Радиоастрон
Радиоастрон (или Спектар-Р, руски: Спектр-Р) — руски вселенски радиотелескоп, изработен со средства од Австровселенскиот центар на РАН, а лансиран во Земјината орбита на 18 јули 2011,[1] со перигеј од 10.000 км и апогеј од 390.000 км.[2][3]
Податотека:Spektrvpolete11.jpg | |
Лансирано на | 18 јули 2011 |
---|---|
Орбитални елементи | |
Апоцентар | 390.000 км |
Перицентар | 10.000 км |
„Радиоастрон“ е дело на повеќе установи: Австровселенскиот центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките, НПО Лавочкин и Роскосмос во соработка со разни руски и меѓународни организации. Работата на проектот траела повеќе од 20 години.
Оваа астрофизичка вселенска опсерваторија е наменета за радио-астрофизичко набљудувања на вонгалактички објекти со ултрависока разделна моќ со радиоинтерферометриски методи, во содејство со земски радиотелескопи во брановодолжински опсег од 1,35 – 6,0; 18,0; 92,0 см, како и истражување на својствата на краЗемјината и меѓупланетарната плазма.[4] Радиоастрон ќе овозможи набљудување на вселената со извондредно високо аголно разложување. Со ова се ветува разоткривање на загатките на длабоката вселена. Радиоастрон е најголемиот телескоп во вселената. Телескопот има облик на цвет, лиишто 27 листови се отвораат во рок од 30 минути.[5]
При лансирање, леталото имало маса од 5.000 кг. За превоз е употребена носечка ракета „Зенит-2SLБ“ со горен степен „Фрегат-2СБ“.[6] Главната научна цел на мисијата е изучување на разни астрономски објекти при аголно разложување од неколку милионити делови од една лачна секунда.
Носечката ракета на опсерваторијата е лансирана од платформата 45 на космодромот Бајконур на 18 јули во 06:31 MSK.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Руски сателит на задача да гледа во црни дупки“. SpaceFlight. 18 јули 2011. Посетено на 18 јули 2011. (англиски)
- ↑ „Опис на проектот „Радиоастрон"“. Посетено на 28 февруари 2008. (англиски)
- ↑ „Опис на проектот „Радиоастрон" - Орбита“. Институт за вселенско истражување на РАН. Посетено на 28 февруари 2008. (англиски)
- ↑ „Радиоастрон“. Роскосмос. Архивирано од изворникот на 2013-08-15. Посетено на 2011-07-19. (руски)
- ↑ „Патувачкиот вселенски телескоп ќе ги собори границите на човековите сознанија“. Russia Today. (англиски)
- ↑ „Конструкција на вселенското летало“. Австровселенски центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“. (англиски)
- ↑ „Руското научно-истражувачко летало „Спектар-Р" е успешно лансирано од Бајконур“. Роскосмос. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 18 јули 2011. (руски)
Надворешни врски
уреди- Домашна страница на „Радиоастрон“ Архивирано на 20 септември 2011 г. (англиски)