Текен 3 (јап. 鉄拳3 [„Железна Тупаница 3“], стилизирано Tekken 3) е борбена игра и трет наслов од Tekken серијалот. Издадена е за аркадите во март 1997 година, и за PlayStation во 1998 година. Оригиналната аркадна верзија била објавена во 2005 година за PlayStation 2 како дел од Arcade History режимот на Tekken 5. Играта е повторно издадена во 2018 г. како дел од конзолата на Sony, PlayStation Classic.

ТЕКЕН 3
Tekken 3 (鉄拳3)

Постер од аркадната верзија.
Изработувач(и) Namco
Издавач(и) Namco Hometek
 Јапонија
Sony Entertainment
 Европска Унија
Режисер(и) Масамичи Абе
Јутака Коуное
Продуцент(и) Хаџиме Накатани
Дизајнер(и) Масахиро Кимото
Катсухуро Харада
Програмер(и) Масанори Јашинари Мизушима
Композитор(и) Аркадна вер.
Нобујоши Сано
Кеиичи Окабе
PS1
Нобујоши Сано
Кеиичи Окабе
Јуу Мијаке
Минамо Такахаши
Хиројуки Кауада
Јошие Аракауа
Хидеки Тобета
Серијал Tekken
Подлоги Аркадна, PlayStation
Датум на издавање Аркадна вер.
20 март 1997 г.
PlayStation вер.
ЈП: 26 март 1998 г.
СА 29 април 1998 г.[1]
ЕУ 12 септември 1998 г.[2]
Жанр(ови) Боречка
Режим(и) Еден или двајца играчи

Tekken 3 содржи многу нови ликови, вклучително и деби на неколку главни ликови како што се Џин Казама, Линг Жаоју, Брајан Фјури, Еди Гордо и Хуоаранг, со вкупни дваесет и три карактери. Домашната верзија вклучува нов „тепачки“ режим наречен Tekken Force и бонус режим Tekken Ball.

Tekken 3 се наведува како една од најдобрите видео игри на сите времиња. Со продадени повеќе од 8 милиони примероци ширум светот, Tekken 3 е четврта најпродавана игра за PlayStation. По неа следи Tekken Tag Tournament, неканонска игра издадена во 1999 година за аркадите и во 2000 година за PlayStation 2. Директното продолжение, Tekken 4 било објавено за аркадите и за PlayStation 2 во 2001 и 2002 година.

Гејмплеј

уреди

Tekken 3 го користи истиот основен борбен систем и концепт како и неговите претходници.[3] Три-димензионалното движење е незначително во претходните Tekken игри (настрана што некои карактери имаат уникатни странични потези и маневри за ескивирање), додека Tekken 3 додава акцент на третата оска дозволувајќи им на ликовите да ја заобиколат или излезат од позадината.[4] Борците тука можат да скокнат повисоко отколку во претходните игри, што ги прави полесно поразителни и дава повеќе корист на страничните ескивирања, бидејќи скокањето повеќе не може да го избегне секој напад близу до земјата. Новите подобрувања вклучуваат побрзи закрепнувања од нокдауните, полесни бегства од зафатите и зашеметувањата, повеќе потези со овозможено „жонглирање“, и новосоздадени комбо фрлања.

Tekken 3 воведува „тепачкамини-игра наречена Tekken Force, што му дава задача на играчот да го „истрча“ нивото, притоа борејќи се против војниците на Мишима корпорацијата, и на крајот со еден „boss“ лик. Концептот бил продолжен и во Tekken 4 , а го наследил и кампањскиот Devil Within режим во Tekken 5. Друга достапна мини-игра е Tekken Ball, која е слична на одбојка на плажа, каде што играчот мора да ја погоди топката со силен напад за да го удри противникот или да му одземе од енергијата, ако топката падне на територијата на противникот.

