Планинско лутиче

(Пренасочено од Ranunculus lyallii)
Планинско лутиче
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: R. lyalii
Научен назив
Ranunculus lyallii
Hook.f.

Планинско лутиче, или куковопланинско лутиче (науч. Ranunculus lyallii) — вид на ендемско лутиче (Ranunculus) што расте само во Нов Зеланд. Во рамките на земјата, вирее на Јужниот Остров и Стјуартовиот Остров, на надморска височина од 700 до 1.500 м.[1][2] Најраспространетото англиско име на растението е Mount Cook lily („куковопланински лилјан“), но ова научно сосем неисправно бидејќи растението воопшто не припаѓа на семејството на лилјаните.

Ова билно повеќегодишно растение расте до височина од 60–100 см (како најголем од сите видови лутичиња), со цврст ризом. Листовите му се сјајно темнозелени и округли, со пречник од 15–40 см. Цветовите имаат пречник од 5–8 см, со 10–20 бели ливчиња и голем број жолти прашници. Цвета од доцна пролет до рано лето.[1][2]

Најзастапено е во националниот парк Аораки/Кукова Планина[3] и други алпски предели како Артуровиот Превој.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ranunculus lyallii Архивирано на 2 април 2007 г. - Лутичарско друштво (англиски)
  2. 2,0 2,1 Алпски растенија во Нов Зеланд: Ranunculus lyallii (англиски)
  3. Слики на планински лутичиња - Виртуелен Нов Зеланд (англиски)