СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп[2].

СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Местоположба

Координати41°20′36″N 21°33′54″E / 41.34333° СГШ; 21.56500° ИГД / 41.34333; 21.56500
Информации
Основано1963
ДиректорЖанета Видевска
Вработени74[1] (2016)
Наставен јазикмакедонски
Мрежно место

Основање и развој уреди

 
Ѓорче Петров

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирано од две други училишта и тоа: Текстилно-рударското училиште „Илија Игески-Цветан“ и Техничко-дрвопреработувачкото училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“. Училиштето „Илија Игески-Цветан“ со работа почна од 1963 година со профилот ракувач со рударски машини, а во склоп на истото училиште по четири години се формира нов профил - конфекционер. Во 1984 година се формира Училишниот центар за производни занимања „25 Мај“ под раководство на директорот Видан Желчески до 1989 година. Од 1989 до 2002 година СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп беше под раководство на директорот Бранко Лашкоски. Во овој период училиштето е преименувано во ДСУ „Ѓорче Петров“. Од 2002 до 2010 година директор на училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е Спасе Здравески. Во 2005 година училиштето од ДСУ преминало во СОУ „Ѓорче Петров“. Од 2010 година директор на училиштето е Дејан Димоски.

Патрон уреди

Патрон на училиштето е Ѓорче Петров, еден од четирите столба на македонската револуционерна борба за слобода и национална самобитност. Ѓорче Петров ги направил првите национални чекори на полето на географијата и етнологијата, во 1896год. ја објавил обемната научна творба под името „Материјали по изучувањето на Македонија“, бил член на ЦК на ТМОРО, а заедно со Гоце Делчев, бил творец на првиот Устав на Македонската Револуционерна Организација. За време на Илинденското востание, летото 1903 година со своја чета составена од македонски емигранти, илегално ја поминал границата и се активирал во востанието на територијата од Прилепско-Мариовскиот регион. Бил убиен од агентите на Тодор Александров, на 28 јуни 1921 година во Софија. Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојноста на Македонија. Неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш е во рацете на Македонците“.

Струки уреди

Во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп функционираат следниве струки и профили[3]:

Здравствена струка уреди

Во рамките на здравствената струка учениците се стекнуваат со знаења од општообразвони предмети, стручни предмети, практични знаења и вештини од следниве профили: медицинска сестра, фармацевтско-лабораториски техничар и физиотерпевтски техничар.

Медицинска сестра уреди

 
Медицинска сестра

Профилот медицинска сестра, во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен 1998 година. За време на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, запознаени се со општите начела и правила на медицинската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието учениците излегуваат како професионални медицински сестри, кои имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Исто така можат да го продолжат своето образование на кој било факултет, но првенствено на факултетите за медицинските науки. Практичната настава започнува во втора година, и истата се изведува во специјално опремени кабинети од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Се изведуваат и посети на Домот за стари лица „Киро Крстески - Платник“ во Прилеп, како и посети на други приватни или државни здравствени установи низ државата кои претставуваат вредни искуства за учениците. Феријалната пракса е задолжителна за учениците од втора и трета година која се реализира во текот на летниот распуст со времетраење од дваесет работни дена, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија. Работата на учениците се евидентира во дневникот за практична настава.

Фармацевтски лабораториски техничар уреди

 
Фармацевтско лабораториски техничар

Профилот - фармацевтски лабораториски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2007 година. Низ четиригодишно образование учениците стекнуваат знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. После завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, лабораторија или да го продолжи своето образование на некој од факултетите. Практичната настава започнува во втора година. Се изведува во лабораторија и во кабинети кои се опремени со потребните инструменти и апарати. Во склоп на лабораторијата има и импровизирана аптека со чија помош учениците се запознаваат со лековите кои ги изучуваат на теоретската настава. Учениците од четврта година посетуваат и практична настава во некои од приватните аптеки. Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:

  • Работа со лабораториски прибор
  • Подготвка на реагенси, раствори
  • Пребарување и употреба на фармакопеа
  • Идентификација, одредување на чистота на соединенија, како и нивна примена
  • Изработка на магистрални препарати за надворешна употреба
  • Сигнатура на препартите
  • Микроскопска и макроскопска идентификација на дроги и др.

Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во приватни аптеки, во времетраење од дваесет работни дена.

Физиотерапевтски техничар уреди

 
Физиотерапевтски техничар

Профилот - физиотерапевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2012 година. Низ четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • Примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата
  • Ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи
  • Работа со инвалидизирани лица
  • Работа со семејства на инвадилизирани лица
  • Спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје.

Практичната настава се изведува во специјално опремен кабинет во просториите на училиштето и во физикалната сала во ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Феријалната пракса е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во времетраење од дваесет работни дена.

Лични услуги уреди

Козметички техничар уреди

 
Козметички техничар

Профилот Козметички техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп воведен е од 1997 година. Во наставната програма учениците следат теоретска и практична настава. Во теторетската настава ги изучуваат општообразовните и стручните предмети значајни за оваа струка преку кои се запознаваат со општите начела и принципи на еден козметички техничар, нудење на добра услуга на клиентите, задоволување на нивните потреби. Во рамките на практичната настава, учениците изведуваат голем број на козметички постапки, како што се: депилации, масажи, наградба на нокти, маникир, педикир и др., со цел да ги стекнат вештините од областа на козметичарството. Практичната настава се одвива во добро опремен кабинет во просториите на училиштето во времетраење од два дена во една работна недела, а се врши и посета на професионални козметички салони во градот. По завршувањето на средното образование учениците можат да започнат сопствен бизнис со отворање на козметички салон, но исто така можат да го продолжат своето образование во било која високообразовна институција. Своите знаења и вештини, козметичките техничари ги презентираат на различни манифестации во рамките на училиштето, но и надвор од него, како што се:

  • Модни ревии коишто ги организира училиштето
  • Денот на жената – 8 март
  • Пригодни активности по повод патрониот празник
  • При презентирање на училиштето во градот Прилеп
  • При активности кои се организираат за време на новогодишните празници
  • При разни хуманитарни акции во рамките на училиштето и др.

Фризер уреди

 
Фризер

Профилот фризер во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен од 1997 година. Оттогаш, па сè до денес се обучува идниот стручен кадар во оваа област. Во рамките на овој профил се изведува теоретска и практична настава. Преку изучувањето на разни стручни, како и голем број други предмети учениците се образуваат со цел да имаат добра работна комуникација, да можат да ги осознаат потребите на клиентите, да ги научат основите на фризерството, намената на материјалите и сл. За идната работа како професионални фризери се обучуваат во рамките на практичната настава. Истата се одвива во фризерскиот салон во училиштето, кој е опремен со сите материјали и апарати кои се потребни за работа. Со практичната настава им се овозможува на учениците да ја искажат својата креативност со изведување на разни третмани за коса и фризури, под водство на стручни професори од училиштето. Профилот фризер има тригодишно траење, при што по завршувањето на образованието учениците можат да ја градат својата кариера во некој фризерски салон или да отворат сопствен, но можат да се надоградуваат и на некоја фризерска академија. Она што го умеат и знаат учениците можат да го покажат преку учество на разни хуманитарни активности по повод:

  • 8 март – Денот на жената
  • Новогодишните празници
  • Учество на ревијата којашто ја организира училиштето
  • Учество на манифестацијата „Денови на занаетчиството“
  • Учество на натпревари организирани од фризерската асоцијација и др.

Текстилно - кожарска струка уреди

Текстилно-кожарската струка во Прилеп датира од далечната 1962 година во тогашното училиште „Илија Игески-Цветан“. Наставата се одржува во современо опремени училници, а пак практичната настава се иведува во посебни работилници кои се во склоп на училиштето. Учениците своите знаења ги надоградуваат со посета на современи фабрики и мислења од стручњаци на нивно поле. Учениците учествуваат во многу проекти и активности во Прилеп и пошироко со создавање на модели за модни ревии при разни настани во градот.

