Vahine no te vi
Vahine no te vi - Жена со манго е слика од 1892 година на Пол Гоген, моментално во колекцијата на Музејот на уметност во Балтимор.
Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1892 |
Вид | масло oна платно |
Димензии | 193.5 by 103 centiметарs (76.2 ин × 40.6 ин) |
Место | Музеј на уметноста Балтимор, Балтимор, Мериленд, Соединети Американски Држави |
Тоа е едно од најраните од седумдесетте слики што ги направи за време на неговата прва посета на Тахити. [1]
Стилски, ова дело, ја најавува севкупната негова стилистичка ориентација која покрај таинствената стилистика, во колоритот и во третманот на мотивите го најавува неговиот ликовен опус со кој го обележал пост-импресионизмот создаден на Тахити.
На сликата е прикажана Техамана или Техура, „сопруга“ на Гоген и мајка на неговото дете. Гоген се вратил во Париз пред раѓањето на детето и додека се вратил, Техура се омажила со тамошен домородец , со кого го воспитувала детето.