Ликови

уреди

Поради тоа што дејствието на играта се одвива 20 години подоцна, само шест карактери од претходниот наслов се достапни од Tekken 2:

Не се вклучени:

Нови ликови

уреди
  • Брајан Фјури:a Киборг кик-боксер испратен од лудиот научник д-р Абел да го киднапира неговиот соперник научник д-р Босконович.
  • Кроу (Врана):b Кодно име и член на Tekken Force. Тој има најнизок ранг.
  • Д-р Босконович: a d e Смешен, постар генијален научник кој е пријател на Јошимитсу и затвореник на Мишима Заибатсу (бидејќи е принуден да создаде неколку проекти за нив, вклучително и генетски изменетите животни Роџер и Алекс)
  • Еди Гордо: Капуера гениј, кој бара одмазда против Мишима Заибатсу за убиството на неговите родители и уништувањето на бизнисот на неговото семејство.
  • Форест Ло: Синот на Маршал Ло (кој многу наликува и се бори како него), кој сега се натпреварува да заработи пари за да му помогне.
  • Гон: a d e Специјален гостин лик од истоимената манга.
  • Ган Џек: a Третиот модел од Џек моделите на роботите испратен од неговиот творец Џејн, за да ги поврати податоците од меморијата на Џек 2.
  • Хуоаранг: Теквондо ученик на Баек Доо Сан сака да му се одмазди на Огар за наводното убиство на неговиот учител.
  • Џин Казама: Внук на Хеихачи Мишима и син на Казуја Мишима и Џун Казама кој ги вежбал боречките вештини на неговите родители, и бара одмазда против Огре затоа што наводно ја убил неговата мајка.
  • Џулија Ченг: a Посвоената ќерка на Мишел Ченг тргнува да ја спаси својата киднапирана мајка од Мишима Заибатсу.
  • Кинг II: Наследникот на оригиналниот Кинг кој учествува да го спаси сиропиталиштето на неговиот претходник откако оригиналниот бива убиен од Огар.
  • Кума II: a Синот на оригиналната Кума кој исто така служи како лојален миленик и телохранител на Хеихачи.
  • Линг Жаоју: Кинеска тинејџерка која практикува багуажанг и пигвакуан боречки вештини, која сака да изгради сопствен забавен парк со освојувањето на турнирот.
  • Мокуџин: a Дрвена кукла стара 2,000 години, која оживува како резултат на будењето на Огар и е во состојба да ги копира стиловите на борба на сите други ликови.
  • Панда: a c Домашното милениче и телохранител на Жаоју.
  • Тајгер Џексон: a c d Диско играч со афро, костим на Еди Гордо.
  • Огар: a f Мистериозен бесмртен хуманоид познат како „Бог на Борењето“. Огар е главниот антагонист и последен протвник, одговорен за исчезнувањата на бројни боречки мајстори.
  • Вистински Огар: a f Втората вистинска трансформација на Огар.

Стари ликови

уреди

^a Лик за отклучување

^b Непријател кој е недостапен за играње во режимот Tekken Force

^c Алтернативен костим

^d Бонус карактер

^e Достапен само во домашната верзија

^f „Шеф“ кој може да се отклучи

^g Алтернативен костим од аркадната верзија

Приказна

уреди

Петнаесет години по вториот турнир „Крал на железната тупаница“, Хеихачи Мишима ја основа Tekken Force: паравоена организација посветена на заштитата на Мишима Заибатсу. Користејќи го влијанието на компанијата, Хеихачи е одговорен за многу настани што на крајот доведуваат до мир во светот. Еден ден, ескадрила војници на Tekken Force претресуваат антички храм сместен во Мексико за проект за ископување. Наскоро по пристигнувањето таму, Хеихачи дознава дека биле уништени од мистериозно и злонамерно суштество познато како Огар. Хеихачи, добивајќи краток поглед на суштеството, пред неговото непосредно исчезнување, се обидува да го фати во надеж дека ќе ја искористи неговата огромна борбена моќ за своја лична корист. Наскоро, разни познати боречки мајстори завршуваат мртви, нападнати или исчезнати од целиот свет, а зад сето тоа стои Огар.

