, познавање на стручни поими од струката
- Википедија е страна кој ни овозможува мене и на учениците за добивање на нови знаења, информации, пребарување за време на часовите.
- Википедија е страница која ни овозможува пребарување на потребни податоци за време на часовите и им користи на учениците како помошно средство при пишување на зададените задачи
- Википедија е страница која ни овозможува на мене и на учениците за пребарување на информации, добивање на нови знаења.
- Википедија е страница која ни овозможува мене и на учениците добивање на нови знаења, информации и др.
- Одлична страна за поставување на статии, материјали кои помагаат при реализирање на наставните содржини.
- Учениците може да истражуваат, да ги зголемат своите знаење, да се надоградуваат.
- Википедија ни нуди низа можности кои може да се користат конкретно во наставата, со кои се олеснува барањато и добивањето на информации и податоци во секое време, добивање на корисни податоци при опис на места ширум светот.
- Википедијата дава можност за брз, но несигурен извор на податоци за предметот што не интересира. Сепак, таа е значаен извор на податоци, пред се за учениците. Нејзиното користење на наставата, сепак, би го ограничила зашто книгата и пишаниот документ треба да бидат клучниот извор на знаења за учениците.
- Википедија е одлична алатка на која редовно се потпирам, како при подготовка за час, така и при истражување за време на часот од страна на учениците.
- На Википедија можат да се најдат најразлични содржини и информации кои во моментот ни требаат. За жал јазичното издание на Википедија на Македонски е многу сиромашно со содржини.
- Википедија е добар извор на информации, со оглед на тоа дека многу полесно се снаоѓаме на македонски јазик, добро би било нашата верзија да биде подобрена и поцелосна.
- Учениците добиваат корисни дополнителни информации за сите општествен појави. Информациите добиени од Википедија ги користат за да ги прошират своите знаења.
- Википедија претставува алатка која на различни начини може да се примени во наставата. Самиот корисник се јавува во улога на творец на содржината, што само по себе значи многу поинтересен пристап за секој што оваа алатка сака да ја користи. Преку истражување на интернетот и литературата, корисниците ќе можат да придодаваат и менуваат содржини, кои ќе придонесат кон збогатување на нивното лично знаење, а и базата на самата Википедија за останатите корисници. Википедија како едукативна алатка овозможува пристап кон многу едукативни содржини, на различни јазици во светот. Како за наставата, така е значајна и за бизнис секторот, како дел од веб 2.0 технологиите.
- Според мене, Википедија нуди различни можности за збогатување на знаењата на ученици и наставници. Во зависност од предметот којшто го предава, наставникот може да ја користи Википедија во наставата преку задавање на истражувачки проекти, барање податоци за зададена тема, термини, составување презентации и слично.
- Со користење на Wikipedia во наставата секој ученик би се нашол во улога на истражувач. Преку нејзиното користење ќе може да истражува, да открива и да го примени пронајденото во наставата.
- Википедија на македонски е многу сиромашна со информации, а учениците имаат голема потреба од тоа, затоа сметам дека збогатувањето со содржини на македонски е од огромна важност за сите, а особено за учениците од сите возрасти.
- Преземање на најразлични информации и податоци по сите предмети.
- Користење на стручни податоци и информации кои можат да се користат по различни предмети во наставата
- Одлична можност за внесување на нови содржини, кои според мене недостасуваат, а се однесуваат на Македонија. Преку создавање на нови содржини учениците ќе се запознаат и ќе научат многу работи за својата татковина и ќе може да ги применуваат знаењата и во секојдневниот живот.
- Википедија ја користам во наставата, во делот на изработка на проектни задачи, истражувања,семинарски и др. Но википедија на македонски јазик поретко, поради недостаток на информации.
- Ни користи во наставата, има доста информации кои се потребни за учениците при совладување на наставните содржини, меѓутоа повеќето информации се на српски јазик.
- Учениците многу често, нарочно при изработка на проектни задачи или разни семинарски работи, имаат потреба од пребарување и пронаоѓање на релевантни податоци од соодветната област. Тоа знае да биде тешка и макотрпна работа бидејќи податоците од многу интернет сајтови се нерелевантни, нецелосни, па многу често и неточни. Тука настапува Википедија (МК) која неретко е главен извор на информации во ученичките трудови. Од оваа причина ја поздравувам и поддржувам секоја иницијатива за нејзино подобрување, доплонување, уточнување итн.
- Бидејќи сум наставник по англиски јазик, Википедија е од голема корист на моите часови кога со учениците истражуваме за одредени тематики или поими во врска со наставната содржина.
