Quo vadis
За други употреби види Кво вадис (појаснување)
Quo vadis, Domine? (Каде одиш, Господе?) е прашањето кое според легендата го поставил Свети Петар, при прогонот на христијаните од Рим, во времето на владеење на римскиот цар Нерон (54-68 н.е.), кога го сретнал Исус Христос на Вија Алија (Via Appia), на тоа прашање Исус му одговорил: Venio Romam iterum crucifigi (Одам повторно да бидам распнат). Тој одговор го натерало Свети Петар да се врати во Рим и да продолжи со своето учење, каде подоцна бил мачен и каде починал. На местото каде што се сретнале подоцна е подигната црква Кво вадис.
Денеска ова прашање го поставуваме кога сакаме некому да кажеме дека избрал погрешен пат.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Видете quo vadis во Викиречник, слободниот речник. |
„Quo vadis“ на Ризницата ? |