Ролс-Ројс 10 hp

(Пренасочено од Rolls-Royce 10 H.P.)

Rolls-Royce 10 H.P. — првиот автомобил на Ролс-Ројс кој излегол во 1904 при основањето на претпријатието. Бил изложен на парискиот мотор-салон истата година заедно со моделите со 15, 20 и 30 КС. Моделот 10 КС бил сличен на првиот автомобил изработен од Сер Хенри Ројс кој се продавал под името „Ројс“ (Royce) во 1903. За разлика од тој автомобил, кој имал зарамнет ладилник, Ролс-Ројс-от имал ладилник со триаголен горен дел, кој потоа се јавува на сите останати модели.

Rolls-Royce 10 H.P.
ПроизводителРолс-Ројс
Период1904 - 1906
16 произведени
НаследникРолс-Ројс 20
Мотор1.995 см³
Меѓуос. раст.1.905 мм
Должина3.175 мм
Ширина1.400 мм
ДизајнерСер Хенри Ројс

Моторот бил со водено ладење, два цилиндра со 1995 cm³ со вентили со горен отвор и страничен издув кој се засновал на моторот на првичниот Ројс, но со подобрено коленесто вратило. Моторот давал сила од 12 КС (9 kW) при 1000 врт/мин. Автомобилот развивал максимална брзина од 63 км/ч. Бил мал автомобил со оскино растојание од 1219.2 mm обем на тркало од 1219.2 mm.

Биле предвидени 20 автомобили, но биле направени само 16 бидејќи се сметало дека двоцилиндричниот мотор не е соодветен за марката. Последниот 10 КС бил произведен во 1906.

Ролс-Ројс не бил произведувач на каросеријата. Наместо тоа, автомобилите се продавале во шасии, па купувачот посебно нарачувал каросерија од каросерист, каде Баркер бил препорачан.

Денес зачувани се два примерока: еден со регистрација AX 148, кој е првиот произведен, во Манчестерскиот музеј на наука и индустрија, а другиот, SU 13 е во сопственост на Бентли Моторс.

Наводи

уреди