- Тоа е извор од кој секојдневно црпиме информации според мене е синоним за валидни и проверени податоци ажурирани од комптетентни луѓе. Википедија има доста корисни содржини што често ги користам. Обично се тоа податоци за некои писатели, дела, стилски информации. Но многу често и Википедија ја користам и за многу други податоци, географски поими, податоци и од многу други науки. Во секој случај, Википедија е вистинска енциклопедија.
- Супер пребарувач кој ги задоволува потребите на учениците во средното образование.
- Википедија е место - енциклопедија, каде што можат да се напишат и уредуваат различни содржини поврзани со наставата, односно учениците ќе имаат брз и лесен пристап до голем број на информации потребни за различни наставни предмети, слободни активности, проекти и слично.
- Википедија може да се користи многу делотворно во наставата и како извор на пишани информации и како место кое може делотворно да обедини видео, аудио, нагледност. Уште повеќе, ако на учениците им се укаже на можноста тие да придонесат со преводи и објавување на свои содржини.
- Википедија мошне често ја користам иако постои можност за подобар квалитет. Нејзиното користење во наставата мислам дека би имало многу добар ефект при реализацијата на наставните единици.
- Користам Википедија, од мојот предмет (мојата област) има многу податоци. Учениците за изработка на домашни задачи ја користат најмногу неа.
- Извор на информации, проверка на информации.
- Нашите ученици доста ја користат Википедија за наставни содржини кои на македонски јазик за жал сè уште се доста сиромашни. Затоа се надевам со овој проект ке дадеме голем придонес во збогатување на истите.
- Постојат големи можности за користење на Википедија во наставата, за барање на податоци, инфромации, за правење на одредени истражувања, за објаснување на одредени поими итн.
- Да претставува можност за црпење на информации со прецизен извор ,да има проверени и недвосмислени информации кои ќе погнат на корисниците и да ги опфаќаат повеќето области
- Википедија е одличен извор на информации од најразлични теми кои учениците можат да ги користат во нивното секојдневие, а со тоа и во процесот на образование. Тие можат да работат на истражувачки проекти и да истражуваат, да ги развиваат индивидуалните способности, како и тимската работа. Од големо зналење е тоа што Википедија во денешно време е достапна кога и каде сакаме, бидејќи сите ученици имаат секојдневен пристап од компјутер и интернет. На тој начин тие имаат можност да ги развиваат своите компјутерски и јазични способности, како и квалитети во многу области.
- Ако ги разглредаме статистичките податоци на РМ за користењето на компјутер и интернет ќе забележиме дека преку 50 % од поулацијата користи компјутер и интернет. Учениците исто така користат компјутер и интернет во наставата. Сето ова дава добра можност самата Википедија на македонски јазик која е достапна и посетувана на интернет од учениците да биде подобрена со создавање на нови и подобрување на старите статии.
- Енциклопедија која е достапна за секој и во секое време.
- Онлине енциклопедија - нон стоп достапна за секого со многу информации истите преведени на многу јазици. Често ја користиме било од наставници било од ученици, посебно во изработки на семинарски, домашни, и сл.
- Корисна енциклопедија за сите од наставници до ученици каде можат да се информираат за сето она што не им е јасно а може да се искористи и за време на наставата.
- Лесна достапност до убава база со пишани содржини.
- Обемниот број на информации понудени на Википедија ми овозможуваат како професор по англиски јазик да барам дополнителни информации поврзани со различни области и нуди помош на учениците при изработка на проекти, домашни задачи и разни видови на дополнителни активности со што го збогатуваат своето знаење
- Википедија нуди огромни можности за напредувањето во знаењето на учениците, само мислам дека сè уште е недоволно искористена треба што повеќе да им се наметнува на секоја нишка во образовниот систем од ученици до сите погорни инстанци се до раководството. За да ве разбере некој што работите треба и тој да се интересира и да Ве поддржува во активностите кои ги практикувате.
- Во сите области е одлична за пребарување, со огромно значење за потребите на сите корисници.
- Интернет страницата е доста добро обмислена, но за да учениците ја користат во наставата треба да имаат добри познавања од Англискиот јазик, зошто на Македонски јазик има доста малку информации. Поради тоа ја поздравувам вашата иницијатива, која би требало да придонесе за подобрување на ваквата состојба.
- Можат да се најдат многу информации и надворешни врски кои ќе им помогнат на учениците во совладување на наставните содржини. Честопати од учениците се бара да изготват проекти од дадени области и Википедија им е одлична појдовна точка за тргнување.
- Wikipedia од аспект за помош на учениците сè со цел пронаоѓање на одредено значење на одредени термини и поими и нивно поедноставување.