Џун Казама живее мирен живот во Јакушима со нејзиниот млад син Џин Казама, син на Казуја Мишима, реоден по настаните од претходниот турнир. Сепак, нивниот мирен живот е нарушен кога Џун го претчувствува присуството на Огар и знае дека сега е негова мета. Џун му наложува на Џин да го побара Хеихачи ако нешто се случи. По петнаесеттиот роденден на Џин, Огар напаѓа. Наспроти желбите на Џун, Џин храбро се обидува да се бори против Огар, но тој го удира во бесознание. Кога Џин се буди, открива дека тлото околу неговата куќа е изгорено, а неговата мајка е исчезната и најверојатно мртва. Поттикнат од одмаздата, Џин е соочен со Девил (Ѓаволот), кој ја маркира левата рака на Џин и го поседува. Џин оди кај неговиот дедо, Хеихачи, објаснувајќи ја неговата ситуација и го моли да го тренира за да стане доволно силен за да се соочи со Огре. Хеихачи го прифаќа тоа и го зема Џин под свое закрило, испраќајки го во гимназијата Мишима каде што Џин се среќава со соученичката по име Линг Жаоју и нејзиното милениче Панда.

Четири години подоцна, Џин го совладува Мишима карате стилот. На деветнаесеттиот роденден на Џин, Хеихачи го објавува Третиот турнир „Крал на железната тупаница“, а самиот Џин се подготвува за претстојната битка, без идеја дека неговиот дедо тајно ги користи него, Жаоју и останатите натпреварувачи како мамка со цел да го привлече Огар да дојде кај нив.

Во последната рунда од турнирот, Пол Феникс влегува во голем храм, го победува Огар и си оди од турнирот, мислејќи дека е победник. Сепак, Огар се траснформира во својата втора форма, Вистински Огар, и турнирот продолжува по заминувањето на Пол. Џин конечно се соочува со Вистинскиот Огар и го победува, кој пак целосно се распарчува. Но, Џин е одеднаш застрелан од ескадрила на Tekken Force предводена од Хеихачи, кој, веќе нема потреба од него, и лично испукува последен куршум во главата на неговиот внук. Меѓутоа, Џин, оживеан од Ѓаволот во него, повторно се буди и ги убива војниците, прекршувајќи го Хеихачи низ ѕидот на храмот. Џин го фаќа Хеихачи непосредно пред да ја падне од височината (поштедувајќи го), а тој погледнува во Џин, на кој му никнуваат темни пердувести крилја и одлетува во ноќта.

Развој и издавање

уреди

Tekken 3 е првата игра објавена на хардверот Namco System 12,[5] по оригиналните две Tekken игри од System 11. Анимацијата на борците е создадена со снимање на човечкото движење.[3]

Оригиналната верзија на Tekken 3 за PlayStation се одликува со два нови скриени ликови: Гон и д-р Босконович. Ана, исто така, добива свои потези, место за бирање, глас, уникатни напади и кинематски крај. Верзијата на PlayStation се одликува со новите режими Tekken Force и Tekken Ball, како и сите режими присутни од Tekken 2. Поради хардверските ограничувања на PlayStation кој има помала видео RAM меморија и помала процесорска брзина, визуелниот квалитет бил намален. Позадините се вратени во 2D панорамски слики, а бројот на многуаголници што се користат за секој карактер се занемарливо намалени, а звучните ефекти се попуштени и во повисока интонација, и екранот е спуштен во пониска вкупна резолуција. Претставниците на Намко првично изјавиле дека не сметаат дека е можно да се создаде Tekken 3 за оригиналната PlayStation конзола.[6] До април 1997 година, Tekken 3 била популарна на аркадите, а процесот за нејзино претворање во домашно издание се сметал за сигурно за PlayStation, но скоро никако за Nintendo 64.[7][8] Музиката за Tekken 3 е напишана од Нобујоши Сано и Кеичи Окабе за аркадната верзија, а верзијата за PlayStation содржи дополнителни композиции од истите композитори, заедно со Хирујуки Кауада, Минамо Такахаши, Јуу Мијаке, Јоши Аракауа и Хидеки Тобета.

