Pilea peperomioides
Pilea peperomioides and offspring
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Розовидни
Семејство: Коприви
Род: Pilea
Вид: P. peperomioides
Научен назив
Pilea peperomioides
Дилс, 1912

Pilea peperomioides[1]), кинеско растение на парите,[2], ― вид на цветно растение во семејството коприви (Urticaceae), кое потекнува од покраините Јунан и Сечуан во јужна НР Кина.

Историја

уреди

Шкотскиот ботаничар Џорџ Форест бил првиот научник што собрал Pilea peperomioides, во 1906 година и повторно во 1910 година, во планинскиот венец Канг во покраината Јунан.

Во 1945 година, видот бил пронајден од норвешкиот мисионер Агнар Еспегрен во покраината Јунан при бегството од покраината Хунан. Тој понел резници од P. peperomioides назад во Норвешка, попатно од Индија во 1946 година, и оттаму бил распространет низ Скандинавија.

Pilea peperomioides е пример за растение кое се одгледува меѓу аматерските градинари преку резници, без да им биде добро познато на западните ботаничари до крајот на 20 век. Оваа појава довела до тоа растението да го добие прекарот „растение за пријателство“ или „растение кое поминува низ целиот свет“. Многу хортикултуристи и хобисти не биле свесни за неговата вистинска класификација, во семејството коприви (Urticaceae), до 1980-тите. Првата позната објавена слика за ова растение се појавила во списанието Kew magazine во 1984 година.[3] Во почетокот на 2010-тите и 2020-тите, P. peperomioides станало широко достапно комерцијално и повеќе не е непозната појава. Првичните понуди за продажба на големиот пазар на растенија забележале голема побарувачка за растението, при што цените достигнале дури 75 долари за една не вкоренета резница, рекламирано на Instagram, дури во 2019 година[4] Просечната цена за саксија од 7,5 или 10 цм е околу 5-10 долари, со средна цена за малку поголемите растенија што надминува околу 20 американски долари, во септември 2022 година. Достапната цена, заедно со лесното размножување, довело до постепено намалување на цената (а сепак не популарноста) на овој вид.

Опис

уреди

Pilea peperomioides е исправено, зимзелено повеќегодишно растение, со сјајни, темнозелени, кружни листови до 10 центиметри во дијаметар на долги листни дршки.[5] Листовите се кружни, со листната дршка поставена во близина на средината. Растението е целосно без влакна. Расте околу 30 центиметри во височина и широчина во природни услови, понекогаш повеќе во затворен простор. Стеблото е зеленикаво до темно кафеаво, обично неразгрането и исправено, а во основата е задрвенето кога е застарено. Во лоши услови на растење, ги губи листовите во долниот дел на стеблото и добива карактеристичен изглед. Цветовите се незабележителни.[6]

Растението има голема сличност со некои видови Peperomia (оттука и посебниот епитет peperomioides), исто така популарни како култивирани растенија, но во различно семејство, Piperaceae. Исто така, понекогаш е мешано со други растенија со слична градба на листовите, како што се латинче, Umbilicus и Hydrocotyle.

Опсег

уреди

Овој вид се сретнува само во НР Кина: на југозапад од покраината Сечуан и на запад од покраината Јунан. Расте на засенчени, влажни карпи во шумите на надморска височина од 1,500 до 3,000 м. Тој е загрозен во неговото прриродно живеалиште. Сепак, одгледувано е во Кина и во светски рамки како украсно растение.

Одгледување

уреди

Со минимална температура од 10 °C (50 °F), во умерените региони, P. peperomioides е одгледувано како домашно растение. P. peperomioides се размножува од изданоци кои се развиваат на стеблото на родителското растение или од подземни ластари (наречени ризоми).[7] Овие гранки често се давани како среќно растение или растение за пријателство. Бидејќи постојаните температури и високата влажност имаат позитивно влијание врз растот на растенијата, овој растителен вид е погоден за одгледување и во терариуми.

Иако растението е загрозено во своето природно живеалиште, денес е меѓу најпопуларните домашни растенија. Тоа е многу барано бидејќи е тенко, лесно за одгледување и поднесува суви средини. Сепак, тоа не е нова мода и дополнително е популаризирана од трендовите на социјалните медиуми на Instagram, TikTok и други мрежни страници.[8] Растението е лесно достапно во оранжерии за малопродажба, кои пак се снабдуваат од земјоделски претпријатија од индустриски размери.

Овој вид ја има добиено Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.[9][10]

Постојат три различни сорти што се појавиле во последните неколку години „Sugar“, „White Splash“ и „Mojito“.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Интервју на д-р Филип Криб [nl] од страна на Џејн Перон on Episode 17: Seeking Pilea peperomioides - why everyone wants the Chinese money plant (01:40) of On the Ledge podcast. 15 септември 2017. Посетено на 30 мај 2023.
  2. Ѓраѓански научни набљудувања за Pilea peperomioides на iNaturalist  
  3. „A Chinese puzzle solved - Pilea peperomioides. Посетено на 30 мај 2023.
  4. Ellen Airhart (21 март 2019). „The Instagram-famous plant that used to be impossible to find“. Vox. Посетено на 30 мај 2023.
  5. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965.
  6. A. Radcliffe-Smith: Pilea peperomioides . Kew Magazine, vol. 1, 1984, стр. 14-19.
  7. Stanwyck, Mary (2020). The Pilea Peperomioides Handbook: An Illustrated Guide to Caring for Your Chinese Money Plant. London: Pilea Publications. стр. 15–17.
  8. Airhart, Ellen (21 март 2019). „The Instagram-famous plant that used to be impossible to find“. Vox (англиски). Посетено на 30 мај 2023.
  9. „RHS Plant Selector - Pilea peperomioides. Посетено на 30 мај 2023.
  10. „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. јули 2017. стр. 78. Посетено на 30 мај 2023.

Надворешни врски

уреди