SRC хомологен 3 домен (или скратено SH3 домен) е мал белковински (белковински) домен од околу 60 аминокиселински остатоци. Првично, SH3 бил опишан како сочувана низа во вирусниот адапторна белковина (анг. Signal transducing adaptor protein, STAP) v-Crk. Овој домен е исто така присутен во фосфолипазата и неколку цитоплазматски тирозински кинази, како што се Abl (Abelson murine leukemia viral oncogene homolog 1) и Src (Tyrosine-protein kinase CSK).[1][2] Исто така е идентификуван во неколку други белковински фамилии, како што се: PI3 киназа, Ras натсемејство GTPаза активирачка белковина, CDC24 и cdc25.[3][4][5] SH3 домените се наоѓаат во белковините на сигналните патишта кои го регулираат цитоскелетот, Ras белковината, Src киназата и многу други. SH3 белковините стапуваат во интеракција со адапторните белковини и тирозинските кинази. SH3 белковините обично се врзуваат далеку од активното место кога стапуваат во интеракција со тирозинските кинази. Во човечкиот геном има околу 300 SH3 домени. SH3 доменот е одговорен за контрола на замодејствата белковина-белковина во сигналните патишта[6] и регулација на интеракциите на белковините кои се вклучени во цитоплазматската сигнализација.[7]

SH3 домен
Лента дијаграм на SH3 домен, алфа спектрин, од кокошка (PDB код 1SHG), обоен од сино (N-терминал) до црвено (C-терминал).
Назнаки
СимболSH3_1
PfamPF00018
Pfam-кланCL0010
InterProIPR001452
SMARTSM00326
PROSITEPS50002
SCOP1shf
SUPERFAMILY1shf
CDDcd00174

Структура

уреди

SH3 доменот има карактеристичен склоп на бета цилиндар (анг. beta barrel), кој се состои од пет или шест β-нишки распоредени во две збиени антипаралелни β плочи. Линкер регионите може да содржат кратки завојници. Склопот на SH3 доменот е древен склоп, бидејќи се наоѓа и кај еукариотите и кај прокариотите.[8]

Белковини со SH3 домен

уреди
  • Адапторни белковини за пренесување на сигнали
  • CDC24
  • Cdc25
  • PI3 киназа
  • Фосфолипаза
  • Ras GTPаза активирачка белковина
  • Vav прото-онкоген
  • GRB2
  • p54 S6 киназа 2 (S6K2)
  • SH3D21
  • C10orf76 (веројатно)
  • STAC3
  • Некои миозини
  • SHANK1,2,3
  • ARHGAP12
  • C8orf46
  • TANGO1
  • Интеграза
  • Фокална адхезиона киназа (FAK, PTK2)
  • Тирозинска киназа богата со пролин (Pyk2, CADTK, PTK2beta)
  • TRIP10 (cip4)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „SH2 and SH3 domains“. Current Biology. 3 (7): 434–42. July 1993. doi:10.1016/0960-9822(93)90350-W. PMID 15335710.
  2. „SH3 domains: complexity in moderation“. Journal of Cell Science. 114 (Pt 7): 1253–63. April 2001. PMID 11256992.
  3. „SH3--an abundant protein domain in search of a function“. FEBS Letters. 307 (1): 55–61. July 1992. doi:10.1016/0014-5793(92)80901-R. PMID 1639195.
  4. „Signalling through SH2 and SH3 domains“. Trends in Cell Biology. 3 (1): 8–13. January 1993. doi:10.1016/0962-8924(93)90194-6. PMID 14731533.
  5. „Protein modules and signalling networks“. Nature. 373 (6515): 573–80. February 1995. doi:10.1038/373573a0. PMID 7531822.
  6. „SH2/SH3 signaling proteins“. Current Opinion in Genetics & Development. 4 (1): 25–30. February 1994. doi:10.1016/0959-437X(94)90087-6. PMID 8193536.
  7. „SH2 and SH3 domains: elements that control interactions of cytoplasmic signaling proteins“. Science. 252 (5006): 668–74. May 1991. PMID 1708916.
  8. „SH3 domains in prokaryotes“. Trends in Biochemical Sciences. 24 (4): 132–3. April 1999. doi:10.1016/s0968-0004(99)01366-3. PMID 10322416.

Надворешни врски

уреди