Requiescat in pace
РИП односно „RIP“ е добро познатиот натпис што го има на голем број од западните (особено американските) надгробни плочи.
Оваа кратенка потекнува од латинскиот израз „requiescat in pace“, што значи „нека почива во мир“. Многумина ја употребуваат англиската верзија „Rest in peace“, но тоа е само превод од оригиналот на латински јазик. Се користи и италијанската верзија „Riposi In Pace“. Имено, „requiescat in pace“ или „Rest in peace“, е католичка молитва којашто се употребува за починатиот да почива мирно (не низ маки), чекајќи го Судниот ден.
Сепак, денес, особено во западните толкувања на христијанството, мртвиот не чека сѐ до Судниот ден, туку неговата судбина (дали ќе оди во Пеколот или во Рајот) му сѐ одредува веднаш по смртта. Како и да е, кратенката „РИП“, односно „RIP“ сѐ уште се користи. Особено честа е во хорор филмовите.
„Requiescat in pace“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |