Santana (група)

американска рок-група
(Пренасочено од Santana (band))

Сантана ― американска рок-група основана во Сан Франциско во 1966 година од гитаристот со мексиканско потекло Карлос Сантана. Групата неколкупати го менувала составот, а Карлос Сантана бил единствен постојан член. Откако потпишале договор со Columbia Records, настапот на групата на фестивалот Вудсток во 1969 година ја зголемило нејзината популарност. На почетокот од 1970-тите ги издале успешните и критички пофалените албуми: Santana (1969), Abraxas (1970) и Santana III (1971). Овие албуми биле снимени од „класичната“ постава на групата, во состав: Грег Роли, Мајкл Карабело, Мајкл Шрајв, Дејвид Браун и Хозе „Чепито“ Арес. Нивни најпопуларни песни од овој период биле: „Evil Ways“, „Black Magic Woman“, „Oye Como Va“ и инструменталната „Samba Pa Ti“.

Santana
Класичниот“ состав во 1971 година. Од лево кон десно: Нил Шон, Грег Роли, Мајкл Шрајв, Мајкл Карабело, Дејвид Браун, Карлос Сантана, Хозе „Чепито“ Арес.
Животописни податоци
Познат(а) и какоSantana Blues Band (1966–1967)
ПотеклоСан Франциско, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност1966–денес
Издавачи
Мреж. местоsantana.com

По промената на составот и на музичката насока во 1972 година, групата експериментирала со примеси од џез-фузија на албумите: Caravanserai (1972), Welcome (1973), and Borboletta (1974). Групата повторно се нашла на врвот на популарноста со нивниот осумнаесет албум Supernatural (1999). Албумот содржи два сингла кои се искачиле на прво место на Billboard Hot 100 топ-листата: „Smooth" (со Роб Томас) и „Maria Maria" (со The Product G&B). Албумот бил врвот на топ-листите во единаесет земји и бил продаден во 12 милиони примероци во САД.  Во 2014 година, "класичниот" состав на групата повторно се обединил за албумот Santana IV (2016), а групата продолжила со настапи и снимање песни.

Сантана е меѓу групите со најмногу продадени албуми на сите времиња; во САД продале преку 47 милиони албуми, а се проценува дека продале преку 100 милиони албуми во светски рамки.[10] [11] Групата објавила 25 студиски албуми. Во 1998 година, групата Santana во состав: Роли, Карабело, Шрив, Браун и Аријас била примена во Куќата на славата на рокенролот.[12] Во 2000 година, групата во една вечер освоила осум Греми награди, со што го изедначиле рекордот од Мајкл Џексон. Истата година освоиле три Латино Греми награди.[13]

Дискографија

уреди
  • Santana (1969)
  • Abraxas (1970)
  • Santana III (1971)
  • Caravanserai (1972)
  • Welcome (1973)
  • Borboletta (1974)
  • Amigos (1976)
  • Festivál (1977)
  • Moonflower (1977)
  • Inner Secrets (1978)
  • Marathon (1979)
  • Zebop! (1981)
  • Shangó (1982)
  • Beyond Appearances (1985)
  • Freedom (1987)
  • Spirits Dancing in the Flesh (1990)
  • Milagro (1992)
  • Supernatural (1999)
  • Shaman (2002)
  • All That I Am (2005)
  • Guitar Heaven (2010)
  • Shape Shifter (2012)
  • Corazón (2014)
  • Santana IV (2016)
  • Africa Speaks (2019)
  • Blessings and Miracles (2021)

Наводи

уреди
  1. „Pop/Rock » Rock & Roll/Roots » Latin Rock“. AllMusic. All Media Network. Посетено на October 28, 2016.
  2. Mojo (2007). Irvin, Jim (уред.). The Mojo Collection: The Ultimate Music Companion (4th. изд.). Canongate Books. стр. 213. ISBN 978-1-84195-973-3.
  3. Strong, Martin Charles; Griffin, Brendon (2008). Lights, camera, sound tracks. Canongate. стр. 525. ISBN 978-1-84767-003-8.
  4. Fletcher, Amy L. (2012). „Acid Rock“. Во Debolt, Abbe A.; Baugess, James S. (уред.). The Guide to United States Popular Culture. 1: A–M. Popular Press. стр. 7–8. ISBN 978-0-313-32944-9.
  5. Pacini Hernández, Deborah (Spring 2000). „A Tale of Two Cities: A Comparative Analysis of Los Angeles Chicano and Nuyorican Engagement with Rock and Roll“. Centro Journal. 11 (2): 79.
  6. Freeman, Phil (March 7, 2018). „Remembering When Santana Made Amazing Jazz-Rock“. Vinyl Me Please (англиски). Посетено на January 21, 2020.
  7. 'NOW That's What I Call Yacht Rock 2' compilation cruising your way in May - Music News - ABC News Radio“. Архивирано од изворникот на 26 November 2022. Посетено на 8 June 2021.
  8. Yacht Rock!|Brainnerd Dispatch
  9. Yacht Rock! Armadillos Bring Blue-Eyed Soul to Brainerd – CLC News
  10. „Gold & Platinum – Top Tallies – Top Artists (Albums)“. Recording Industry Association of America. Посетено на May 18, 2019.
  11. Szaroleta, Tom (October 19, 2017). „Echoes of Woodstock: Santana one of the few big names still on the road“. The Florida Times-Union. Посетено на October 19, 2017.
  12. "Santana".
  13. „Adele To Michael Jackson: Who's Won The Most GRAMMYs In A Night?“. The Recording Academy. 15 May 2017. Посетено на February 8, 2019.

Надворешни врски

уреди