PlayStation емулаторот Bleem! бил објавен за Sega Dreamcast што им овозможило на сопствениците на Dreamcast да играат графички подобрена верзија на Tekken 3 користејќи ја копијата на играта од PlayStation. Tekken 5 домашното издание за PlayStation 2 ја содржи аркадната верзија на Tekken 3. PlayStation верзијата за Tekken 3 е меѓу 20-те игри кои ја дефинирале генерацијата на PlayStation Classic, објавена на 3 декември 2018 година.[9]

Прием

уреди

Во Јапонија, изданието на Game Machine од 15 април 1997 година, го навело Tekken 3 како најуспешна аркадна игра на годината.[10] Според „Metacritic“, играта има оцена 96 од вкупно 100, што укажува на универзалното признание, и е рангирана на #2 на списокот на најдобри игри за Плејстејшн.[11] Од април 2011 година, играта е наведена како дванаесетта највисоко рангирана игра на сите времиња од GameRankings со просечна оценка од 96%.

Tekken 3 станала првата игра во последните три години што добила 10-ка од рецензент на Electronic Gaming Monthly, а тројца од четворицата рецензенти и дале најголема можна оценка. Tekken 3 е првата игра што има постигнато 10 под ревидираната скала на EGM со тоа што игрите повеќе не треба да се сметаат за совршени за да добијат 10 оцена. Единствено помала оцена од 10 и дале енигматскиот гуру за ревизија на борбени игри на списанието, Sushi-X, кој напишал дека „ниту една игра што ги наградува почетниците ако чкрапаат на копчињата нема да биде врвна по моите стандарди“, давајќи и на играта 9 од 10. GameSpot рецензентот, Џеф Герстман, и дал оцена 9,9/10, пишувајќи: „Нема многу нешта што ја двојат Tekken 3 од совршена 10-ка. Ако ексклузивните карактери на PlayStation беа подобри, а Force режимот малку повоодушевувачки, би била најблиску до совршен резултат.“ Тој исто така ги пофалил звучните ефекти, музиката и графиката.

Next Generation ја рецензирале аркадната верзија и изјавиле дека „Tekken 3 не е толку вешто ремек-дело како што е Virtua Fighter 3, но сепак е одлична сама по себе, и ја премести серијата уште повеќе од своите слични корени. Борбениот систем е убаво еволуиран, што резултира со некои диви и ефективни потези и нови ликови, побрза реакција и импресивно 3D борбено искуство“.[12] GamePro и дале 4,5/5 за графика и звук и 5/5 за контрола и чиста забава. Истакнувајќи дека визуелно не е дорасната со нејзиниот конкурент Virtua Fighter 3, рецензентот пишал дека е зачудувачка сама по себе и има феноменално брзи и лесни контроли.[13]

Next Generation ја рецензирале верзијата за PlayStation и изјавиле дека „Нема подобра борбена игра, на овој систем или на кој било друг. Јасно е супериорна во однос на претходните игри во серијата и од зачудувачка вредност за љубителите на Tekken.“[14]

Според PlayStation: The Official Magazine од 2009 година, Tekken 3 „сè уште се смета за една од најдобрите борбени игри на сите времиња“.[15] Во септември 2004 година, за десетгодишнината од брендот PlayStation, се нашла на #10 место на списокот „Final PlayStation Top 10“ на списанието. Исто така била #177 на списокот „Топ 200 игри на сите времиња“ на Game Informer од 2009 година.[16]

Во 2011 година, Complex ја рангирале како четврта најдобра борбена игра на сите времиња.[17] Тие исто така ја рангирале Tekken 3 како деветта најдобра аркадна видео игра од 90-тите години, коментирајќи дека „оваа сега класична боречка игра служи како 'чистач за очи' на дихотомијата Mortal Combat/ Street Fighter која доминираше во аркадите во 90-тите“.[18] Тие исто така го рангирале Tekken 3 како осма најдобра видео игра за PlayStation 1, коментирајќи: „Кога Tekken 3 конечно се пресели од нашата локална аркада и влезе во нашата дневна соба, знаевме дека ништо нема да биде исто. Со асортиман на напади и комбинации за учење, заедно со добри контроли, графика и звук, Tekken 3 беше многу поисполирана и помазна од нејзините претходници.“[19]

