Violent Femmes
Violent Femmes (транскрипција: Вајолент фемес) ― американскa фолк-панк група од Милвоки. Групата се состои од основачките членови: Гордон Гано (гитара, главен пејач) и Брајан Ричи (бас, придружен вокал), на кои им се придружиле мултиинструменталистот Блез Гарза (се приклучил во 2004 година) и тапанарот Џон Спероу (се приклучил во 2005 година).[2] Поранешни членови на групата биле и тапанарите: Виктор Делоренцо (1980–1993, 2002–2013), Гај Хофман (1993–2002) и Брајан Виглионе (2013–2016). Violent Femmes се сметаат за составен дел од тогашните андерграунд фолк-панк и алтернативни рок сцени од 1980-тите,[3][4][5][6] и се влијателни или инспирација за следните движења, особено фолк-рок, инди-рок, гранџ, поп-панк, емо и алтернативна рок-сцена од доцните 1980-ти и 1990-тите.[3][7][8][9][10][11]
Violent Femmes | |
---|---|
Violent Femmes во 2006 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Милвоки, Висконсин, САД |
Жанрови | Фолк-панк,[1] алтернативен рок |
Период на активност | 1981–2009, 2013–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | vfemmes.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Violent Femmes издале 10 студиски албуми и 19 синглови. Групата била пофалена од критиката по објавувањето на нивниот прв истоимен албум на почетокот од 1983 година. Многу од нивните најпознати песни се наоѓаат на албумот, вклучително и: „Blister in the Sun“, „Kiss Off“, „Ad It Up“ и „Gone Daddy Gone“, Violent Femmes е најпродаван албум на групата и бил сертифициран со платина од страна на RIAA.[12] По објавувањето на уште два албума, Hallowed Ground (1984) и The Blind Leading the Naked (1986), иднината на групата била неизвесна и тие се разделиле во 1987 година кога Гано и Ричи започнале соло-кариери. Сепак, една година подоцна повторно се составиле и го објавиле четвртиот албум 3 (1989). Следниот албум, Why Do Birds Sing? (1991), ја содржи омилената песна на нивната публика на концертите „American Music“.
Во 1993 година, основачкиот член Виктор Делоренцо (удирачки инструменти, тапани) ја напуштил групата Violent Femmes и бил заменет со Гај Хофман, кој дебитирал на шестиот албум од групата New Times (1994). Уште два албума – Rock!!!!! (1995) и Freak Magnet (2000) - биле издадени со оваа постава. Во 2002 година Делоренцо повторно се приклучил на групата за она што требало да биде проштална турнеја. По комерцијалниот неуспех на Freak Magnet, Violent Femmes не објавиле студиски албуми речиси две децении, но сепак објавиле многу компилациски албуми на почетокот од 2000-тите, заедно со неколку сингл-изданија. Одредени контроверзии околу лиценцирањето за комерцијална употреба на песните од групата биле причина за официјален распад на групата во 2009 година. Групата била возобновена во 2013 година (кратко пред Делоренцо повторно да ја напушти Violent Femmes), и оттогаш објавиле уште два студиски албуми: We Can Do Anything (2016) и Hotel Last Resort (2019).
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- Violent Femmes(1983)
- Hallowed Ground (1984)
- The Blind Leading the Naked (1986)
- 3 (1989)
- Why Do Birds Sing? (1991)
- New Times (1994)
- Rock!!!!! (1995)
- Freak Magnet (2000)
- We Can Do Anything (2016)
- Hotel Last Resort (2019)
Наводи
уреди- ↑ 2 Mics & The Truth: Unplugged & Unhinged In America (Media notes). 2017.
- ↑ „Violent Femmes: Hotel Last Resort“. American Songwriter. July 25, 2019. Архивирано од изворникот на November 9, 2019. Посетено на November 9, 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „Violent Femmes Announce US Tour in Celebration of First Album's 40th Anniversary“. Ultimate-guitar.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „Violent Femmes Celebrate Anniversary of Landmark Album Norwalk's Wall Street Theater“. Ctexaminer.com. October 17, 2022. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „When Violent Femmes pulled from a classic Muddy Waters track“. Faroutmagazine.com. November 9, 2022. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „Folk Punk Music Guide: 6 Notable Folk Punk Bands - 2023“. Masterclass.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на October 27, 2023.
- ↑ „How a Wendy's Commercial Split up the Violent Femmes“. Grunge.com. July 16, 2020. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „Violent Femmes“. Masoniccleveland.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ Tomlin, Edward (March 17, 2023). „10 Best Violent Femmes Songs of All Time“. Singersroom.com. Архивирано од изворникот на April 2, 2023. Посетено на October 27, 2023.
- ↑ „Violent Femmes Why do Birds Sing?“. Chipperbirds.com. June 11, 2023. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „Violent Femmes | Violent Femmes“. Inreviewonline.com. March 17, 2019. Архивирано од изворникот на July 29, 2023. Посетено на July 29, 2023.
- ↑ „RIAA Gold & Platinum Database“. Recording Industry Association of America. February 1, 1991. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на February 20, 2011.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Violent Femmes на Curlie (англиски)
- Violent Femmes на Семрежната филмска база на податоци (англиски)