Конфекциски техничар уреди

 
Конфекциски техничар

Профилот конфекциски техничар им овозможува на учениците да се здобијат со знаење од областа на технологијата на конфекцирање. Наставата ја одржуваат високообразовани стручни професори. По завршувањето на овој профил учениците можат да продолжат да студираат во иста насока, или пак доколку се одлучат можат да продолжат на студии од различни други насоки.

Шумарско-дрвопреработувачка струка уреди

Шумарско-дрвопреработувачката струка ја опфаќа областа за изработка и производство на мебел и ентериер. Се изучува анатомската градба и техничките својства на дрвото и неговата обработка. Во оваа струка учениците се запознаваат со машините кои служат за финална обработка на дрвото, а во понатамошното нивно надградување учат како да вршат проектирање на мебел и преку дрвните конструкции доаѓаат до идни решенија при изработка на мебелот. Исто така учениците ја изучуваат техничката документација која е потребна и го следи производниот процес на мебелот. Преку практичната настава која е составен дел на образованието, учениците реализираат готови производи.

Техничар за мебел и ентериер уреди

 
Техничар за мебел и ентериер

Профилот техничар за мебел и ентериер од шумарско-дрвопреработувачката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е присутен неколку години. Учениците имаат посебна работилница која е опремена со машини кои му се потребни за изработка, додека наставата ја изведуваат професори кои се високообразовани. Стручните предмети во овој профил овозможуваат високо развивање на учениците и можност за понатамошна самостојна работа. Учениците од овој профил се задолжени за средување и модернизирање на ентериерот од нашето училиште. Исто така учениците имаат учествувано на голем број проекти и активности. Секоја година учествуваат на саемот за мебел во Скопје, каде што учениците секоја година изложуваат помодернизирани и покреативни достигнувања од нивната струка. По завршувањето на образованието овие ученици излегуваат од нашето училиште како техничари за мебел и ентериер. Овај профил е од четврт степен и по завршувањето учениците можат да продолжат на студиска програма како што е Проектирање и технологија на мебел и ентериер, но исто така имаат и можност да се запишат на други студии.

Рударско - геолошка струка уреди

Рударско - геолошката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведена во 2007 година. Струката предизвикува голем интерес кај учениците од основните училишта. Во оваа струка се изучуваат стручни предмети кои не се толку познати, но се интересни за изучување и поради тоа оваа струка сè повеќе напредува.

Геолошко - рударски техничар уреди

 
Геолошко рударски техничар

Профилот геолошко - рударски техничар е потребен во една земја како за населението, така и за работниците. Наставата ја одржуваат професори и инженери од таа струка. Во изградба е терен и соодветен рудник каде што учениците ќе ја изведуваат својата практична настава. Во склоп на нашето училиште има соодветен кабинет каде што учениците одржуваат дел од практичната настава со цртање и пресметување. Феријалната пракса се изведува во фабрики од таа област по избор на ученикот. Со завршување на овој профил учениците можат да работат како: геолошки техничар, рударски техничар, цртач во катастарско биро и би можеле да отворат свој бизнис. Понатамошното образование учениците можат да го продолжат на Рударско-геолошки факултет кој е присутен во нашиот град. Оваа професија е многу ретка во нашата земја и затоа се потребни работници од таа област. И оваа струка е со четврт степен, така што учениците можат да студираат и на други факултети.

