Ostani (песна на Јелена Розга)

Ostani“ (македонски: Остани) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е издадена во 2018 година. Песната е напишана и продуцирана од српско-турската естрадна уметничка Емина Јаховиќ. Аранжманот на песната е завршен од Дарко Димитров. Песната е промовирана по пат на музичко видео кое е режирано од Дарио Радусин и издадено преку Јутјуб на 2 октомври 2018 година. Според текстот, во песната се работи за женскиот протагонист којшто повикува маж да остане и да ја помине вечерта со неа и покрај тоа што не се заедно.

Песната и музичкото видео го привлекле вниманието на медиумите поради промената во имиџот и звукот на пејачката.[1] По првите 24 часа од издавањето, песната добива 350,000 прегледи, што е второто најгледано музичко видео на пејачката во првиот ден после „Tsunami“ коешто има 400,000 прегледи во ден.

Наводи

уреди
  1. Рожман, Клара (7 октомври 2018). „Jelena Rozga Potpuno Promijenila Imidzh 'Novu frizuru radili su mi osam sati, a neki ne vjeruju i da mogu toliko podići nogu...' [Јелена Розга Целосно го Промени Имиџот 'Новата фризура ми ја правеа осум часа, а некои не можат ни да поверуваат дека толку можам да ја подигнам ногата...']. Јутарњи лист (хрватски). Посетено на 30 април 2024.