Клинеста коска

(Пренасочено од Os sphenoidale)

Кај човекот, клинестата коска (односно os sphenoidale) е непарна коска во средишниот дел од черепната основа која учествува во ограничување на предната и средната черепна јама. На клинестата коска се разликува тело (corpus), мали крила (ala minor), големи крила (ala major), крилести израстоци (processus pterydoideus). Телото наликува на коцка, неговата горна страна наликува на турско седло (sella turcica), а на средината се наоѓа хипофизна јама каде што лежи хипофизата. Хипофизата е жлезда. Долната страна од телото учествува во градбата на покривот од носната празнина. Предната страна се зглобува со ситестата коска, а задната страна со тилната коска. Во внатрешноста од телото се наоѓа шуплина (sinus sphemiodalis). Малото крило учествува во градбата на предната челна јама. И тоа со долната страна во градбата на покривот од орбитата во корените на малите крила од двете страни се наоѓа оптички канал за премин на оптичкичко нервно ткиво или големото крило тргнува од телото на коската со три корени кои меѓусебе ограничуваат два отвори за премин на горновиличниот нерв. Внатрешната страна учествува во градбата на средната черепна јама. Крилестиот израсток е насочен надолу и учествува во ограничување на носната празнина.

Клинеста коска
Податоци
Назнаки
Латинскиos sphenoidale
TAA02.1.05.001
FMAFMA:52736