Награди и достигнувања уреди

Награди на општинско ниво уреди

  • 13 ноември 2011 година - Благодарница за менторирање на две добитнички на втора награда на конкурсот распишан од Градската библиотека „Борка Талески“ - Прилеп, во категоријата – најдобра песна кај ученици средношколци
  • 2012-Третоноемвриска награда која е доделена на СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп во 2012 година за најуспешно училиште
  • Февруари 2012 година - Благодарница за најдобри песни и расказ под покровителство на НВО „СЕГА“
  • Април 2012 година- Благодарница за II место за менторирање на ученик во категоријата најдобар расказ под покровителство на Друштвото на млади писатели на град Прилеп
  • 2012 - Ученичката Калина Симјаноска освои II место на натпревар по Македонски јазик и литература, распишан од Градската библиотека Борка Талески, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • 2012 - Ученичката Михаела Кузманоска освои II место на натпревар по Македонски јазик и литература, распишан од Градската билбиотека Борка Талески, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • 2012 - Ученичката Наталија Реловска освои III место на натпревар по Македонски јазик и литература, распишан од Градската библиотека Борка Талески, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • 2012 - Освоено II место на општинско ново за најдобар рецитатор
  • По повод на празникот Прочка во нашиот град се врши изложба на маски кои се изработени од ученици од сите училишта каде што учествуваше СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп и многу од нашите ученици имаа освоено I, II и III место
  • 21 февруари 2013 година - Благодарница за најдобар есеј на конкурсот по повод Денот на мајчиниот јазик, под покровителство на Коалицијата на младински организации ИНФО СЕГА
  • Прво и второ место на Конкурсот од Градската библиотека. На Конкурсот што секоја година во ноември, традиционално, го распишува Градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, по повод Месецот на книгата, нашето училиште се закити со две значајни награди. Ученичката Сара Стомнароска од 3-2 клас ја доби Првата награда во категоријата - најдобра песна, за песната „Ноќ“, под менторство на проф. Лидија Ристеска. А ученичката од 4-7 клас, Михаела Кузманоска, во категоријата - најдобар расказ ја доби Втората награда за расказот „Една чашка мартини“, под менторство на проф. Билјана Тинтоска.

Награди на државно ниво уреди

  • Во 2009 година ученичка од нашето училиште освоси III место на натпревар за младинци во карате
  • 5 мај 2012 година - Пофалница за менторство на Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп за освоено I место во категоријата Најдобра драмска претстава - комедија на учениците Бранкица Вецеска, Александар Милошоски, Јованчо Пуцакоски, Филип Стојаноски, Мартин Тошески, под покровителство на ЕДРМ (Европско друштво на Република Македонија), под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • Најдобар рецитатот на државно ниво има освоено четврто место ученик од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  • Ученичка од втора година беше претставник од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп на натпреварот по Латински јазик кој се одржуваше на државно ниво и освои III место
  • 2012-Ученичка од прва Дијана Јованоска учествуваше на државен натпревар по Латински јазик, при што освои I место
  • 2012-Ученичката Гордана Заркоска освои I место на натпревар по Македонски јазик и литература, организирано од страна на Козвиталија, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • 2012-Ученикот Борјан Јованоски, освои I место на државен натпревар организиран од страна на Козвиталија, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска
  • 2012-Ученичката Марија Јорданоска освои I место на државен натпревар по Латински јазик во 2011 година, под менторство на професорката Цветанка Стојаноска
  • 2012-Ученичката Гордана Ристеска освои IV место на 48 Смотра на млади истражувачи, под менторство на професорката по хемија Весела Здравеска
  • 2012-Ученичката Андријана Шаркоска учествуваше на државен натпревар по географија, под менторство на професорот Цане Шаркоски
  • 2013 - Доделени три награди од страна на Македонската Википедија во категориите:
Нјактивна вики секција - Прво место
Најактивен ученик - Дишоски Благојче, Прво место
Најактивен професор - Билјана Рошкоска, Второ место

Награди на меѓународно ниво уреди

  • 27 октомври 2011 година - Благодарница за менторирање на две ученички Калина Симјаноска и Гордана Заркоска,чии книги влегоа во најтесниот круг на дела за издавање на Конкурсот распишан од меѓународната литературна асоцијација Дата Песнопоj, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Билјана Тинтоска