- Честопати, за потребите на наставата, а особено за проектните задачи, учениците користат Википедија. За жал содржините на македонски јазик се доста сиромашни или пак ги нема. Со збогатувањето на содржините на македонски јазик на дел од учениците ќе им се овозможи да ги збогатат своите знаења, а останатите да ги споделат своите знаења и познавања.
- Би било од многу голема корист доколку има многу повеќе содржини, особено на македонски јазик.
- Википедија претставува извор на информации што учениците го користат во наставата, особено во делот на изработка на проектни активности. Потешкотии на кои тие наидуваат, се штурите информации на македонски јазик, особено во делот интересен за учениците од моето училиште, а тоа се природните науки и електротехниката во поширок смисол.
- Википедија е новото електронско енциклопедиско знаење. Има големо значење во животот на луѓето кои сакаат да се образуваат, да разјаснат нешто или да истражуваат. Оттука можностите на Википедија се големи и од огромни значење за обичниот човек, учениците од сите возрасти и студентите кои можат да се дообразуваат вон рамките на понудениот материјал во наставата.
- Брз и едноставен пристап до многу корисни информации што е од голема корист за учениците.
- Нуди можности да секој збогати своите знаења од сите области. Доколку бидат достапни информациите на македонски, би овозможиле збогатување на наставните содржини, би ја осовремениле и збогатиле наставата, што би резултирало со подобри знаења на учениците и поголема примена на ИТ во натавата. Во образовниот процес сум речиси 30 години и особена ми е чест што сум дел од овој проект. Голема благодарност до одговорните на овој проект. Години наназад моите обиди и размислувања како и на кој начин да им помогнам на моите колеги и ученици на полесен начин да ги пренесат и усвојат новите знаења што ги нуди Интернет библиотека. Само напред!
- Википедијата им овозможува на учениците да истражуваат, да осознаваат и да ги прошират своите знаења од различни области
- Портебно е но повеќе на Македонски јазик.
- Користење во наставата за истражувачки цели.
- Им помага на учениците особено околу проектните задачи, но сепак треба уште да се уредува. Во наставата ја користам кога треба да истражуваат за одредена битка, личност и сл.
- Википедија е електронска енциклопедија која на брз и едноставен начин ни овозможува пристап до информации на корисниците посебно на учениците. Тие можат да ги прошируваат своите знаења и со тоа да се поттикне нивниот истажувачки дух.
- Википедија е корисна за сите, па и за учениците - најлесен пристап до информации.
- Корисна и значајна енциклопедија. Можност дава за користење и изнаоѓање на податоци како за наставните единици така и за изработка на проекти.
- Широк спектар на знаења од сите области, можност за истражување и споделување на сопствените знаења и активности.
- Учениците имаат можност да истражуваат, но и професорите.
- Може да прерасне во одличен универзален учебник.
- Мислам дека може да биде од голема помош и корист како на учениците, така и професорите, бидејќи нуди голем број на детални информации за секакви области, кои всушност е многу тешко да се најдат на едно место за толку кус временски рок.
- Википедијата е одлична за развој на интелектуалните способности кај учениците, но и за поттикнување на моралниот развој, бидејќи е од голема корист за учениците при стекнување на нови информации, при богатење на нивните сознанија, проширување на нивните знаења и погледи на светот и слично. Ученикот многу полесно може да дојде во контакт со информациите коишто се од негов интерес, да ги развива творечките сили и способности, да ја формира сликата за себе и за светот што го опкружува.
- Википедија нуди исклучително добри можности кои што се од особена важност за сите нас. Можност за олеснување на работата на учениците која што ние сме ја немале претходно. Брзи и лесно достапни информации од секоја тема, широка и разновидна покриеност на исте области. Можност за брзи информации и лесен пристап на ученикот кон нови знаења и предизвици да прочита и научи нешто ново.
- Достапни информации за проектно учење, појаснување нејасни термини, ...
- Не сум баш задоволен од Википедија
- Податоците и информациите не се доволно прецизни
- Податоците не секогаш се валидни и точни.
- Доста корисно за учениците, бидејќи на брз и лесен начин може да дојдат до потребните информации.
- Википедија нуди можности за добивање на нови информации, кои истите можат да се искористат за унапредување на образовниот процес.
- Користењето на Википедија е многу значајно за наставата, затоа што учениците на многу брз и едноставен начин доаѓаат до саканите информации.
- Од особено значење е можност во секој момент од наставата да се добијат релевантни податоци за материјалот кој се изучува и да се искористат за продлабочување на знаењата на учениците. Исто така сликите кои се поставени на Википедија ќе го приближат наставното градиво до учениците, затоа што ние професорите не сме секогаш во состојба да им покажеме како изворно изгледаат, на пример филозофите кои јас ги предавам, потоа местата на нивно раѓање, каде патувале за да подучуваат итн.
