Вртеж во минута
(Пренасочено од Rps)
Вртеж во минута (врт/мин) или обрт во минута, меѓународно: rpm (од анг. revolutions per minute) — единица мерка за честота која се користи за изразување на вртежна брзина, особено во случаи на вртење околу оска. Ова го претставува бројот на целосни вртежи направени од нешто за време од една минута. SI-единицата врт/мин за вртежна брзина е радијан во секунда (rad·s−1).
За добивање на бројот на вртежи во секунда (врт/сек) бројот на вртежи во минута едноставно се дели со 60.
Примери
уреди- Секундната сказалка на часовник — 1 врт/мин
- Грамофонските плочи — 16, 33⅓, 45 или 78 врт/мин.
- Аудио компактен диск — 500 врт/мин кога од него се читаат податоци највнатре, до 180 врт./мин кога читаат податоци крај работ.
- Барабанот кај перална се врти со брзина од 500 до 2000 врт/мин. (кај Горење машината за перење ВА 65205)
- Автомобилски мотор обично се врти со брзина од 700 до 7000 врт/мин (некои можат и до 11,000 врт/мин). Мерниот инструмент во возилото кој ја покажува се нарекува обртомер.
- Клипен авионски мотор — 2000 и 3000 врт/мин.
- Компјутерски тврд диск — 3600, 4200, 5400, или 7200 врт/мин, а некои типови — 10 000 или 15 000 врт/мин.
- Тркачки автомобил — ограничен на близу 20 000 врт/мин во Формула Еден.[1]
- 52× CD-ROM — врти ЦД со 10 350 врт/мин.
- Зипова центрифуга за збогатување ураниум — 90 000 врт/мин и побрзо.[2]
- Гасна турбина — десетици илјади врт/мин. Авионски турбини од типот JetCat достигнуваат 100 000 врт/мин со рекорд од 165 000 врт/мин.[3]
Во физиката:
- 1 врт/мин = 2π rad·min−1 = 2π/60 rad·s−1 = 0.10471976 rad·s−1 претворач
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ФИА за Ф1 моторите“. FIA.com. Архивирано од изворникот на 2007-04-03. Посетено на 2006-12-11. (англиски)
- ↑ „Тенки и елегантни, ја полнат бомбата“. electricityforum.com. Посетено на 2006-09-24. (англиски)
- ↑ „Технички одлики на турбина JetCat P-60“. jetcat.com. Архивирано од изворникот на 2007-04-15. Посетено на 2006-07-19. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Претворач (англиски)