Проекти и активности уреди

Проекти уреди

  • На 26 мај 2000 година - СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп беше домаќин и организатор на VII Републички младинско – поетски фестивал, како минатогодишен победник,Билјана Переска беше наградена со прва награда.
  • Од 2005 до 2008 година - СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп беше избрано во првиот круг за учество во проектот СЕА (Активности во средното образование), под менторство на УСАИД, за што доби донација – најнов модел машина за обработка на дрво со 7 операции, како и многу нагледни средства за здравствената струка. Тим од училиштето успешно работеше на овој проект, а беше изведена и дисеминација на образовните активности за интерактивна настава кај наставниот кадар.
  • Во јуни 2011 година тим од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп учествуваше на обуката за спроведување на проектот „Дете правобранител“ „Младинско учество“, што се состои во организирање и спроведување избор на класна заедница и младинска организација на училиштето во организација на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ и со поддршка на Министерството за образование и наука и Министерството за правда, во рамките на проектот „Правата на детето во образованието“. Сите овие институции успешно функционираат и ги реализираат предвидените активности во смисла на заштита на правата на детето во образованието, но и на организирање работилници по класовите и хуманитарни акции. Овие институции се промовирани и со промотивни кусометражни филмови изработени од самите учесници во нив. Исто така, во периодот од 11 до 29 март, група од осум ученици под менторство на професор по англиски јазик, беа во Троген, Швајцарија на обука во врска со споменатиот проект.
  • Од мај 2012 година СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп учествува во проектот кој е дел од АЦЕС-програмата за прекугранично партнерство на училишта. Целта е размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство на училиштата. Проектот е поддржан од 15 министерства за образование на исто толку земји-учеснички. СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е дел од партнерскиот тим во кој уште учествуваа училиштата „Лицеул теоретик магдацести“ од Криулени, Молдавија и гимназијата „Клебелсберг Куно за основно и средно образование“ од Будимпешта, Унгарија. Во рамките на активностите за реализација на проектот беа и меѓусебните посети на трите училишта. На 8 март 2013 година целосно се исполни соработката меѓу Македонија, Унгарија и Молдавија во АЦЕС проектот со посета на гимназијата “Клебелсберг Куно за основно и средно образование“ во Будимпешта, Унгарија.
  • По вторпат на крајот од календарската година се реализира проект за изработна на рекламен календар. Во него учествуваат деца коишто учат во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп под водство на професорката Марта Макеска. Вклучени се деца од повеќе струки и профили, со цел изработка на творби од конфекциските техничари, шминка и фризура од учениците со струката лични услуги и модели, наши ученички од сите струки и години.
  • СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп има учествувано на проектот ``ТРЕШ ФЕШН`` во Скопје, каде што се одржува модна ревија со еколошки материјали.
  • Учењето преку работа и вештини – проектот поддржан од УСАИД, заради кој е изграден Кариерен Центар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп. Во 2012/2013 година.
  • Насмевката на црвеното јаболко – микрософт, користење на IKT.( Фејсбук страница за проектот )
  • Проект GEC 2012/13
  • 2013-Работна посета на Република Словенија. На покана на центарот за стручно образование и обука на Р.Словенија, делегација од Р Македонија, предводена од Г-дин Зекир Зекири, Директор на Центарот за стручно образование и обука и Директорите на средните училишта од Македонија во која е застапена струката Лични услуги, меѓу кои и Дејан Димоски Директор на СОУ „Ѓорче Петров“, имаа можност да бидат присутни на „Денови на убавина“ кои се организираат во приморскиот град Кипар.
  • 2013 Септември - European Development Days-видео проект. Во изработката на две минутното видео со наша визија за победа на сиромаштијата во светот организиран од Европската комисија за развој, учество од нашето училиште зедоа: професорките Изабела Чочева –Талеска и Емилија Бојческа – Конеска, како и учениците Делевиќ Мелиса, Дишоски Благојче, Еленинска Вики и Стојаноска Тања. Видеото содржеше сцени кои беа смислени од страна на тимот. Нашата тема беше „Сите заедно против сиромаштијата (We can beat the poverty together!!!) “. Се состоеше од две главни идеи за намалување на сиромаштијата, од кои едната од нив беше „собирање на ситните денари и донирање на бездомниците“, а другата „донирање на нашата непотреба облека на оние кои навистина им е потребна“. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=ngtC6-J_Ji4

