Sudnji dan“ („Суден ден“) е песна од хрватската поп пејачка Дорис Драговиќ во која настапува хрватскиот поп бенд Магазин. Напишана е од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од Тончи Хуљиќ. Издадена е како сингл преку Кроација рекордс во 1999 година. Песната била премиерно изведена на фестивалот Мелодике хрватског Јадрана 1999 и постигнала успех во Хрватска и поширокиот југословенски регион. Со цел да ја промовораат песната, Драговиќ како и Магазин, а и неговата главна пејачка Јелена Розга ја промовирале песната преку бројни настапи во живо, како на концерти така и на телевизиски настапи.

„Sudnji dan“
сингл од Дорис Драговиќ со Магазин
од албумот Krajem vijeka
Пуштена1999 (1999)
Снимена1999
Жанр
  • Поп
Должина4:28
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)


{{{Овој албум}}}