Дива свиња

(Пренасочено од Sus scrofa)
Дива свињa
Период: Ран Плеистоцен – Скорешен
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Suidae
Род: Sus
Вид: S. scrofa

Дивата свиња или вепар (Sus scrofa) — вид на свиња, што живее во двете Америки, Евроазија, Северна Африка, и на Големите Сундски Острови.

Кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи). Се смета за инвазивен вид, и најверојатно потекнува од југоисточна Азија од времето на раниот плеистоцен, и се проширила низ Стариот Свет.[1]

Дивата свиња е близок роднина на домашната свиња, живее во чопори главно околу влажните шуми. Тоа е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. За таа бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни непријатели. Трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач.

Изглед

уреди

Возрасните примероци можат да бидат високи од 90-100 см, а долги од 120-160 см. Тежината им варира во зависност од годишното време и климата во која живеат. Додека во некои подрачја тежината им се движи помеѓу 75 и 115 кг кај мажјаците (нерезите), а кај женките (маториците) околу 75 кг, во повлажните и поладни подрачја мажјаците (нерезите) се тешки и 175 кг па и преку 200 кг, а женките (маториците) и до 150 кг.

Дивата свиња има издолжено сплескана конусовидна глава која завршува со чурило (рило). Предниот дел од телото и е повисок од задниот, грбот и е остар, а телото и градите и се тесни. Ваквата конструкција на телото и овозможува да се провлече и низ најгустиот честак, што заедно со големата брзина ја прави тешко уловлив дивеч. Има малечки очи кои ѝ се длабоко всадени и покриени со густи и долги трепки.

Кај мажјаците, забите - очници се силно развиени и им служат за самоодбрана, а воедно се и најценет трофеј за ловците. Очниците во горната вилица се нарекуваат - брусачи, а во долната - секачи. Овие заби можат да израснат во должина над 25 см. Забите очници се така поставени во вилицата така што долните секачи секогаш се преклопуваат со горните брусачи и на тој начин се оштрат. Правата трофејна вредност очниците кај вепровите ја достигнуваат дури во петтата година.

Дивата свиња има кафејава боја на крзното, така што лесно се вклопува со околината. Кога ќе се опрасат дивите свињи, младите имаат карактеристични надолжни пруги (линии) кои им остануваат до крајот на месецот.

Однесување

уреди

Дивата свиња живее во крда составени од женки (маторици) и младенчиња (прасиња). Вака здружени дивите свињи солидарно и жестоко се бранат, поради што волците сосема ретко можат да им нанесат штета. За разлика од нив нерезите живеат осамено и се приклучуваат кон крдата само во периодот на парењето.

Исхрана

уреди

Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а исто така се и добри пливачи. Главно се задржуваат по рабовите на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.

Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешеви.

Распространетост

уреди

Средна Европа, Средоземниот регион и Азија.

Дивата свиња како тема во ументоста

уреди
  • „Дивиот вепар и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи

уреди
  1. Kurtén, Björn (1968). Pleistocene mammals of Europe. Weidenfeld and Nicolson. pp. 153–155
  2. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 34.

Надворешни врски

уреди