Активности уреди

  • Во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп за денот 8 март, се одржува две години по ред панаѓур, каде што се продаваат производи и лични услуги од сите струки и профили.
  • Во тек е печатење на весник, којшто беше идеја од Младинската заедница избрана во нашето училиште, а весникот ќе го изработуваат учениците.
  • Активности во смисла на заштита на правата на детето во образованието, но и на организирање работилници по класовите и хуманитарни акции. Овие институции се промовирани и со промотивни кусометражни филмови изработени од самите учесници во нив. Исто така, во периодот од 11 до 29 март, група од осум ученици под менторство на професор по англиски јазик, ќе престојуваат во Троген, Швајцарија на обука во врска со споменатиот проект.
  • Активностите за реализација на проектот кој е дел од АЦЕС-програмата за прекугранично партнерство на училиштата. Во периодот од 14 до 17 февруари оваа година во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп престојуше делегација од 28 претставници од училишта партнери од Р.Молдавија и Р.Унгарија. Проектот е дел од АЦЕС-програмата за прекугранично партнерство на училишта. Целта на посетата е размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство на училиштата. Проектот е поддржан од петнаесет Министерства за образование на сите земји учеснички. АЦЕС секоја година објавува конкурс на различна тема.Темата за учебната 2012/2013 беше медиумска писменост, а името на нашиот проект е “творците на новости: творци на живот или на илузија”, посочи координаторот на проектот Елизабета Милошеска, професор по англиски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп. За време на посетата гостите ќе можат да се запознаат со училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп и да посетат дел од практичната настава која се изведува, да се сретнат и разменат искуства со наставниот персонал. Во рамки на проектот ќе биде изготвена и работилница на тема медиумска писменост и прикажување на сработеното. Присутните ќе ја имаат можноста да ги посетат и градовите Охрид и Скопје, а ќе се запознаат и со работата на Сител ТВ. АЦЕС иницира изнаоѓање на партнери од петнаесетте земји кои во моментот се дел од АЦЕС светот кој има тенденција да стане - АЦЕС без граници. Проектот вклучува размена на искуства, соработка помеѓу ученици, наставници, министерства за образование и локалните заедници од споменатите земји.
  • Во нашето училиште неколку години по ред се организираат турнири во:
Под раководство на Mалдинската организација, исто така во 2012 година Гиманзијадата се одржуваше во нашиот град, каде што турнирите се одвиваа во нашата спортска сала.
  • 2012-По повод на денот на СИДА-та во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, под раководство на младинската организација беше распишан конкурс за најдобар есеј на тема СИДА,каде што најдобрите текстови со помош на комисија беа избрани и наградени.
  • 2012-Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, идни здравствени работници, по повод светскиот ден на здравјето вршат мерење на виталните знаци на одредени локации низ градот Прилеп.
  • Секоја година СОУ „Ѓорче Петров“ подготвува Новогодишни честитки, со кои им ја честита Новата година на сите претпријатија со кои соработува.
  • Во 2012 година, учениците од ликовната секција сликаа уметнички слики на платно кои се поставени во ходникот пред канцелариите и во канцлариите на професорите, педагошката служба и секретарот.
  • април 2013-Хуманитарна и образовна посета на ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА во Битола по повод 7 ми Април со учениците од здравствена струка II - 1 и III - 3 клас
  • мај 2013-Учениците од средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп, во соработка со општина Кривогаштани и градоначалникот на општина Кривогаштани, го означија денот на медицинските сестри 12 Мај со успешна изведена акција на мерење притисок на граѓани од Кривогаштани и соседните населби.
  • август 2013-СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, учествуваше на „Аларм за природата“ - еколошки фестивал, при што се претстави со дебата на тема: „Еколошката свест кај граѓаните“
  • По повод Неделата на грижа за старите лица., учениците од Драмската секција изведоа пригодна програма, а во присуство и на учениците од 3-2 клас. На 13.11.2013г., учениците од Драмската секција на нашето училиште направија хуман гест, подарувајќи им на жителите од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ среќни и весели мигови со своите две изведби и песни. Имено, тие изведоа две претстави: „Училница“ и „На гости кај баба и дедо“, како и неколку песни со звуците на гитарата и прекрасната изведба на ученикот Борјан Јованоски од 4-7 клас.На оваа манифестација присуствуваа и учениците од 3-2 клас, здравствена струка – медицинска сестра, како и менторот на Драмската секција, проф. Билјана Тинтоска и стручните наставници: Наташа Ванчева, Ленче Јованоска и Тања Крстеска – Најдоска.

