The Spencer Davis Group

британска музичка група

The Spencer Davis Group ― британска група основана во Бирмингем во 1963 година. Членови на групата биле Спенсер Дејвис (гитара), браќата Стив Винвуд (вокал, клавијатури) и Маф Винвуд (бас гитара) и Пит Јорк (тапани). Нивни најпознати песни се: „Somebody Help Me“ и „Keep on Running“ (двете се напишани од реге музичарот Џеки Едвардс), „I'm a Man“ и „Gimme Some Lovin“.[1]

The Spencer Davis Group
The Spencer Davis Group на проба пред настапот во Амстердам во 1966. од лево на десно: Маф Винвуд, Спенсер Дејвис, Пит Јорк, и Стив Винвуд
Животописни податоци
ПотеклоБирмингем, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1963–1969
  • 1973–1974
  • 2006–2020
Издавачи
Соработници
Мреж. местоspencer-davis-group.com

Стив Винвуд во 1967 година ја напуштил групата за да ја основа рок групата Traffic.[2] Откако објавиле уште неколку синглови, групата од 1969 година веќе не била активна. Спенсер Дејвис во два наврати ја возобновил групата, без браќата Винвуд, прво во 1973-1974 година кога снимиле два албума, и уште еднаш во 2006 година, по што претежно биле на турнеи. Дејвис починал на 19 октомври 2020 г., со што практично групата престанала да постои.

Дискографија

уреди
  • Their First LP (1965)
  • The Second Album (1966)
  • Autumn '66 (1966)
  • With Their New Face On (1968)
  • Funky (снимен 1969,[3] објавен 1997)[4]
  • Gluggo (1973)
  • Living in a Back Street (1974)

Наводи

уреди
  1. „allmusic ((( The Spencer Davis Group > Overview )))“. AllMusic. Посетено на 2010-01-29.
  2. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 143. ISBN 1-904994-10-5.
  3. Unterberger, Richie. „Funky - The Spencer Davis Group“. AllMusic. Посетено на 25 January 2020.
  4. „Funky - The Spencer Davis Group - Releases“. AllMusic. Посетено на 25 January 2020.

Надворешни врски

уреди