Асексуалност
Асексуалност означува недостиг на сексуална желба и привлекување. Луѓе, коишто чувствуват постојано недостаток на сексуално привлекување и желба за сексуален контакт се нарекуваат асексуални. Во науката има спорови дали асексуалноста е сексуална дисфункција или вид на сексуална ориентација.
Асексуалното поведение (воздржувањето од сексуални контакти) не е задолжително обврзано со фактичка асексуалност. Кога асексуалното поведение е како резултат од личен избор и погледи, тоа се нарекува целибат. Целибатот е карактеристичен за определени претставници на некои религии (пр. православните монаси, католичките свештеници) и култури.
Често асексуалното поведение е резултат од несакањето на некои луѓе да ја прифатат сопствената хомосексуалност од една страна, и недостигот на интерес кон спротивниот пол, од друга.
Оние коишто ја разгледуваат асексуалноста како сексуално нарушување, посочуваат различни причини за нејзината појава, меѓу кои: преживеано сексуално насилство, сексуална репресија (поради хомосексуалност и др.), хормонални проблеми и др.
Голем дел од асексуалните луѓе не ја прифаќаат дефиницијата "нарушување", тврдејќи дека состојбата не им предизвикува чувства на незадоволство, страдање и несреќа. Често истакнуван аргумент е, дека во минатото слични категоризации биле користени наспроти хомосексуалноста, а денес науката ја разгледува како легитимна сексуалност.
Дефинитивен став за карактерот на асексуалноста не може да биде даден, поради недостигот на квалитетни испитувања во областа.