Модна ревија уреди

Од 2011 година, СОУ „Горче Петров“ традиционално организира Модна ревија, на крајот на учебната година. Модната ревија се организира со цел да се презентираат профилот конфекциски техничар и двата профили од струката лични услуги - козметички техничар и фризер. Модната ревија е организирана од професорките Марта Макеска - проф. по ликовна уметност и Весна Смугреска – проф. по стручни предмети во профилот конфекциски техничар и со помош од учениците од ликовната секција и учениците од Младинскиот учество на СОУ „Ѓорче Петров“. Секако има и спонзори со кои соработуваме, а тоа се конфекциите „Кули“ и „Жалфија, кои помагаат со материјали за изработка на творбите од страна на учениците од профилот конфекциски техничар, но учествуваат и со нивни творби. Во модната ревија учествуваат околу четириесет модели кои се ученички од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, кои се избирани според посебни критериуми од страна на проф. Марта Макеска и учениците од ликовната секција. Учениците од профилите козметички теничар и фризер ги шминкаат и им прават разни фризури на моделите. Во 2011 година, модната ревија се одржа во големата галерија на НУЦК „Мако Цепенков“, каде присуствуваа градоначалникот на Прилеп, г-динот Марјан Ристески, советникот за образование во Прилеп, г-динот Марјан Матракоски, директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, г-динот Дејан Димоски и професорите и учениците од училиштето и ученици од други основни и средни училишта. Во 2012 година, модната ревија се одржа кај новата фонтана пред НУЦК „Марко Цепенков“, каде исто така, присуствуваа градоначалникот на Прилеп, советникот за образование во Прилеп, директорот и професорите од СОУ „Ѓорче Петров“, но и директорите од сите основни и средни училишта во Прилеп. Исто така, присуствуваа и ученици од нашето и од други основни и средни училишта, со што се привлече внимание и кај други спонтани минувачи. Двете години, модните ревии беа свечено отворени од страна на ученици од нашето училиште, како и со говор на градоначалникот на Прилеп и директорот на СОУ „Ѓорче Петров“. Пред да започне ревијата, ученици од основните училишта се претставија со модерни балети, но во 2012 година беше презентирана и химната на СОУ „Ѓорче Петров“ одпеена од страна на неколку ученици од училиштето, а музиката беше потпомогната од ученици.

Училишни секции уреди

Wiki секција на СОУ „Горче Петров“ уреди

Wiki секцијата во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирана во текот на месец февруари 2013 година, од тогаш сè до денес се одржуваат редовни вики средби на кои се работи активно и се разговара за подобрување на постоечките статии или за отворање на нови статии. Со викисекцијата раководаат тројца ментори професорките Билјана Рошкоска, Снежана Переска и професорот Сашо Кочоски. Викисекцијата се состои од 17 членови кои активно се вклучени во програмата за уредување на Македонската Википедија. Wiki секцијата е една од најактивните во СОУ „Горче Петров“

Драмска секција на СОУ „Горче Петров“ уреди

По повод патрониот празник, Драмската секција на нашето училиште го сними и го подготви филмот „Убиството на Ѓорче Петров“. Сценариото за филмот го напиша Филип Стојаноски, ученик во 4-2 клас. Во филмот учествуваат членовите на секцијата: Мартина Јованоска, Борјан Јованоски, Филип Стојаноски, Ивана Василеска, Магдалена Димоска, Тамара Илиоска, Ане Иваноска, Андријана Андоноска, Христијан Војнески и Филип Цакоски.Монтажата и компјутерската обработка на филмот изврши Борјан Јованоски, ученик во 4-7 клас. А сниматели беа Мики Николоски, ученик во 3-7 кл. и Бојан Мирчески, ученик во прилепската гимназија. Секцијата работи под менторство на професорката по македонски јазик и литература Билјана Тинтоска.

Галерија уреди

Слики од проетки и активности во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Слики од наставниот кадар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Слики од изведувањето на практичната настава надвор од кабинетите на СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Училиштен календар 2013 година

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
  2. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  3. „Струки - СОУ Ѓорче Петров - Прилеп“. Архивирано од изворникот на 2012-06-22. Посетено на 2012-05-21.