Vs. (албум)
„Vs.“ — вториот студиски албум на американскиот рок бенд Pearl Jam, објавен на 19 октомври 1993 година преку Епик Рекордс[1]. По завршувањето на првиот деби албум Ten и неколкуте одржани концерти, членовите на групата започнале со подготовка на нов албум кон почетокот на 1993 година. Како резултат на албумот, Vs. се одликува со поагресивен звук во споредба со претходното издание на бендот. Албумот претставува и првата соработка на бендот со продуцентот Брендан О'Бриен и нивниот прв албум со тапанарот Дејв Абруцезе.
„Vs.“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Pearl Jam | ||||
Издаден | октомври 19 1993 | |||
Снимен | март-мај 1993 | |||
Жанр | ||||
Траење | 46:11 | |||
Издавачка куќа | Епик Рекордс | |||
Продуцент | Брендан О'Бриен, Pearl Jam | |||
Pearl Jam — Хронологија | ||||
| ||||
Податотека:Pearl Jam Vs Vinyl.JPG | ||||
Издадени песни од Vs. | ||||
Pearl Jam одлучил да ги намали своите комерцијални напори за Vs., вклучувајќи го и одбивањето да прави музички спотови за било кој од сингловите на албумот. По ова, Vs. го поставил рекордот за повеќето копии на албум продаден во својата прва недела, успех кој се задржал за пет години. Албумот бил на првото место на Билборд 200 за пет седмици, најдолго траење на било кој албум на Pearl Jam.
Звук и текст
уредиАлбумот има многу полабав звук во споредба со деби албумот на групата Ten[2]. За албумот, гитаристот Амент изјавил: „Кога го направивме нашиот втор албум посакував и нашиот прв албум да звучи на ист начин. Мислев дека тоа е повеќе директен и помоќен“[3]. Покрај потешките песни, албумот има две акустични балади: Daughter и Elderly Woman Behind the Cunter in a Small Town. Неколку од песните вклучуваат елементи на фанк, како песните „Animal“, „Blood„ и „Rats“. Мајк Мекреди изјавил дека не дека бендот „седна и одлучи да биде фанк, туку дека сето тоа доаѓа од групата преку разгледување различни насоки и комбинирање на нашите влијанија“[4]. Пол Еванс од Ролинг Стоун изјавил дека песните: „Daughter и Blood се песни на еден вид ритуална страст, пренесвуајќи се во нешто навистина диво“[5].
Песните на албумот се соочуваат со лични, како и со социјални и политички проблеми. Еди Ведер изјавил дека: „пишуваш она кое ти доаѓа ... се обидуваш да го одразиш расположението преку песните“[6]. Теми на албумот се злоупотребата на деца (Daughter), употреба на оружјето („Glorified G“), полицискиот расизам („WMA“) и медиумите („Blood“). Песните Daughter, Dissident и Elderly Woman Behind the Counter in a Small Town се песни во три раскази. „Daughter“ ја раскажува приказната за дете кое е злоупотребено од нејзините родители затоа што не ја разбираат нејзината способност за учење, „Dissident“ ја раскажува приказната за една жена што зема политички бегалец и „Elderly Woman Behind the Counter in a Small Town“ ја раскажува приказната за една стара дама која е заглавена во еден мал град целиот нејзин живот[7][8].
Список на песни
уредиСите текстови на Еди Ведер. Сите песни се реализирани од Pearl Jam,.
Бр. | Наслов | Музика | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Go“ | Дејв Абруцезе[9] | 3:12 |
2. | „Animal“ | Стоун Госард[10] | 2:49 |
3. | „Daughter“ | Госард[11] | 3:55 |
4. | „Glorified G“ | Госард, Мајк Мекреди[12] | 3:26 |
5. | „Dissident“ | Госард, Мекреди, Jeff Амент[13] | 3:35 |
6. | „W.M.A.“ | Абрузис, Амент[9] | 5:59 |
7. | „Blood“ | Госард, Мекреди[14] | 2:50 |
8. | „Rearviewmirror“ | Ведер[15] | 4:44 |
9. | „Rats“ | Амент[16] | 4:15 |
10. | „Elderly Woman Behind the Counter in a Small Town“ | Ведер[16] | 3:15 |
11. | „Leash“ | Госард, Мекреди[14] | 3:09 |
12. | „Indifference“ | Амент, Госард[15] | 5:02 |
Вк. траење: |
46:11 |
Бонус песни | ||||
---|---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текст | Музика | Траење |
13. | „Hold On“ (acoustic demo) | Ведер | Госард | 4:40 |
14. | „Cready Stomp“ (instrumental) | Мекреди | 3:23 | |
15. | „Crazy Mary“ | Викторија Вилијамс | Викторија Вилијамс | 5:39 |
Наводи
уреди- ↑ „Vs“. Pearljam.com. Посетено на 2012-05-30.
- ↑ Huey, Steve. „Vs. – Pearl Jam“. AllMusic. Посетено на March 21, 2009.
- ↑ Light, Alan (2009-03-23). „Pearl Jam's Perfect Ten“. MSN Music. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2009-03-23.
- ↑ Rotondi, James. "Blood On the Tracks". Guitar Player. January 1994.
- ↑ Evans, Paul (December 23, 1993). „Pearl Jam: Vs.“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на February 22, 2007. Посетено на May 27, 2008.
- ↑ Hilburn, Robert (1994-05-01). „He Didn't Ask for All This“. Los Angeles Times]]. Посетено на 2009-04-25. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Jones, Allan. Pearl Jam — The Illustrated Story, A Melody Maker Book. Hal Leonard Corp, 1995. ISBN 0-7935-4035-6
- ↑ Wall, Mick. Pearl Jam. Music Book Services Corporation, 1996. ISBN 1-886894-33-7.
- ↑ 9,0 9,1 Peiken, Matt (December 1993). „Dave Abbruzzese of Pearl Jam“. Modern Drummer. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2007-07-01.
- ↑ "Pearl Jam Chronology Mookie Blaylock - 1990" Архивирано на 1 јули 2002 г.. PearlJam10YearsAgo.no.sapo.pt. February 27, 2002.
- ↑ „Pearl Jam Rumor Pit Issue #32“. sonymusic.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-02. Посетено на 2008-07-28.
- ↑ Gilbert, Jeff. "Prime Cuts: Мајк Мекреди - The Best of Pearl Jam!" Guitar School. May 1995.
- ↑ Jones, Allan. Pearl Jam - The Illustrated Story, A Melody Maker Book. Hal Leonard Corp, 1995. ISBN 0-7935-4035-6
- ↑ 14,0 14,1 "Interview with Stone Gossard and Mike McCready". Total Guitar. November 2002.
- ↑ 15,0 15,1 Garbarini, Vic. "Spit Fire". "Spit Fire". Guitar World. February 1995.
- ↑ 16,0 16,1 Scaggs, Austin. "Eddie Ведер: Addicted to Rock". Rolling Stone. April 21, 2006.