- Одлична можност за пребарување на информации и податоци. Но има недостаток во научната основа на информациите што ги нуди.
- Најкратко, значењето на Википедија би го истакнала преку следново: секогаш кога ќе побарам дополнителни информации во наставата, учениците најпрво бараат од Википедија бидејќи е најпопуларна кај нив.
- Како за прва информација добра. За посериозно потребно е организиран пристап.
- Има некое минимално значење за добивање основни информации. За зголемување на значењето потребно е поорганизирано пристапување.
- Мислам дека не е доволно користена во образованието. Причина е мал број на содржини на македонски јазик, кои се несразмерно помалку отколку на англиски. Сепак учениците ја користат за изработка на проекти.
- Малку инфромации на македонски јазик. Ја користам во нставата по предметот географија.
- Големи можности за претставување на интернет на сите области од науката, историјата и друго на македонски јазик.
- Ако има повеќе информаци иби можела да се користи во наставата.
- Многу добар начин да се дојде до потребните детални информации кои ни се потребни. Најдобра солуција за потребните материјали во техничките струки, бидејќи со брзи чекори техниката напредува а со Википедија може најдобро да се држи чекорот во однос на теоретскиот дел.
- Wikipedija може да се користи едукативно во наставата, добивање на материјали кои нема да ги најдеме во учебници. Исто така може да се искористи Википедија во замена за учебник за некои содржини од наставен материјал по предмети, дополнителни податоци за проширување на заењата.
- Генератор на информации, проширени знаења, проектни задачи, прикачување на валидни информации од проектни задачи за наредните генерации.
- Deri tani Wikipedia, mund te them qe eshte burimi kryesor i informacioneve per lendet te cilat i ligjeroj. Kjo per arsye se per ato lende ende nuk ka libra te miratuara nga Ministria, kurse literatura ekzistuese nga Shqiperia, Kosova apo dhe Shkupi shpeshhere nuk i plotesojne kerkesat apo nuk jane te mjaftueshme per zhvillim te lendes, ngaqe objekti i disa lendeve ndryshon dita dites. Per ate arsye, Wikipedia mbetet per mua gjithmone i nevojshem ne procesin mesimor.
- Ми помага за добивање информации како за приватни така и за информации поврзани со наставата
- Пристап на корисни информации, како за учениците, така и за професорите.
- Од голема корист е за дознавање на информации од сите области, многу може да се користи во наставата најмногу при вршење на истражување и изработка на проекти.
- Од Википедија учениците можат да дознаа многу со само еден клик и сето тоа да го применат во наставата, брз и ефикасен начин како до информации за било што ... огромен чекор напред бидејќи со прелистување на големи енциклопедии и трчање по библиотеки сега таа е многу поблиску и секогаш достапна. Во целина добра страница, која нуди многу информации потребни за наставата и секојдневниот живот.
- Добра основа за корисни информации ..........................
- Користиме податоци од Википедија и со наша помош им ги презентираме на учениците.
- Непресушен извор на информации кои се корисни во образовниот процес ...
- Многу ми се допаѓа, можност за доаѓање на информации и податоци кои се потребни, многу брз и лесен начин за да го дознаам тоа што ми е потребно. Со учениците го применувам на тој начин што јас им покажувам и објаснувам.
- Доста често користиме информации од Википедија кои ни помагаат во наставата.
- Ми се допаѓа Википедија, сметам дека нејзиното користење во наставата е од големо значење.
- Земајки ги во обзир предзнаењата на учениците во нашето училиште и нивната заинтересираност за користење на информации надвор од предвидениот учебник, која реално е на многу ниско ниво, би кажала дека користењето на Википедија во наставата во нашето училиште е можно само повремено и повеќе во смисла за запознавање со Википедија а не како извор за надградба.
- Одличен извор кои многу често го користам.
- Корисно е во наставата. Учениците прибираат податоци за поедини предмети.
- Тоа е поле кое постојано им нуди можности на младите да бидат точно и навремено информирани.
- Може многу да користи како извор на содржини и нагледност во наставата.
- Добро е да се користи, но не премногу.
- Можност за учење нови нешта и полесно изнаоѓање на одговор на некои прашања кои можеби не сме ги знаеле.
- Содржините од Википедија можат да им помогнат на учениците во продлабочување на стекната знаења и вештини.
- Place for sharing knowledge.
- Информатор кој придонесува за дополнување на потребни информации по одделни предмети. Посебно е корисно при изработка на проекти од различни области
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 2013.02.08 Презентација на Википедија и останатите проекти пред наставниот кадар од средните училишта, на шест локации во Македонија mk.wikimedia.org