Tekken 3 исто така е наведена меѓу најдобрите видео игри на сите времиња од страна на Electronic Gaming Monthly во 1997 година,[20] Game Informer во 1999 година,[21] Computer and Video Games во 2000 година,[22] GameFAQ во 2005 година,[23] и Edge во 2007 година.[24] ArcadeSushi ја рангирале Tekken 3 како „20-та најдобра Плејстејшн игра“, со коментарот „Tekken 3 промени сè. Пријателите станаа лути соперници. Горчливите соперници станаа уште погорчливи соперници. Tekken 3 беше играта што ја игравте со пријателите, а не сакавте повеќе да бидат ваши пријатели.“[25] Истата страница ја рангирала како „17-та најдобра борбена игра“, коментирајќи: „Tekken 3 лесно беше една од најдобрите игри на Tekken досега создадени. Пред серијата да биде опседната со распрскување ѕидови и заградени арени, таа едноставно имаше огромни отворени 3D-простори со масивни потези во кои можеби беа вклучени и вистински боксерски ракавици.“[26] Во 2015 година, GamesRadar ја рангирале Tekken 3 како #59 „Најдобра игра досега“, затоа што „поседува еден од најдобрите борбени системи досега, добро позната формула за „жонглирање“ на противникот, и се претопува во совршена бура од зафати, удари и суплекси“.[27]

Продажба

уреди

Во мај 1998 година, Сони и додели на Tekken 3 „Платинска“ награда за продажба од над 1 милион копии во Јапонија.[28] Според Weekly Famitsu, Јапонија купила 1,13 милиони копии на Tekken 3 само во текот на првата половина на 1998 година, што ја направила третата најпродавана игра за периодот.[29] PC Data, кои ја следеле продажбата во САД, објавиле дека Tekken 3 продала 1,11 милиони примероци и заработиле 48,5 милиони долари приход само во текот на 1998 година. Ова ја направило третото најпродавано издание на фирмата за годината.[30] Ја добила „Златната“ награда од Verband der Unterhaltungssoftware Deutschland (VUD) во ноември 1998 година,[31] за продажба на најмалку 100,000 единици низ Германија, Австрија и Швајцарија.[32] На фестивалот Милија во Кан во 1999 година, играта добила „Златна“ награда за приходите од над 36 милиони евра во Европската унија во текот на претходната година.[33] VUD го зголемила овој статус на „Платински“, што укажува на 200,000 продажби, до крајот на август 1999 година.[34] Според продуцентот на серијалот Tekken, Катсухиро Харада, Tekken 3 продала 8,36 милиони копии за време на првичното објавување на оригиналниот PlayStation.[35]

