Романтична ориентација

(Пренасочено од Romantic orientation)

Романтична ориентација, наречена и афективна или емотивна ориентација, се однесува на полот или родот на лицето во кое некоја личност ќе се зауби или стапи во врска. Се користи наизменично и рамо до рамо со поимот сексуална ориентација и се заснова на перспективата дека сексуалната привлечност е само една компонента од поголемата динамика.[1] На пример, иако пансексуално лице може да се чувствува сексуално привлечено од луѓе без оглед на полот, тоа може да чувствува романтична привлечност само кон жени.

За асексуалните луѓе, романтичната ориентација честопати се смета за покорисна мерка за привлечност отколку половата определба/сексуалната ориентација.[2][3]

Врската помеѓу сексуалната привлечност и романтичната привлечност е сè уште под дебата и не е целосно разбрана.[4][5] Сексуалните и романтичните привлечности честопати се изучуваат заедно. Покрај тоа што истражувањата за сексуалните и романтични спектри ја расветлуваат оваа недоволно истражена тема, голем дел останува сè уште неистражен.[6]

Романтични идентитети

уреди

Луѓеот честопати се впуштаат во чисто емотивни романтични врски. Се издвојуваат неколку видови на идентитети во однос на емотивната врзаност:[2][3][7][8]

  • Аромантик: целосна отсутност на романтична привлечност.
  • Хетероромантик: романтична привлечност кон лице или лица од спротивниот пол (хетероромантизам).
  • Хоморомантик: романтична привлечност кон лица од истиот пол (хоморомантизам).
  • Биромантик: романтична привлечност кон два или повеќе рода, или личност(и) од истот или спротивниот пол (биромантизам). Понекогаш се користи наизменично со панромантик.
  • Панромантик: романтична привлечност кон личност(и) од кој било пол, односно од сите родови (панромантизам).
  • Демиромантик: романтична привлечност кон кој било од горенаведените, но само откако ќе се формира длабока емотивна врска со лицето (лицата) (демиромантизам).
  • Сиворомантик: доживување романтична привлечност ретко или само под одредени околности.

Наводи

уреди
  1. Crethar, H. C. & Vargas, L. A. (2007). Multicultural intricacies in professional counseling. In J. Gregoire & C. Jungers (Eds.), The counselor’s companion: What every beginning counselor needs to know. Mahwah, NJ: Lawrence Erlbaum. ISBN 0-8058-5684-6. p.61.
  2. 2,0 2,1 Richards, Christina; Barker, Meg (2013). Sexuality and Gender for Mental Health Professionals: A Practical Guide. SAGE. стр. 124–127. ISBN 978-1-4462-9313-3. Посетено на July 3, 2014.
  3. 3,0 3,1 Cerankowski, Karli June; Milks, Megan (2014). Asexualities: Feminist and Queer Perspectives. Routledge. стр. 89–93. ISBN 978-1-134-69253-8. Посетено на July 3, 2014.
  4. Diamond, Lisa M. (2003). „What does sexual orientation orient? A biobehavioral model distinguishing romantic love and sexual desire“. Psychological Review. 110 (1): 173–192. doi:10.1037/0033-295X.110.1.173. ISSN 1939-1471. PMID 12529061.
  5. Houdenhove, Ellen Van; Gijs, Luk; T'Sjoen, Guy; Enzlin, Paul (April 21, 2014). „Asexuality: A Multidimensional Approach“. The Journal of Sex Research. 52 (6): 669–678. doi:10.1080/00224499.2014.898015. ISSN 0022-4499. PMID 24750031.
  6. Hammack, P. L., Frost, D. M., & Hughes, S. D. (2019). Queer Intimacies: A New Paradigm for the Study of Relationship Diversity. Journal of Sex Research, 56(4/5), 556–592. https://doi-org.proxyau.wrlc.org/10.1080/00224499.2018.1531281[мртва врска]
  7. „LGBTQIA Resource Center Glossary | LGBTQIA Resource Center“. lgbtqia.ucdavis.edu. Посетено на 2019-08-04.
  8. „Is Being Panromantic The Same Thing As Being Pansexual?“. Healthline. Посетено на 2019-08-04.

Дополнителна литература

уреди