Valorant
Valorant (се чита: Валорант) — повеќеиграчка компјутерска игра развиена и објавена од Riot Games. Valorant е првата пукачка игра од прво лице на Riot Games. Играта првично била објавена под името Project A во октомври 2019 г., објавена под нејзиниот сегашен наслов на 1 март 2020 г. и светски објавена на 2 јуни 2020 г.
Valorant | |
---|---|
Изработувач(и) | Riot Games |
Издавач(и) | Riot Games |
Композитор(и) | Џеси Харлин[1] |
Погон | Unreal Engine 4 |
Подлоги | Windows |
Датум на издавање | 2 јуни 2020 |
Жанр(ови) | тактичка пукачка игра |
Режим(и) | повеќеиграчки |
Играчки процес
уредиКако што е замислено од развивачите, играта е судир помеѓу две екипи од по пет играчи, секој од нив игра улога на агент со посебни способности, кои се или купени пред почетокот на рундата или заработени за време на натпреварот.[2][3][4] На пример, секој јунак има врвна способност што може да се искористи само откако ќе ја наполни. Полнењето може да се направи на неколку начини: кога убивате друг играч, кога умирате, поставувате/оневозможувате спајкови или кога фаќате посебна сфера што се појавува на одредени места на картата на почетокот на секоја рунда. Опсегот на оружје во играта вклучува нож, пиштоли, сачмарки, лесни митралези, митралези, автомати, снајперски пушки, а некои агенти имаат и ракетни фрлачи и лакови.[5]
Играта има опслужувачи со 128 тикрејти, што обезбедува помазен играчки процес.[6]
Наводи
уреди- ↑ „End of Year: Audio Discipline“. Riot Games. Посетено на January 15, 2021.
- ↑ Goslin, Austen (March 2, 2020). „Valorant: How Riot finally made something new“. Polygon. Vox Media. Посетено на April 14, 2020.
- ↑ Goslin, Austen (March 2, 2020). „Valorant: Everything we know about Riot Games' new shooter“. Polygon. Vox Media. Посетено на April 14, 2020.
- ↑ Goslin, Austen (March 2, 2020). „Riot's Valorant mashes up Rainbow Six with CS:GO for a speedy new tactical shooter“. Polygon. Vox Media. Посетено на April 14, 2020.
- ↑ Geddes, George; Heath, Jerome (April 9, 2020). „All weapons in Valorant“. Dot Esports. Gamurs. Посетено на April 15, 2020.
- ↑ Heath, Jerome (2020-03-02). „Does VALORANT have 128-tick servers?“. Dot Esports (англиски). Архивирано од изворникот 2020-03-02. Посетено на 2023-10-13.
Надворешни врски
уреди„Valorant“ на Ризницата ? |