Наводи

уреди
  1. „SCREEN SHOTS“. The Washington Post. 1 May 1998. Архивирано од изворникот на 5 November 2012. Посетено на 16 May 2011.
  2. „TEKKEN'S A KNOCKOUT; 5 games to be won“. The Mirror. 12 September 1998. Посетено на 16 May 2011.
  3. 3,0 3,1 „Tekken 3: Namco's Flagship Fighter Gets New Moves, New Fighters, and a Facelift“. Electronic Gaming Monthly. Бр. 91. Ziff Davis. February 1997. стр. 78–82.
  4. „NG Alphas: Tekken 3“. Next Generation. Бр. 28. Imagine Media. April 1997. стр. 73–74.
  5. „Hot at the Arcades: Tekken 3“. GamePro. Бр. 104. IDG. May 1997. стр. 64.
  6. Semrad, Ed (November 1997). „OP: Ed“. Electronic Gaming Monthly. Бр. 100. Ziff Davis. стр. 238.
  7. IGN Staff (30 April 1997). „Will Tekken 3 Ever Arrive?“. IGN. Посетено на 8 September 2020.
  8. „Topics: Wiretap - Tekken 3 for Nintendo 64“. Ultra Game Players. Бр. 99. Imagine Media. July 1997. стр. 20.
  9. Makuch, Eddie (2018-09-20). „PlayStation Classic Mini Features 20 PS1 Games, Pre-Orders Are Live“. GameSpot (англиски). Посетено на 2019-04-20.
  10. „Game Machine's Best Hit Games 25 - TVゲーム機ーソフトウェア (Video Game Software)“. Game Machine (јапонски). Бр. 539. Amusement Press, Inc. 15 April 1997. стр. 21.
  11. „All Legacy Platform Video Game Releases“. Metacritic. Посетено на 19 March 2016.
  12. „Finals“. Next Generation. Бр. 31. Imagine Media. July 1997. стр. 174.
  13. Johnny Ballgame (June 1997). „Arcade Review: Tekken 3“. GamePro. Бр. 105. IDG. стр. 30.
  14. „Finals“. Next Generation. Бр. 42. Imagine Media. June 1998. стр. 138, 140.
  15. "Tekken 6: A History of Violence", PlayStation: The Official Magazine (January 2009): 46.
  16. „Game Informer – top 200 games of all-time“. gonintendo.com. 22 November 2009. Посетено на 22 July 2014.
  17. Rubin, Peter (19 April 2011). „Fatality Day: Relive The 50 Best Fighting Games Of All Time“. Complex.com. Посетено на 10 November 2020.
  18. „9. Tekken 3 – The 30 Best Arcade Video Games of the 1990s“. Complex. Архивирано од изворникот на 2014-03-18. Посетено на 28 August 2013.
  19. „25 Best PlayStation 1 Video Games“. Complex. 3 February 2015. Посетено на 8 April 2015.
  20. "The 10 Best Arcade Games of All Time", Electronic Gaming Monthly, issue 100 (November 1997), page 130.
  21. GI Top Ten List, Game Informer, 1999.
  22. Computer and Video Games, issue 218, January 2000, pages 53-67.
  23. „Fall 2005: 10-Year Anniversary Contest—The 10 Best Games Ever“. GameFAQs. Посетено на 16 July 2008.
  24. Edge's Top 100 Games of All Time, Edge, 2007
  25. „25 Best Playstation Games No. 15 – #6“. ArcadeSushi. 11 January 2013. Посетено на 6 October 2016.
  26. „25 Best Fighting Games“. Arcade Sushi. 13 May 2013. Посетено на 28 September 2015.
  27. „The 100 best games ever“. GamesRadar. 25 February 2015. Посетено на 1 January 2016.
  28. Johnston, Chris (18 May 1998). „Sony Awards Top PlayStation Games“. GameSpot. Архивирано од изворникот на 8 March 2000.
  29. Ohbuchi, Yutaka (20 August 1998). „First Half '98 Top Ten Japanese Games“. GameSpot. Архивирано од изворникот на 2 March 2000.
  30. „High Scores: Top Titles in the Game Industry“. Feed Magazine. 22 April 1999. Архивирано од изворникот на 8 May 1999.
  31. "Neues aus der Verbandsgeschäftstelle". Соопштение за печат. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2000-06-10. Посетено на 2021-08-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  32. Horn, Andre (14 January 2004). „VUD-Gold-Awards 2003“. GamePro Germany. Архивирано од изворникот на 18 July 2018.
  33. Staff (12 February 1999). „Milia News; ECCSELL Awards Name Winners“. GameSpot. Архивирано од изворникот 1999-08-30. Посетено на 2021-08-10.
  34. "VUD - Sales-Awards August '99". Соопштение за печат. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2000-06-23. Посетено на 2021-08-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  35. Harada, Katsuhiro [@Harada_TEKKEN] (18 February 2014). „「3」からの人は多いですね。家庭用「3」は全世界で836万本(日本では140万本)なので最大 RT @bassyoi 俺が初めてやったのは鉄拳3だったなぁ RT RT History of - Tekken (1994-2014): youtu.be/Lvy8tbTBDjg“ (Tweet). Посетено на 19 October 2019 – преку Twitter.

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди