Википедија:Школски и универзитетски проекти

Кратенки:
ВП:ШУП
Предавање на факултет

Ако сте професор или наставник во училиште или на факултет, Ви препорачуваме да ја користете Википедија на вашите часови како пример за слободна содржина која функционира. Вие не сте првата личност која го прави тоа, и воглавно многу од овие проекти резултираат со унапредување на студентското знаење и зголемување на содржините на Википедија со корисен материјал. Предноста на овој пристап над класичните домашни работи е што студентите треба да се справат со ситуација од реалниот свет, што е поедукативни и позанимливо, и би требало повеќе да ги заитнересира. Покрај тоа, нивните материјали ќе останат достапни на интернет за навод, наместо да се заборават со завршувањето на предметот.

Ве молиме имајте ги предвид следните работи:

  1. Прво вежбајте пред да поставите задача. Најавете се сами, и поминете некое време во уредување. Правете го ова доволно долго за да добиете некаква повратна информација од заедницата, која ќе ви овозможи да ги разберете некои од проблемите на Википедија. Доколку не сакате да уредувате под вашето академско име, слободно користете прекар, но ве молиме, направете сметка за вас.
  2. Вовед. Кога сакате да почнете таков проект, накратко опишете што правите на оваа страница во делот „Тековни проекти“.
  3. Бидете реални. Ве молиме не допуштајте студентите да создаваат бесмислени статии или додаваат спам во статиите. Ваквите уредувања се отстрануваат релативно брзо, но сепак мора да се прави рачно од луѓе кои би сакале своето време да го поминат во попродуктивна работа на други енциклопедиски статии.
  4. Кориснички имиња. Ве молиме не создавајте бројчени кориснички имиња кои одговараат на броевите на индексите на вашите студенти или ученици. Доколку некој од овие уредници продолжат со користење на Википедија, веројатно би сакале да користат понормален прекар. Исто така проблематично е за други Википедијанци да прегледуваат голем број на промени направени од корисници со слични имиња.
  5. Прочитајте го упатството. Поттикнете ги вашите студенти да ги погледнат страниците за Помош — би требало да им одговорат многу прашања.
  6. Авторски права. Ве молиме придржувајте се до авторските права. Сè на интернет не е слободно за преземење и користење на Википедија. Ова важи за текст и слики. Имајте предвид
  7. Резимирајте и анализирајте. Откако ќе завршите со проектот, би сакале да прочитаме ваш опис и мислење за резултатите. Ова можете да го направите на посебна страница ако е премногу долго, или на оваа страница во делот „Минати проекти“.
  8. Без свои истражувања. Википедија не е место за објавување на нови идеи, пронајдоци или колумни. Ние сме енциклопедија, а не научно списание. Би требало да се запознаете со „Што не е Википедија“.

Тековни проекти

уреди

Предметот компјутерски апликации се слуша во првиот семестар на сите насоки од додипломските студии на Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во рамките на предметот студентите, како вежба за текст процесорите, студентите имаат задача да напишат биографии на познати личности и нив да ги претстават според шаблоните на Springer Verlag и IEEE. Со оглед на тоа што бројот на студентите кои го следат предметот е над 250, ова беше извонредна можност да се збогати македонската Википедија со мали статии. Биографиите се однесуваат на најпознатите уметници од Македонија, првенствено писатели, поети, сликари и глумци. Се надеваме дека нашиот придонес ќе биде вреден и дека ќе даде поттик за брзо приближување до бројката од 10000 статии, неопходна да влеземе во зоната на значајните јазици.

Поврзано

уреди