Министерство за земјоделство на САД

(Пренасочено од United States Department of Agriculture)

Министерство за земјоделство на САД (англиски: United States Department of Agriculture, USDA) — министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неисхранетоста и гладот во САД и во странство.

Министерство за земјоделство на САД
United States Department of Agriculture
Печат на министерството
Лого на министерството
Знаме на министерството
Податоци за органот
Основан 15 мај 1862
како министерство: 15 февруари 1889
Претходник Земјоделско одделение
Надлежност Федерална влада на САД
Седиште Зграда „Џејми Л. Витен“
1301 Independence Avenue, Вашингтон

38°53′16.58″N 77°1′48.12″W / 38.8879389° СГШ; 77.0300333° ЗГД / 38.8879389; -77.0300333
Вработени 105.778
Годишен буџет $132,3 млрд
Раководител Сони Пердју
(Министер за земјоделство)
Мрежно место
usda.gov

На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот.

Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени[1] и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.[2]

Одделенија и служби

уреди
  • Секретар (министер) за земјоделство
    • Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
      • Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
        • Служба за регулатива и запазување
        • Служба за странско земјоделство
        • Служба за управување со ризици
        • Здружение за стоково кредитирање
        • Федерално здружение за земјоделско осигурување
      • Потсекретар за природни ресурси и животна средина
        • Шумарска служба на САД
        • Служба за заштита на природните ресурси
      • Потсекретар за рурален развој
        • Служба за рурално домување
        • Служба за рурална инфраструктура
        • Рурална деловно-кооперативна служба
      • Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги
        • Служба за храна и исхрана
        • Центар за политика и застапништво на исхраната
      • Потсекретар за безбедност на храната
        • Инспекторат за безбедност на храната
      • Потсекретар за научна работа, образование и економија
        • Служба за земјоделска научна работа
        • Служба за заедничка државна научна работа, образование и надградба
        • Служба за економско истражување
        • Национална земјоделска библиотека
        • Национална земјоделска статистичка служба
      • Потсекретар за пласман и регулативни програми
        • Служба за земјоделски пласман
        • Здравствен инспекторат за животни и растенија
        • Управа за инспекција на жито, пакување и складишта

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. податок од јуни 2007 г.
  2. проценка за 2011 г.

Надворешни врски

уреди