Suze biserne“ (македонски: „Бисерни солзи“) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин земена од нивниот тринаесетти студиски албум Nebo boje moje ljubavi (1996). Песната ја напишала хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а ја компонирал хрватскиот продуцент и композитор Тончи Хуљиќ додека продукцијата била финализирана од страна на Стипица Калоѓера. Била издадена како првиот сингл од албумот на бендот во 1996. Ја обележала првата соработка на бендот со пејачката Јелена Розга како главен вокалист.

„Suze biserne“
сингл од Магазин
од албумот Nebo boje moje ljubavi
Пуштена1996
Снимена1996
Жанр
Должина3:33
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Aha"
(1996)
"Suze biserne"
(1996)
"Minut' srca tvog"
(1997)
Музичко видео
"Сузе бисерне" (Официјално музичко видео) на YouTube

Придружно музичко видео за песната било издадено во 1996 коешто ја прикажало Розга како го пее текстот на песната на лулашка, коешто е исто така помешано со сцени од бендот како ја свири песната. Бендот ја вклучил песната на сет листата на нивните настапи во живо и кога се одделила како соло артист, Розга исто така ја изведувала во живо на нејзините концерти и турнеи, последната од кои била Турнејата „Minut Srca Mog“. Неколку хрватски артисти ја преработиле песната, вклучувајќи ги и Хана Хуљиќ и Ванда Винтер за музичкиот албум на ТВ серијата Stella во 2013 и Матија Цвек за акустичен настап во живо во 2021. Оркестрална преработка од песната на хрватски и англиски, насловен „Suze Biserne“ бил преработен од страна на бендот Tonči Huljić & Madre Badessa Band за нивниот трет студиски албум Inamorana (2021) издаден преку Кроација рекордс.

Заднина

уреди

Во 1996, Данијела Мартиновиќ која била главниот вокалист на бендот Магазин се одлучила да ја напушти групата, за да ја започне својата соло кариера, откако настапула со бендот четири години. Нејзината позиција како главен вокалист во бендот била наследена од страна на Јелена Розга која дебитирала настапувајќи со песната „Aha“ на Дора од 1996, хрватскиот натпревар за Евровизија таа година, каде што завршила втора.[1] Само четири месеци после настапот, песната „Suze Biserne“ од Магазин била издадена кога Розга била новиот водечки пејач на бендот.[2] „Suze Biserne“ била напишана од дуото Вјекослава Хуљиќ и Тончи Хуљиќ додека аранжманот бил финализиран од Стипица Калоѓера. Била вклучена на тринаесеттиот студиски аблум на бендот, Nebo Boje Moje Ljubavi (1996).

„Suze Biserne“ била испратена како песната на бендот на фестивалот Melodije Hrvatskog Jadrana од 1996, којшто претставувал дебитантниот настап на Розга. Истата година, песната ја добила наградата за најнастапувана песна на фестивалот.[3][4] По издавањето, песната била пресретната со помешани реакции од страна на публиката.[5] Покрај тоа, низ годините, песната се стекнала со популарност и за време на интервју со шоуто Profil со црногорскиот ТВ канал Радио и Телевизија на Црна Гора, Розга ја нарекла една од нејзините „мегахитови“ коишто ги снимила со бендот.[6]

Музичко видео

уреди

Музичкото видео за песната било снимено и издадено во 1996. Ја претставува главната пејачка Јелена Розга како го пее и игра на текстот на песната пред куќа и како се лула на лулашка.[7] За неколку сцени, облечена е во црно здолниште и зелена кошула додека на други сцени е претставена во портокалово фустанче. Снимки од останатите четири члена на бендот се исто така прикажани во видеото. Во интервју во 2011, Розга открила дека поминала шест до седум часа како се лула во музичкото видео. Во него, таа се појавува со кадрава коса, којашто се разликува од нејзиниот претходен изглед.[2]

Настапи во живо и преработки

уреди

„Suze biserne“ била вклучена на сет листата на Магазиновите концерти во живо за времето кога Розга била главна пејачка во бендот, вклучувајќи го и тој во декември 2004 во Сава Центарот во Белград, Србија.[8] Настапот на песната бил вклучен на бендовиот албум во живо Magazin Live снимен за време на концерт во Скендерија, Босна и Херцеговина во 2000.[9] Откако се утврдила себеси како соло артист, Розга продолжила да ја додава „Suze Biserne“ на нејзините сет листи, концерти во живо и свирки.[10] На 19 април 2020, за време на вториот во серијата од седум концерти коишто ги одржала дома за време на Пандемијата на КОВИД-19, Розга извела акустична верзија на „Suze biserne“ придружена од Милан Терзе на гитара. Видеото било првично прикажано на Instagram Live и потоа на Јутјуб.[11] Ја извела песната и на 25 декември 2020, на Божиќ, за време на онлајн концерт, овојпат придружена и од Карло Дотур на гитара.[12] Во 2022 и 2023, песната била вклучена на сет листата на регионалната концертна Турнеја „Minut Srca Mog“.[13]

Во 2013, Хана Хуљиќ снимила преработка на „Suze Biserne“ заедно со музичарката Ванда Винтер. Оваа верзија била вклучена на ТВ серијата Stella која била прикажана на Нова ТВ.[14] Нејзината верзија на песната била добро прифатена од страна на публиката и Розга, којашто коментирала дека е „интересно да видиш како некој внесува нов живот во твоите песни, што само докажува дека добра песна е секогаш добра, без разлика на аранжманот во којшто е отсвирена“.[15][16][17] На 11 март 2021, за време на настап во живо на емисијата на narodni radio насловена „living room acoustic“ („акустично во дневната соба“), хрватскиот поп пејач Матија Цвек испеал акустична преработка на „Suze biserne“.[18] Тој подоцна исто така ја вклучил песната во неговите настапи во живо.[5] Неговата верзија на песната била претставена како „нешто сосема поразлично“ и била добро прифатена од слушателите.[19] „Suze biserne“ исто така била изведена од Дарија Кинзер, австриска пејачка со хрватско потекло, која кога имала 11 години ја извела на талент шоу во Австрија и победила на натпреварувањето.[20] Во почетокот на 2023, видео на музичарот Џејмс Најт којшто ја препеал песната на англиски станало вирално.[21]

Преработка од 2021

уреди

На 16 април 2021, како прослава на поминати 25 години во музичката индустрија и објавувањето на нејзината прва песна со Магазин, „Suze Biserne“, Розга соработувала на нејзината инструментална преработка со фолк бендот Tonči Huljić & Madre Badessa band [hr] за нивниот трет студиски албум Inamorana (2021) издаден преку Croatia Records.[22] Покрај верзијата на хрватски, песната исто така била преведена на англиски под насловот „Tears of Pearl“ и овозможена за издавање на маркетот надвор од Хрватска.[23]

За време на интервју во април 2021, Хуљиќ изјавил дека концепт видео за преработката постои.[24] Тој бил задолжен за сценариото коешто било режирано од Војан Коцеиќ. Видеото било снимено во старите делови во Сплит и во него глумат млада актерка и радио презентерката Петра Капор.[23] На 2 декември 2022, Хуљиќ издал видео од сценски настап на песната заедно со оркестар коешто го носело англискиот наслов „Tears of Pearl“. Музичарката Хана Хуљиќ била задолжена за неговата оркестрација.[25] Видеото не било издадено сè до 2024.

Наводи

уреди
  1. 'Uvijek sam se tukla s muškima!' [Секогаш се тепав со машките]. Dnevnik.hr. 6 април 2012. Посетено на 3 април 2024.
  2. 2,0 2,1 (in hr) Jelena Rozga - Vremeplov u In Magazinu '11. Официјалната веб страница на Јелена Розга. 6 април 2011. https://www.youtube.com/watch?v=_fqmI1Hztsg&ab_channel=JelenaRozga. 
  3. „Melodije Hrvatskog Jadrana - 1996 - Suze biserne“ (хрватски). Скалинада. Посетено на 7 декември 2022.
  4. „Tonči Huljić raznježio fanove fotkama svih pjevačica Magazina, sjećate li ih se?“ [Тончи Хуљиќ ги разнежни фановите со слики од сите пејачки на Магазин, дали се сеќавате?] (хрватски). Index. 26 јуни 2020. Посетено на 3 април 2024.
  5. 5,0 5,1 Балде, Горан (23 август 2022). 'Samo sam rekla, Ja Bih Njega': Rozga napokon otkrila što povezuje nju i glazbenika s kojim je spajaju“ [„Само реков, јас би го одбрала него“: Розга конечно откри што ја поврзува неа и музичарот со кого ја спојуваат] (хрватски). Story.hr. Посетено на 3 април 2024.
  6. (in hr) Jelena Rozga u emisiji "Profil" (Prvi Dio - TV Crna Gora '10). Официјален канал на Јелена Розга. 11 октомври 2010. https://www.youtube.com/watch?v=60mQ4w3fGYk&ab_channel=JelenaRozga. 
  7. П., М. (30 септември 2021). „Huljić je u eteru otkrio pod kojim bi uvjetima skladao za Eurosong: Ako netko osjeti da mu je više dosadilo da se kao država sramotimo...; Evo koje je pjevačice izabrao, a koje izravno odbacio“ [Хуљиќ открива во етерот под кои услови би компонирал за Евросонг: Ако некој почувствува дека му се здосадило од тоа да се срамотиме како држава...; Еве кои пејачки ги избра, а кои директно ги отфрли]. Слободна Далмација (хрватски). Посетено на 7 декември 2022.
  8. С., О. (3 декември 2004). „Popularna hrvatska pop grupa preksinoć napunila Centar "Sava" - I Kinezi došli da čuju "Magazin" [Популарната хрватска поп група завчера го наполни Центарот Сава - И Кинези дојдоа да го чујат „Магазин“]. Glas javnosti (српски). Архивирано од изворникот на 2022-12-07. Посетено на 3 април 2024.
  9. Magazin - Suze biserne (Live) - (Audio 2001) HD. Официјален канал на Магазин. 1 ноември 2017. https://www.youtube.com/watch?v=St2xoZT1a_Q&ab_channel=GrupaMagazin. 
  10. Jelena Rozga - Suze biserne - snimak iz fan zone (BG Arena 17.10.2009). Официјален канал на Јелена Розга. 21 октомври 2009. https://www.youtube.com/watch?v=DlS9_GQGBto&ab_channel=JelenaRozga. 
  11. Jelena Rozga - Live IG mini koncert - 19/04/2020. Официјален канал на Јелена Розга. 19 април 2020. https://www.youtube.com/watch?v=d615pJsGAHI&t=157s&ab_channel=JelenaRozga. 
  12. Jelena Rozga - Božić kod Jelene - IG live. Jelena Rozga. 25 декември 2020. https://www.youtube.com/watch?v=HOSzPjj58QU&ab_channel=JelenaRozga. 
  13. Лулиќ, Ивана (18 декември 2022). „Jelena Rozga u Areni Zagreb: Show na razini izvođačica svjetskog kalibra“ [Јелена Розга во Арена Загреб: Шоу на Степен на Изведувач од Светски Калибар] (хрватски). Glazba.hr. Посетено на 3 април 2024.
  14. Hana & Vanda Winter - Suze biserne (Soundtrack "Stella" 2013). Хана Ху. 27 април 2020. https://www.youtube.com/watch?v=ra838-74YPI&ab_channel=HanaWho. 
  15. Самаржија, Лана (8 октомври 2015). „Pobliže upoznajte - Hanu Huljić!“ [Запознајте ја Хана Хуљиќ од поблиску!]. Dnevnik (хрватски). Посетено на 3 април 2024.
  16. П., Ш. (8 септември 2021). „Životna Priča Hane Huljić: Talentirana Splićanka je puno više od 'Grašine cure', evo što kaže o slavnom prezimenu!“ [Животна приказна на Хана Хуљиќ: Талентираната Сплиќанка е многу повеќе од ‚девојка на Грашо‘, еве што кажува за славното презиме!]. Dnevno (хрватски). Посетено на 3 април 2024.
  17. „Jelena Rozga iskreno progovorila o odnosu s Huljićima“ [Јелена Розга искрено проговори за односот со Хуљиќи] (хрватски). Antena Zadar. 19 ноември 2013. Посетено на 3 април 2024.
  18. (in hr) Matija Cvek - Suze biserne [narodni Living room acoustic]. bravo!. 11 March 2021. https://www.youtube.com/watch?v=qMIZa_6BSmE&ab_channel=bravo%21. 
  19. „Nešto sasvim drugačije: Matija Cvek obradio Magazinove 'Suze biserne' [Something Completely Different: Matija Cvek Covered Magazin's 'Suze biserne'] (хрватски). Hrvatski Radijski Forum. 12 March 2021. Архивирано од изворникот на 2023-10-03. Посетено на 2 December 2022.
  20. „U talent showu u Austriji pobijedila s hitom grupe Magazin“ [Во талент шоу во Австрија победи со хитот на групата Магазин]. Вечерњи лист (хрватски). 13 февруари 2011. Посетено на 3 април 2024.
  21. „James Night: Iz šale sam preveo Suze biserne na engleski i dobio brojne pratitelje“ [Џејмс Најт: Од чиста шега ја преведов Suze biserne на англиски и добив бројни пријатели]. Index.hr. 18 јануарѕ 2023. Посетено на 3 април 2024. Iz šale preveo Suze biserne, pa postao hit Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  22. „Tonči Huljić i Petar Grašo Zajedno u Novoj Pjesmi 'Inamorana' [Тончи Хуљиќ и Петар Грашо Заедно во Новата Песна 'Inamorana']. Journal (хрватски). 13 април 2021. Посетено на 3 април 2024.
  23. 23,0 23,1 Турбин-Подгоршчак, Исидора (14 април 2021). „Tonči i Petar nakon deset godina ukrstili glasove: "Saradnja je duboko prijateljska" [Тончи и Петар после десет години ги вкрстуваат гласовите: „Соработката е длабоко пријателска“]. Telegraf.rs (хрватски). Посетено на 3 април 2024.
  24. (in sr) Velika ispovest Tončija Huljića za Telegraf: Sve o zetu, ćerki, Željku Joksimoviću i Konstrakti. Telegraf.rs. 21 мај 2022. https://www.youtube.com/watch?v=_o2RMcC-nzI&ab_channel=Telegraf.rsTV. Retrieved 7 август 2022. 
  25. Tears of Pearl (Suze biserne) - Tonci Huljic & Orchestra (Stage Performance 2022). Tonči Huljić & Madre Badessa. 2 декември 2022. https://www.youtube.com/watch?v=qeoYBzC3hWc&ab_channel=TonciHuljic%26MadreBadessa. Retrieved 3 април 2024. 

Надворешни врски

уреди